- Член од
- 4 март 2017
- Мислења
- 2.526
- Поени од реакции
- 8.028
Во голема мера се согласувам и сум пишувал на истава тема, само во едно не можам да се согласам. Гогов не смее да се става во иста листа со Карапале и Ќосе. Гогов има, имал и ќе има далеку поголем придонес кон резултатите на клубот и далеку посериозен пристап кон она што го работи.На пример по играта на терен, според тоа како се однесува кон публиката и соиграчите, според влијанието на целата атмосфера во екипата, според тоа како го доживуваат навивачите...
Мечка полека станува легенда на клубот, додека Гогов после 10 години уште не може да се избори да биде ниту втор голман.
Тоа што играчи како Гогов, Карапалевски, Ќосевски и компанија се задржуваат толку време во клубот без никаков придонес е наша грешка, плус имаат голема среќа што постои правилото за странци во домашно првенство.
Сме дискутирале тука повеќе пати дека во вакви финансиски околности нема никаква потреба да имаме по три играчи на една позиција, тоа е преголем луксуз за наши услови.
И да бидеме искрени, таквите играчи се повеќе товар врз буџетот, отколку што клубот има некаква корист од нив.
Смешно е да ги споредуваме Лазаревски и Гогов.
Околу целава ситуација не знам ништо, но сигурно има некаква причина.
Не е Чупко будала, а и не е некој што ќе трпи било какви глупости, така што не верувам дека е ова направено пошто на некого така му „текнало“.
Столе стана легенда на клубот факт, ама и на Столе му се деси еден „испад“ пред 10 години со Деки, знаете сигурно на што мислам. Веќе наредниот ден тренираше со вториот тим како казна. Никој не е над клубот, па нека истиот биде Столе, Милан, Гогов, Бутин, Чупко итн.
ПОВТОРУВАМ - само ШПЕКУЛИРАМ, не знам што стои зад одлуката.
Апсолутно не! Баш за играчи како Мечка ќе има простор. Пивот кој игра во два правци и покрива централна позиција во одбрана? (а во случајот на Мечка истиот може да покрие и како халф). Нема екипа што нема таков играч или не е во потрага по таков доколку го нема. Мечка е моментално најкомплетниот пивот кој го имаме на располагање како репрезентација, а ја имаме таа среќа истиот да игра во Вардар. Исклучително важен играч за нас како клуб и како репрезентација. Ниту еден од оние up and coming пивоти како: Стојковиќ, Карасманакис и Ристовски не се ни приближно на неговото ниво во овој момент.Или “мангупи” како Мечка.. Нема што кој кого да сака или нејке.. Ако играчит е добар за една екипа, треба да биде користен на терен.. Мое мислење е дека ракометот што надоаѓа, веќе ги исфрла играчите како Мечка од игра.. Погледнете го пољакот во Вардар, лани цела полусеџона играше сам 60 минути
Последно уредено:

