Нешто мислење за поразот на Сабаленка во Синсинати?
... не го гледав мечот и не можам да коментирам, ама според изглед и споредбено, победата на Сара Бејлек над Арина Сабаленка во Синсинати е тениски пример за приказната како Давид како го победи Голијат, каде што суровата сила беше совладана со паметна тактика, трпение и ментална цврстина.
... сега го гледав натпреварот помеѓу Сара Бејлек и американката Медисон Кис, чиј почеток на натпреварот моќно, доминираше Медисон не дозволувајчи на почеток поен да зема Сара и си реков ова е завршена работа уште на почеток, а имаше и висок процент на мислење дека Медисон ќе победи.
... сменив канал и се загледав на емисија за „Спасување на миленици пуштени од сопствениците“ свртев пак на каналот со тенис каде Медисон веќе го освоила првиот сет со 6-3, па пак вртев низ каналите некој филм да изгледам, а пошто немаше некој по мој критериум се вратив назад на тенисот и види чудо, 20-годишната Чехинка борбена и брза како брзи Гонзалес на терен, успеа целосно да го сврти натпреварот во своја корист, просто не ми се веруваше.
... Бејлек успеа да направи брејк за да го израмни резултатот со 6-4, тогаш коментаторот искометира за нејзина победа над Сабаленка што не ми се веруваше мислев погрешно слушнав, мечот беше решен во драматичен тај брејк, каде Бејлек имаше живци ортоми и победи со 7-5, браво за Бејлек ми стана омилена тенисерка иако ниска како шатка со газето, изненадено за прв пат во нејзина кариера ќе игра во полуфинале и богами заслужено!



... така да, на полуфиналето на Синсинати, Сара Бејлек ќе игра против победничката од последниот четвртфинален дуел помеѓу американката Коко Гоф и украинката Марта Костјук, а во второто полуфинале ќе се играат Ига Свјонтек и Џесика Пегула.
... да се потсетиме дека во 2022 година нашата тенисерка Лина Ѓорческа играше во финалето на ИТФ турнирот во град Оломуц (Чешка) , откако во полуфиналето, по голема борба ја победила Дарја Астакхова од Русија, во финалето, Лина изгубила од тинејџерка Сара Бејлек која имала само 16 години и е една од најталентираните тенисерки не само во Чешка, туку и во цела Европа, победувајќи ја Лина со 6-2, 7-6 (7-0), првиот сет поминал во доминација на младата Чехинка, Лина пружила жесток отпор во вториот сет, стигнувајќи до тај брејк, каде Бејлек одиграла супериорно, ете до каде догура денес 20-годишната Сара Бејлек, да игра во полуфинале на Синсинати 2026!
... дали ќе има шанса ди биде победничка на Синсинати 2026?
