Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Со изградба на приватен дата центар си потпишуваме смртна пресуда на Македонија. Па прочитајте што му направија на Уругвај. Прочитајте како цели региони во САД останаа без капка вода. Луѓето се принудени да се исселуваат.
Neka go klat vo mariovo ili krivolak. Sekako isseleni se od tamu, nikoj nema :toe:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Neka go klat vo mariovo ili krivolak. Sekako isseleni se od tamu, nikoj nema :toe:
Региони колку цела Македонија се зафатени од дата центри. Во пустинскиот регион на Аризона, гиганти како Google, Meta и Microsoft имаат огромни комплекси. Еден среден дата центар таму троши вода колку цел еден град од 10.000 до 50.000 жители. Ова ги пресушува подземните извори кои земјоделците со генерации ги користеле за наводнување.
 
Дека Пехчево Тобако 2 па…
Во 2023 година, Уругвај се соочи со најтешката суша во последните 70 години. Во исто време, Google започна проект за изградба на дата центар во регионот Канелонес, за кој беше предвидено да троши околу 7,6 милиони литри свежа вода дневно (колку што трошат десетици илјади домаќинства). Додека славините на граѓаните пресушуваа и властите мешаа солена вода во водоводот за пиење, дата центарот требаше да ја црпи преостанатата слатка питка вода. Ова предизвика масовни протести на граѓаните, по што компанијата мораше да го препројектира системот да користи воздушно ладење наместо вода.
 
Blatantno ke kazam- CIA kadar, zavrsil medicina a cel raboten vek mu e vo analiza.
I se vrakjame na ona sto FIlip go kaza kaj Vasko, partijata e pod uprava na sluzbata.

ЦИА кадар, ако веќе идеме во тие сценарија, би било некое клучно министерство: МВР, Одбрана, Финансии. За здравство министри уште ја и ти не сме биле во државава.
Или е некое преспособно менаџариште, што не е, пошто цел живот во тв-студиа го поминал, или не знам што може да биде. Он и како директор на ФЗОМ беше медиумски покриен како да е министер за здравство, а љољоно жив го немаше нигде.
 
Не е сценарио туку реалност. МВР и Одбрана секогаш ги држевме на ниво а таму не можеш да шверцаш инфо без некој да те забележи. Но фзо и здравство се златна јама за инфо од сите граѓани без контрола.

За еден имам точно инфо дека е чист наш.
 
Региони колку цела Македонија се зафатени од дата центри. Во пустинскиот регион на Аризона, гиганти како Google, Meta и Microsoft имаат огромни комплекси. Еден среден дата центар таму троши вода колку цел еден град од 10.000 до 50.000 жители. Ова ги пресушува подземните извори кои земјоделците со генерации ги користеле за наводнување.
Хе, хе, хе .... сдсnmk-оФци ќутеа кога црпнатиот ветуваше.... гугл, фејсбук и јутуб дека ќе ги донесе .... ни за струја ни за вода никој не бекна.... :D
 
Хе, хе, хе .... сдсnmk-оФци ќутеа кога црпнатиот ветуваше.... гугл, фејсбук и јутуб дека ќе ги донесе .... ни за струја ни за вода никој не бекна.... :D
Тогашната опозиција требало да реагира и да му објасни на народот кои се последиците од таква ,,инвестиција,,. Ќутеа и они. Реално 99% од народот нема појма што значи дата центар, искрено и јас никогаш не сум се заинтересирал и немав претстава дека треба толку многу чиста вода за ладење и толку многу струја, не сум во таа бранша а и не ме интересирало.... првпат се заинтересирав и прочитав нешто пред некој ден кога советот у Пехчево или каде беше, имаа на дневен ред дата центар па низ медиумите се крена прашина...
 
Со изградба на приватен дата центар си потпишуваме смртна пресуда на Македонија. Па прочитајте што му направија на Уругвај. Прочитајте како цели региони во САД останаа без капка вода. Луѓето се принудени да се исселуваат.
Добро Борче, дата центрите ќе ги ставиме во Боговиње, Џепчиште, капка нема да остане во Полошко.
Автоматски споено мислење:

Neka go klat vo mariovo ili krivolak. Sekako isseleni se od tamu, nikoj nema :toe:
Водата мора од некаде да иде, но поголем проблем што имаме е големата сеча на овие температури и со тоа вода ќе има се помалку, ќе се претвориме во савана ако не се грижиме за земјата.
 
Последно уредено:
Добро Борче, дата центрите ќе ги ставиме во Боговиње, Џепчиште, капка нема да остане во Полошко.
Кога би се изградиле државни дата центри доколку има вишок може државата да го издава, така барем и народот има бенефит. А како што вели Мицко приватњаци ќе ги попнат низ Македонија па кој ме прашува мене дали патлиџанот во градината ќе има со што да го навадам.
 
Интересен линк од кои многу работи на душегрижниците ќе им бидат појасни,
(уствари грешам и понатаму појма ќе немаат поради основни непознавања (дудуци се) од електротехника, механика на флиуди и термодинамика)

Фамозното ладење.... е затворен систем т.е. една иста вода кружи, чилери ја ладат водата а водата го лади воздухот а со тој ладен воздух се ладат серверите...
...сдсnmk-оФци трубат за некои 100 мегавати струја...а таа енергија е потребна за огромни дата центри што се сомневам дека нашите ќе бидат такви, значи безочно лажат.... од друга страна, кај нас секој голем потрошувач сам си набавува струја на берзата, таа струја нема врска со струјата за домакинствата, така да и хистеријата за струјата е пак лажење....
И премиерот е во право кога вика дека е запрепастен колку лаици кои немаат појма од работата се најгласни во јадењето гомна (национален спорт број еден)
 
Тогашната опозиција требало да реагира
Што има да реагира на предизборни „ветувања“ кажани во предизборна кампања ..... знаеме дека во тој период сите безочно лажат
Ама и има голем број кленови кои залапуваат трокука
 
Најдобра одлука е ако сочуваме Македонија од дата центри да продаваме вода на светот.
„Нашата земјата„ одамна е преименувана и „преуредена„ (ама не ти кажале...), а на светот можем да му продаваме само муда за бубрези....малку користени, речиси нови.
 
Back
На врв Bottom