Фан клуб - РК Вардар

 
Супер одлука, но Мечка ,кај е у причава?
 
Тешка глупост. Само Мечка може да е капитен од овој состав.
Апсолутно. Капитенската улога носи голема обврска и пред се мора да имаш и себе мангуплук и респект кој сите ракометари го имаат према тебе. Гогов е многу добро дете и голем работник , ама капитен не е дораснат да биде.
 
А која е логиката воопшто да имаме нов капитен кога Гоце Георгиевски е сеуште активен играч?

Веројатно одлуката е донесена заеднички во склоп на екипата и со негов амин, само мене пак ова ми е некако потценувачки потег спрема Џомба.
Требаше и во последната сезона од кариерата да си биде капитен.

За неговиот наследник нема простор за дискусија кога е во прашање капитенската лента, едноставно Лазаревски со карактерот и авторитетот ја заслужи, тој се наметна како лидер во соблекувална и веќе е природен капитен на оваа екипа.

Стварно не знам која е потребата да се прават вакви глупости.
 
Последно уредено:
По кој основ Лазаревски да е природно капитен? И, зошто да не е Гогов?

Член е на Вардар и дел од првиот тим уште од времето на Сергеј, чесно момче и огромен работник.. Веројатно внатре во тимот и знаат зошто е ова вака

П.с И во Барселона играч што влегува во последната сезона, не е капитен.. Пр. Дика Мем
 
По кој основ Лазаревски да е природно капитен? И, зошто да не е Гогов?

Член е на Вардар и дел од првиот тим уште од времето на Сергеј, чесно момче и огромен работник.. Веројатно внатре во тимот и знаат зошто е ова вака

П.с И во Барселона играч што влегува во последната сезона, не е капитен.. Пр. Дика Мем
На пример по играта на терен, според тоа како се однесува кон публиката и соиграчите, според влијанието на целата атмосфера во екипата, според тоа како го доживуваат навивачите...

Мечка полека станува легенда на клубот, додека Гогов после 10 години уште не може да се избори да биде ниту втор голман.

Тоа што играчи како Гогов, Карапалевски, Ќосевски и компанија се задржуваат толку време во клубот без никаков придонес е наша грешка, плус имаат голема среќа што постои правилото за странци во домашно првенство.
Сме дискутирале тука повеќе пати дека во вакви финансиски околности нема никаква потреба да имаме по три играчи на една позиција, тоа е преголем луксуз за наши услови.

И да бидеме искрени, таквите играчи се повеќе товар врз буџетот, отколку што клубот има некаква корист од нив.

Смешно е да ги споредуваме Лазаревски и Гогов.
 
Да почекаме малце со коментарите, може не знаеме се.
Лазаревски подолг период е повреден, или добива црвен картон уште во прво полувреме.
 
Во никој случај не е Гогов за капитен. Нема карактер за да биде капитен. Едноставно треба да имаш контрола врз тимот, да кренеш атмосфера кога треба, да се смират емоции ако треба, да не дозволиш конфликти итн.
Не мора секогаш да е тоа играчот со најголем стаж (иако нормално дека ваквите имаат предност затоа што се попрепознатливи пред публиката), туку треба да имаш предиспозиции за нешто такво. Таков беше Столе, таков е Мечка, одма се познава по него.
Друга работа е што Гогов никогаш не бил првотимец, безразлика колку години е во составот. Како ќе командаш, ако не добиваш ни 20 минути во просек на добри утакмици?

Инаку, јас си го сакам Гогов и сакам да остане во клубот дека се познава дека е благодарно момче, неконфликтен, си ја врши солидно работата во рамките на квалитетот. Дај боже уште да напредува, секако за голман е се уште во фаза во која може да се очекува напредок.
Ама, за капитен, едноставно не е.
 
Можеби Лазаревски и нема таква контрола врз екипата?? Можеби е се тоа онака за јавност? Нејсе, ништо против Мечка, има потенцијал да стане нов предводник на Вардар, но во моментов не е ни прв пивот.. Од друга страна, Гогов е репрезентативен калибар, играч кој само поради тоа што е дел од Вардар, досега не е редовно на список кај селекторот.. голман кој има само 25 години и веќе 7 ма сезона ако не грешам е дел од Клубот, и воедно играч со најдолг стаж од моменталниот ростер
 
Сакам Гогов да се разбрани како пантер и да ви ги затне муцките :icon_mrgr:
И јас би да е Мечка ама ако се согласиле Гогов да биде тогаш ние нема што да галамиме.
Ќе дојде и време Мечка да биде, без тензии

Мое мислење е дека нема што ние да кажуваме кој да биде капитен, не знам дали сте свесни дека има граници кога се работи за коментирање..

Јас му верувам максимално на Чупко и со среќа нека му е на Гогов па да ја оправда довербата во Германија.
Се ближи 10ти, баталете ги овие муабети нема потреба од тоа пред толку битни утакмици
 
Сакам Гогов да се разбрани како пантер и да ви ги затне муцките :icon_mrgr:
И јас би да е Мечка ама ако се согласиле Гогов да биде тогаш ние нема што да галамиме.
Ќе дојде и време Мечка да биде, без тензии

Мое мислење е дека нема што ние да кажуваме кој да биде капитен, не знам дали сте свесни дека има граници кога се работи за коментирање..

Јас му верувам максимално на Чупко и со среќа нека му е на Гогов па да ја оправда довербата во Германија.
Се ближи 10ти, баталете ги овие муабети нема потреба од тоа пред толку битни утакмици
На пред сезонските турнири, Гогов беше рамноправен голман со Валах.. Муабетот ми е не значи дека ако некој скока по трибина, сака да се слика, значи дека е по дефолт капитен… Сигурен сум дека има позадина во ова, впрочем се случува на ден пред натпревар за трофеј
 
Mislam deka Cupko ne go saka Mecka... takov vpecatok imam
Или “мангупи” како Мечка.. Нема што кој кого да сака или нејке.. Ако играчит е добар за една екипа, треба да биде користен на терен.. Мое мислење е дека ракометот што надоаѓа, веќе ги исфрла играчите како Мечка од игра.. Погледнете го пољакот во Вардар, лани цела полусеџона играше сам 60 минути
 
Back
На врв Bottom