Фан клуб - РК Вардар

Баталете муабет дека во фудбалот има пари. Секоја фирма има максимална заработка од 10%.
 
Има ли вистина во муабетот дека комити нема да одат на СуперКуп во гевгелија?
 
Има ли вистина во муабетот дека комити нема да одат на СуперКуп во гевгелија?
Каква е состојбата во групата, прашање е дали некој воопшто знае дека има супер куп во среда :D
Распад систем сме, на никој не му е дојдено до навивање.
 
Каква е состојбата во групата, прашање е дали некој воопшто знае дека има супер куп во среда :D
Распад систем сме, на никој не му е дојдено до навивање.
Значи делувањето на козата можеме да го прогласиме за успешно. Полека но сигурно ја згасна групата.
 
Значи делувањето на козата можеме да го прогласиме за успешно. Полека но сигурно ја згасна групата.
За жал да,фрлени се копјата , треба целосен ресет.Официјлано соопштение уште нема, групата во моментов е во најлошата ситуација од основањето,убава беше приказната ама се се сруши како кула од карти.
 
Ќе се најдат некои подгрупи што ќе навиваат на РК (не на суперкупот, туку општо за сезонава), ама нема да биде тоа на кое сме навикнале. Две години пишував дека ќе дојде до ваков исход, 90% се смееја ;)
Има уште малку време да се сменат некои работи, ама не сум оптимист.
 
Штета за РК.. Најмалку го заслужуваат ова
Секогаш е така и во најдобрите денови на РК групата имаше слаб период ,ама ова сега е бетер од тогаш.
Ајде за ракомет има и стара гарда и други екипи што може да направат минимална атмосфера за тоа веќе се уверивме на финале куп против Охрид без никаква најјава имаше +300 вардарци.
 
ВАРДАРЦИ ВО КАСЕЛ – ВАРДАР НЕ ИГРА САМ!

На 10.09.2026 Вардар гостува кај МТ Мелсунген, а ние повторно се собираме во Касел за заедно да навиваме за црвено-црните!

Ова е уште една можност вардарците од Германија и околината да се соберат на едно место, да се дружиме, да се запознаеме и да покажеме дека Вардар има поддршка каде и да игра!

Strandbar Kassel
Damaschkestraße 51, 34121 Kassel

Собир: 18:30 часот
⏰ Почеток на натпревар: 20:45 часот

На лице место:
дружење со вардарци од дијаспората
информации за иницијативата „Вардарци зад границите“
можност да станете дел од иницијативата
НОВИТЕ МАИЦИ „Вардарци зад границите“ – 15 €
Маици ќе може да се купат директно на лице место за време на собирот.
СИТЕ ЗА ВАРДАР!
ВАРДАРЦИ ЗАД ГРАНИЦИТЕ – ОБЕДИНЕТИ!
Споделете ја објавата за да стигне до секој вардарец во Германија и Европа.

IMG-20260831-WA0116.jpgIMG-20260831-WA0110.jpgIMG-20260831-WA0111.jpg
 
Михо денес го прославува својот 80-ти роденден!

Апсолутна икона на клубот, господин во секоја смисла на зборот за сите опинци во ФК и пример како треба да се однесува претседател на еден спортски клуб.
Дефинитивно заслужува уште поголем респект од навивачите и скандирање на неговото име на секој натпревар.

Да имавме еден човек како Михо во фудбалскиот клуб, каде ќе ни беше сега крајот...

Всушност секој клуб во државата да имаше по еден Михајло Михајловски, ќе бевме многу поуспешна спортска нација.

Нека е жив и здрав до 150 години!
 
Ќути.. само што станав од спиење скролам инстаграм и ми се појавува сликава на Михо. Срце ме стрефи у секунда, кнедла ми се заглави у грло. Кога дојдов при себе гледам среќен роденден. :D Нека е жива и здрава легендата уште 100 години, пошо како поминува времето јасно се гледа дека човекот е вистинско злато во оваа наша Македонија. Да се надеваме дека некогаш некој сличен ќе дојде на чело и на ФК Вардар.
 
Back
На врв Bottom