Арсенал е веќе составена и уиграна екипа, со серозна клупа.
Според составот со кој излезе Челзи и добро одигра, Лавија и Џејмс немаат 3 утакмици одиграно заедно во средина, друга работа Лавија се виде дека не е спремен за ваков натпревар кондиционо.
Каиседо фалеше, не само за вториот примен гол туку општо самата енергија во средина, поставеноста, влијанието врз другите играчи фалеше.
Фалеа играчи и кај Арсенал но за разлика од Арсенал што има замени Челзи нема квалитетни замени за доста од играчите и тука е разликата.
Доста и позитивни работи имаше на натпреварот, како за почеток не добивме црвен картон

, последните 10 мин Арсенал имаше 3 добри транзиции каде што Челзи беше фатен со играч помалку но сепак играчите покрија, а дефанзивците успешно се вратија и затворија, што не беше случај лани.
Доста добро и организирано браниме прекни, океј Арсенал имаше свои моменти но сепак Арсенал можеби и се топ 1 екипа за корни и прекини.
Рано е да се каже некаков заклучок, по мене овој натпревар дојде пребрзо плус Каиседо и Колвил фалеа, но барем јас како фан сезонава имав некое чуство дека Челзи ќе има поволен резултат, иако загубивме Челзи покажа храброст и енергија.
Како и да е се гледа дека Челзи почна да работи поинаку во доста работи, многу се ангажирани и помошниците во тактики, поставеност, не е работата оне мен шоу.
Лакроа и Роџерс се топ засилувања, но фали уште еден играч во одбрана како Лакроа и средина.
Дали Скот или Вортон или двајцата ќе видиме, има доволно време да се анализира каков профил ни треба.
Чевариа ми делува како да нема кондиција, 5 мин он веќе немаше душа.
За првиот гол мораше да реагира подобро Мартинез, но можеше и Раја.
Но ми се допаѓа што не падна психички и да почне да греши како што правеше Санчез, Мартинез е карактер што после грешка или некоја провокација оди даље како ништо да не било.
Исто не комплицира со додавање по секоја цена како Санчез.
Имаше и добри одбрани воедно и отсечно командање на одбрана и поставување на прекини.