ИТ фирми и пракси во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StaticStupid
  • Време на започнување Време на започнување
Има ли некој од вас што гради свој продукт? Каков AI setup користите за развој?

Покрај работата, почнав да го градам мојот продукт. Досега користев комбинација од локален Qwen 3 модел и Claude Max, ама со новиот Claude модел ги потрошив сите токени за првите 12 дена.

Дали некој има истражувано што моментално нуди најдобар price/performance (или quality/price) ratio за AI-assisted development?

Немав време овој викенд да истражувам, ама планирам во текот на неделата или наредниот викенд да го тестирам и Colibri:
https://github.com/JustVugg/colibri
ChatGPT на pro планот. Има доволно токени за пишување код + содржина за социјални мрежи. Изборот падна на нив затоа што пишуваат добар код (за AI стандарди) и имаат imagegen во една претплата. Сега сум уште на почетокот, допрва работам на апликации, заедно со warmup на акаунтите по социјални мрежи.
Ако се оди според планот, за некој месец би требало да почнам поагресивно со growth & sales па ке експериментирам со алатки од типот на higgsfield.

Проблем со токени немам, ама имам навика да менувам модели зависно од таскот што го имплементирам. Пробав еднаш да работам со sol @ ultra на секој таск, за 2 дена потрошив се :(
 
Работите се движат екстремно брзо и почнувам сам на себе да се смеам како треба да се прилагодувам на потребите на пазарот. До “вчера” бев поборник за продукт-бизнис, денес веќе осеќам дека е пројден возот со целата хипер продукција.

Апсолутно веќе не би фатил развој на ништо затоа што outreach-от е веќе длабоко навлезен во категорија SPAM со толку многу нови продукти на дневно ниво што е невозможно на ова ниво да се пробиеш макар решавал реален проблем. Едноставно толку многу нови продукти се во фаза на валидација што неможеш да најдеш ни потенцијален тестер кој би ти бил на waiting list.

Огромно презаситување на пазарот се осеќа веќе а што и да направиш големите го прават веќе како интегрален дел од нивното постоечко решение кое го користат веќе стотици илјади корисници.

Кој фатил колач и направил име пред АИ, толку е.

Сервисот од друга страна останува прескап и не гледам тука било каква перспектива. Што ќе прават децава од факултетиве и како они ќе се интегрираат ми е нејасно.

Никој кај нас не фати продукт додека работите се одвиваа споро, денес веќе твојот продукт е само нов feature кај големите.

За некој што сепак сака да прави продукт би го дал следниот совет:

1. Не почнувај ништо додека немаш над 1к следачи на мрежа кај што ќе го пласираш продуктот.

2. Прво ствараш комјунити, билдаш репутација па тек после пласираш/валидираш. Се друго ти е изгубена игра во старт, те јаде алгоритмот и ти не постоиш макар нашол апче за рак.

Нема време и простор за no-name играчи со “брилијантни идеи”. Презаситен е просторот и ова важи за сите безразлика на географска положба.
 
Добро е што си self-aware, затоа е битно да не те слушаат другите кога трескаш глупости (вклучувајќи и сега)
 
Добро е што си self-aware, затоа е битно да не те слушаат другите кога трескаш глупости (вклучувајќи и сега)

Ок, твојот придонес на темава е од историско значење, у право си.
 
Работите се движат екстремно брзо и почнувам сам на себе да се смеам како треба да се прилагодувам на потребите на пазарот. До “вчера” бев поборник за продукт-бизнис, денес веќе осеќам дека е пројден возот со целата хипер продукција.

Апсолутно веќе не би фатил развој на ништо затоа што outreach-от е веќе длабоко навлезен во категорија SPAM со толку многу нови продукти на дневно ниво што е невозможно на ова ниво да се пробиеш макар решавал реален проблем. Едноставно толку многу нови продукти се во фаза на валидација што неможеш да најдеш ни потенцијален тестер кој би ти бил на waiting list.

Огромно презаситување на пазарот се осеќа веќе а што и да направиш големите го прават веќе како интегрален дел од нивното постоечко решение кое го користат веќе стотици илјади корисници.

Кој фатил колач и направил име пред АИ, толку е.

Сервисот од друга страна останува прескап и не гледам тука било каква перспектива. Што ќе прават децава од факултетиве и како они ќе се интегрираат ми е нејасно.

Никој кај нас не фати продукт додека работите се одвиваа споро, денес веќе твојот продукт е само нов feature кај големите.

За некој што сепак сака да прави продукт би го дал следниот совет:

1. Не почнувај ништо додека немаш над 1к следачи на мрежа кај што ќе го пласираш продуктот.

2. Прво ствараш комјунити, билдаш репутација па тек после пласираш/валидираш. Се друго ти е изгубена игра во старт, те јаде алгоритмот и ти не постоиш макар нашол апче за рак.

Нема време и простор за no-name играчи со “брилијантни идеи”. Презаситен е просторот и ова важи за сите безразлика на географска положба.
re: сервис
А да почниш со сервис во AI светот? Сите сакаат да користат AI, ама многу фирми незнаат како. Продади им приказна дека ке ги направиш AI Native и наплати им дебело за сето искуство со AI што го имаш собрано у последниве 3-4г.
Кај програмерите голем дел од стварите се оптимизирани, ама затоа пак во сектори како маркетинг и продажба на пример, имаш многу low hanging fruit што можеш да го искористиш во твоја корист.
Кога ке „заврши“ ова со AI ке направиш pivot во друга насока, и така до пензија....

re: Продукт
Слободно работи си тоа што те интересира. Направи mvp и почни со барање корисници најрано што можеш. Се друго е небитно. Сите ствари што ги спомна важеа и пред AI. Единствена разлика од тогаш до денес е тоа што у терија имаш повеќе конкуренција, ама во пракса, има еден куп луѓе што работат на истите идеи без да размислат на бизнис моделот и на моментот со маркетинг и продажба. Со малку работа и среќа ке најдеш начин да се издвоиш од другите.

Нормално, сето ова важи ако имаш продукт што решава реален проблем. Ако идеата ти е QR кодови за ресторани, или сајт за закажување на фризер откажи се од старт и барај подобри проблеми за решавање.
 
Тука муабетот беше ко да сме 2000та во СФ, кај што програмери правеа фирма во гаража. Реалноста е дека пазарот е одамна созреан, уште пред АИ, и големите играчи ги јадат помалите уште у старт како и во секој сектор. Треба да си бизнис поткован за да преживееш и успееш, нешто што нема врска со програмирање.

Ако можеш да го напраиш тоа тука, веројатно можеш и со кафич, банани продавање, и тн.
 
Back
На врв Bottom