Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

Реално од сите 6 југословенски прототипа, црногорци се најок, најкул од сите. Со никого не се у фрка, не сањаат за голема Црна Гора. Си живеат мирно, среќно. Лабави, смирени.
Бр. 1 народ.

По менталитет црногорците се најблизу до Албанците. Само имињата, религијата и јазикот што им е различен. Друго ништо.
Крвната освета им е раширена бетер од Албанците ....
две до три децении на бивша југа и требаше да некако го ублажи тој проблем.... и таму и во Косово и Метохија
сакаат да поседуваат оружје исто како и албанците

А колку се кул осеќаат туристите кога за викенд ќе се симнат од планините по туристичките места.
А голема Црна Гора веќе ја имаат .... сега е дупло поголема од кнежеството што им беше.
 
СФРЈ постоеше (ФНРЈ и после) 1943-1991, некои 47 години, а РМ постои 1991-2026 значи 35 години. Разликата е скромни 12 години. стартната позиција на Југа била ништовна, разорена, со скоро милион мртви, 1,5 милиони ранети и осакатени. Инфраструктура крајно ограничена и оштетена а надворешнополитичката состоба неповолна, дури на работ на војна 1948. И во тие услови за 47 години се случиле драматични подобрувања по секоја метрика.
Неодамна прочитав дека пост Ју на подрачјето на 6-те нови држави не бил изграден ниту еден аеродром за овие 35 години, последен бил Порторож во 1990.
Извесни подобрувања има и во пост Ју ерата но во кој контекст? Во контекст на далеку подобра стартна позиција 1991 отколку 1943-44 барем за РМ, независност без борба и србска, блгарска или грчка инвазија. Во 2038 ќе стигнеме до тие 47 години и ќе можеме да повлечеме паралела. Не верувам дека ќе биде во корист на РМ земено историските контексти на обата случаи. Ако ништо друго автопатот Охрид-Кичево ќе биде 99% готов до тогаш.
 
Она што во СР Македонија е постигнато до 1990/91-ва, е изведено во рамките од втората Југославија, што значи и со помош од Федерацијата.

Неспособноста за одржување самостојна држава е појќе од очигледна и нечесно е да споредуваме што е постигнато во СРМ а што во РМ.

Патиштата и пругите градени во РМ и нивното епски долго градење, се само дел и сами по себе показатели дека не не‘ бива, особено не со вакви државни и локални раководства.
 
СФРЈ постоеше (ФНРЈ и после) 1943-1991, некои 47 години, а РМ постои 1991-2026 значи 35 години. Разликата е скромни 12 години. стартната позиција на Југа била ништовна, разорена, со скоро милион мртви, 1,5 милиони ранети и осакатени. Инфраструктура крајно ограничена и оштетена а надворешнополитичката состоба неповолна, дури на работ на војна 1948. И во тие услови за 47 години се случиле драматични подобрувања по секоја метрика.
Неодамна прочитав дека пост Ју на подрачјето на 6-те нови држави не бил изграден ниту еден аеродром за овие 35 години, последен бил Порторож во 1990.
Извесни подобрувања има и во пост Ју ерата но во кој контекст? Во контекст на далеку подобра стартна позиција 1991 отколку 1943-44 барем за РМ, независност без борба и србска, блгарска или грчка инвазија. Во 2038 ќе стигнеме до тие 47 години и ќе можеме да повлечеме паралела. Не верувам дека ќе биде во корист на РМ земено историските контексти на обата случаи. Ако ништо друго автопатот Охрид-Кичево ќе биде 99% готов до тогаш.
околу аеродромите, се чека пилотите од Арачинове да завршат и веднага се почиње сос нови аеродорми!
еве овде се гледаат подготовките,


Постојано се тресат глупости, еден ќе почне и сите по него...
Македонија е држава од 1944 година, тоа што е членка во ЈУ федерацијата не значи дека не била држава напротив членки на федерација се субјекти кои имаат право на самоопределување/отцепување а тоа се субјекти кои се држави.
 
Back
На врв Bottom