Јас мислам дека пристојно изгледаше екипата кога ќе се земе во предвид во која фаза сме, колку отсутни/повредни играчи имавме и колкав број на натпревари изигравме.
Задоволен сум од тоа што го видов од Фадуил до сега, евидентно е дека сеуште се бара, но имаше доста добри потези. Неколку топки што ги подели за крило и за пивот му беа брилијантни. Друг тип на играч од Малус, повеќе проигрува и бара потенцијални комбинации него што дава голови што е супер.
Мило ми е што Анастасовски се најде во ситуацијата во која што се најде и мислам дека и повеќе од солидно се снајде. Голем дел од нашата игра се базира врз пивотите и во двата правци, така што мислам дека достојно ги замени во ситуација кога играше неколку натпревари без замена и мислам дека позитивно ќе му влијае врз самодовербата. Далеку од тоа дека станува збор за не знам каков квалитет, но со оглед на тоа што е домашен играч мислам дека ќе ни се најде иднава сезона и повеќе од претходната бидејќи ќе играме на повеќе фронтови. Малку и тешко им беше на бековите да спуштаат топки за него во ситуација кога беше чуван од играчи кои беа многу подоминантни во висина од него. Нема повеќе од 185-186 cm, а се бори на црта со играчи од 195+ cm.
Абделхак солиден исто така, иако има уште многу детали да се испеглаат. Гогов и Валах со добри изданија, штета што не го видовме Бомаштар.
All in all - екипата има потенцијал и верувам дека ќе изгледаме добро кога најмногу ќе треба. Фали уште еден играч кои ќе игра во два правци, но тоа е што е.