Фан клуб - РК Вардар

На Бомаштар што му е? Го гледам често во Аеродром, некаде на Пандил Шишков е сместен, делува вака океј.
 
За Фадуил и Љевар треба да почекаме малку, повеќе пати ги имам гледано и двајцата, се работи за одлични играчи, сигурен сум дека како ќе поминува време ќе бидат подобри.

И лани на почеток игравме послабо, после скоро сите ја кренаа формата, најдобрите партии ги имавме на крајот на сезоната кога беше најпотребно.

Инаку до сега најголемо засилување ни е Воркапиќ, многу ја крена формата, одличен беше и на пријателските натпревари, како нов играч во однос на минатата сезона.

Сега е најбитно што сезоната ја почнавме со трофеј, се надевам така и ќе ја завршиме, само нека се множат во витрините!

Натпреварите во Лига на шампиони треба да ги гледаме како награда за успехот од минатата сезона и да уживаме во атмосферата, секој освоен бод ќе биде само бонус за нас.
 
Нијанса подобри сме од минатата сезона, иако голема загуба ни е заминувањето на Хорига. Љевар делува како класа послаб од него. Останатите нови се надоградба на тие што заминаа со тек на време очекувам и подобри да се. Ќе биде интересна битка за титула во првенство, во ЛШ паркетот ќе го бришат со нас.
 
Митро имаше голема улога во одбрана во тие две секвенци на краевите од полувремињата во кои правевме разлика. Подобар е од арапот во одбрана.
Рано е да се брза со заклучоци, сепак уштс не сме дебитирале пред скопска публика. Сосема други ќе излезат играчите откако ќе заиграат пред добра атмосфера.
Како и да е, дури и да изненадат позитивно, дааааалеку е овој состав од успех во ЛШ. И мене од тоа ми е највеќе страв, дека со порази во ЛШ (кои може да бидат и високи) ќе се заебе атмосферата во клубот, што ќе влијае и врз првенствените утакмици.
Не знам што е со опоравувањето на Мечка, ама со негово враќање ќе сме далеку подобри, барем во одбрана. Вака на ништо не личиме.
Мораше да се земе некој дефанзивец.
 
Само треба да проработи вулканот во Јане и ќе летаат на терен арапот ми личи на некој од тој тип Фадуил исто мислам дека ќе се разиграат чим ќе осетат како се тресе салата.
 
Да се затворат ростерите и ќе може да се анализира, ние играме под најголем притисок оваа година одбрана на титула и добар резултат во Европа.
Јас мислам дека сезонава Охрид ќе се радува на титула шампион на Македонија, ние ќе сме втори или трети,се зависи од расплетот и игрите покажани во Европа.
 
Нека ни е честито Куп! Дај боже Воркапиќ цела сезона вака да гази. А за Фадуил и Љевар не коментирам... Лани на почеток од сезона се пишуваше овде како Малус бил промашај и слабо засилување, па видовме како заврши сето тоа

Прерано е за заклучоци сеуште, иако јас најпрво во Чупиќ се сомневав лани на почеток, годинава имам доверба дека ќе го најде вистинското темпо за тимов
 
Луѓе рано е уште момците само нека играат со срце и се ќе си дое на свое место.Наше е само да идеме у сала и да ги бодриме зошо дечките заслужија максимална поддршка.Верувам дека на таква атмосфера у јане секој може да падне така да наше е само сите да сме у сала.
 
Да се затворат ростерите и ќе може да се анализира, ние играме под најголем притисок оваа година одбрана на титула и добар резултат во Европа.
Јас мислам дека сезонава Охрид ќе се радува на титула шампион на Македонија, ние ќе сме втори или трети,се зависи од расплетот и игрите покажани во Европа.
Ај да се кладиме со мене дека Охрид нема да бидат шампиони. Одбери облог по што сакаш.
 
Вие ќе бидите први. Охрид се послаби од лани изгибија 3- ца стандардни голманот , одбранбениот и јапонецот.
 
Back
На врв Bottom