Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Колку само не да нема идеи, него нема желба да се направи нешто повеќе и подобро за идните генерации, покажува бумот кој го направивме во 2011 во Литванија, и место тоа да биде огромен мотив да се работи што подобро и посилно, ние со години во репрезентативна а и клупска кошарка сме речиси при самото дно во Европа.
Исто е и со фудбалот, али овде имавме огромен успех на национално ниво, иако рака на срце Лестер Во Мекејлеб беше извонреден и моторот на тимот, кој го добивме на поклон од ФИБА.
И место тука да се оди чекор по чекор, ние од година во година имаме катастрофални резултати во младинските селекции кои завршуваат при самото дно во Б (второлигашка) конкуренција на европските првенства!!!
Одговорност никој не преузима, исто беше и кога Антиќ раководеше со КФМ, и пред него исто така, а и сега не гледаам дека има некои реакции.
Дури вчера читам што изјавил оној кутриот наш селектор до 16 години, дека не ни било лесно, повеќе од играчите прв пат играат заедно... само изговори.
Мајсторе играш на ЕП во Б дивизија и доживуваш на 70% натпревари убедливи порази, а кажува има иднина во овие деца.
Со оваков пристап тешко нешто повеќе ке направиме, освен да не испадне во Ц дивизија некоја наша младинска селекција.
А исто толкавата Словенија претходно ги освои У-18 и У-20 шампионатите. Не сме за споредување со тие менталитети ние.Од друга страна, Латвија, која има речиси ист број население како нас, денес го освои А првенството до 16 години, победувајќи ја Франција во финале, а претходно ги победија Шпанија, Грција и Србија, сите кошаркарски велесили. Секоја чест за нив!
