Не ви држат споредбите на периодот шо праел Лино ко бил во Металург, од 2009-2017 година, со овај период шо го има и треба да го има во Пелистер.
Прво, заради годините на чоекот, кратката важност на договорот, дај боже да е вака витален и енергичен уште долго време и да остани во клубот и по овие 2 сезони, ама треба да сме реални дека неговиот престој во Битола ќе биди со лимитирано времетраење.
Во Металург беше во зенитот на неговата кариера, по тие ударни години со хрватска репка.
Во Металург и тој самиот знаеше дека има неограничена власт над се во клубот, имаше време на располагање.
Ние го немаме тој луксуз на располагање да ги чекаме до недоглед плодојте од неговата работа.
Кој гарантира дека новиот тренер ќе ја продолжи работата и концептот на Лино?НЕ МОЖИ ДА СЕ ГАРАНТИРА.
Ќе дојди некој ко Гарабаја, Алонсо или некој Србин и почнуваме се одново, друг концепт, други играчи, друга тактика.
Второ, тогаш беа други условите на пазарот, далеку пониски цени на играчите, помали барања на играчите, надоместоците на менаџерите и другите посредници,тогаш можеше Лино да си донеси дузина млади таленти од Балканот, за мали пари, да си чека да види дали ќе биди нешто.
Сега цените на пазарот се ојдени до плафон, плати, посебни барања на играчите, па цени на услуги за менаџери, трошоци за регистрација на странец и трошоци за престој.
Денес уште малолетен, некој млад недокажан странски талент ќе ти побара 2, 3 К плата, плус трошоци за регистрација, престој, храна, то се преку 40-50 К годишно за еден недокажан играч,
Удрете математика колку иди, 5,6 вакви странци шо нема да припарат до прва постава и ќе си заминат без да остат никаков траг во клубот.
То се сериозни пари за ваков клуб со лимитиран буџет и не треба Пелистер и да има сега пари да ги фрла за вакви егзебиции како со Мехмедовиќ, случајот со Хаџиќ и еден куп странци ко Кајо Цикатич, Пјаховски, Печурица, Стевановиќ, шо земаа плати а не изиграа ништо на терен оти не им беше дадена шанса да се покажат.
Никој не ми ја сфати поентата на постот вчера, наместо да се фрлат пари за предвремен раскин на договор на странец, или пак да се трупат вишок странци шо идат тука и дремат на трибина со телефоните, без да изиграт минута за прв тим,со тие тие пари ќе можи да се плати оштета за некој готов играч шо ќе можи одма да се вклучи во тимот и да напрај разлика во тимот.
Ако веќе толку се инспирирани сите од тој концепт на Металург, требаше да се донесат само неколку капиталци летово и на тој тим шо остана од лани да се прај екипата. нека не беа 23 играчи колку сега, нека беа 18,19, ама да беа одбрани и спремни да дат одма придонес.
Металург почна да прај меѓународни успеси и стана познат во Европа од ко почна да носи докажани странски играчи ко Вугринец, Станиќ, Атман, Ракчевиќ итн, надополнети на тој костур од репката кој тогаш беше во прајмот, па напраја тим шо остана забележан во Европа.
Пред то си беа локална дружина шо живееше за тие дуели со Вардар, се живееше за тие неколку мечеви во сезоната и то беше то, ќе испаднеа одма од Европа, при прва посериозна пречка.
Одамна помина то време на Металург, та игра шо се играше тогаш е минато свршено време,
Сега имаш друг ракомет, други стилој на игра, играш ЛЕ, имаш првенство со 4 јаки екипи, ќе имаш 6 утакмици во регуларен дел-дома гости, + уште толку во плеј оф, на сите овие мечеви можиш лесно да изгубиш, без разлика дали играш дома.
Имаш најмалку уште 6 утакмици во ЛЕ, плус овие од Регионалната, шо не треба да се сфаќат толку сериозно и трагично.
И зато ти треба широк ростер од квалитетни играчи, да се користат максимално сите +20 играчи, а не да седат само на лист хартија.
Не ко некни, лупај со тие 11,12 играчи 60 минути, 7 на 6, тактика шо бара екстремни напори при тие брзи измени и ако се продолжи вака не ни се пиши добро со тој здравствен кадар во тимот.
На температура во салата од +35 степени, кондензација до плафон, услови за игра никакви, услови за публиката нечоечки, понижувачки.
Арно шо не умре некој.

Ако бев јас делегат на мечот, немаше да дозволам да почни утакмиците во тие услови.