Маржите на трговците вивнуваат до небо, има ли пилот во авионот ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Imtechiquemk
  • Време на започнување Време на започнување
Добро, скапо е, не купувај од кај нив.
Нема од каде другде да купиш?
Добро, отвори свој бизнис и уништи ги со пониски цени од нивните.

Или ќе успееш да ги победиш, или ќе сфатиш самиот зошто се толкави цените.
Не знам што ќе се случи. И едната и другата опција е можна.

Си слушнал за монополско здружување договарање на цени кое е спротивно со закон ? Имаш еден куп вакви примери, ама нзс на сопствениците им се што имаат политички економски врски до власта па никој не ги чепка. Да не зборуваме дека некој од нив имаат сосема различна позиција од обичниот човек бидејки стартуваа на друго ниво по приватизацијата (тиквеш, пивара, алкалоид) се само мал дел од нив. Па затоа сега имаме случаи каде што скопско пиво или алкалоид лекови се поефтини надвор отколку тука

... тоа што ќе го контролираат увозот на млекото во прав ми дава надеж дека се на прав пат, ама некако споро, треба поагресивно да се делува на пазарот,

... посебно ме иритира кога ќе видам гајби со домати од Албанија, лубеници од Грција, што им конкурира на нашите земјоделци, а квалитет никаков ни вкус ни мирис, прашање што содржат при самото провоцирано одгледување и зреење!

...све што се произведува во Македонија, а нема недостаток не треба ни да се увезува, а и извозот да биде умерен да се задоволи домашниот пазар, не знам тука како се контролира увоз / извоз на наши производи, па доминација на увозот што ги диктира цените!

Секое чудо за три дена ама барем она со млекото кашкавалите ни открија дека го јадеме отпадот од секаде. Па кој е паметен ќе разбере и ќе се обиде да си најде снабдувач директно од производители, наместо да купува производи со лажни декларации и големи маржи

Патлиџани од Албанија и лубеници од Грција не треба да те чудат, имаат рано производство поголеми субвенции и се конкурентни
Вака треба за се во животот, ако сакаш разумно да ги трошиш парите. Ова врска нема со Македонија. Ти кажувам од искуство, 13 години сум во трговија. Едно исто нешто може да чини 10, 50 и 100 денари. Само твоја одлука е каде ке го купиш.

Јасно ми е тоа, полека полека се научив и прашувам прво на 5 места па после купувам. Ама дали мислиш дека е нормално државата да не интервентира, да нема никакво ограничување на маржи помеѓу влезни фактури и краен потрошувач ?

И после ќе се чудиме зошто буџетот ќе има дупки. Па јас бандажот ќе го земам од Србија, лекови ќе купам од таму за моиве дома и комшиите, на крај ќе товарам и во колава хемија заштитни средста што ми требаат и сето ддв ќе заврши во Србија наместо тука. И после во Србија автопативе се правеле забрзано, автобуси на секој 3-4 години, брза пруга а нашиве тука не можат ни постоечките да ги одржуваат.
 
Газдите ги дигаат цените на основ на инфлација меренеа исклучиво од нивен личен аспект на потрошња а не на покачени трошоци. Вработените нивни не добиваат повисока плата. После зашто се возеле Порше Кајени ко на наградна игра Скопско да ги даваат во капаче и зашто е квадрат 2500 евра. Вакво концентрирање на капитал не е забележано до сега. Нема да може да трае вечно и долго ќе има бељи по улици.
 
Да бе Трамп е крив шо трговците кај нас се ненаситни. Трамп е крив шо ги опустошија фирмите во таканаречената транзиција,така?

При нормален пазар немаш инфлација и кревање цени. Но кога некоја будала води војна и барелот рипа до стотка секој втор ден или објавува тарифи на цел свет им отвара можност на овие хоштаплери да манипулираат со цените како им одговара.
 
При нормален пазар немаш инфлација и кревање цени. Но кога некоја будала води војна и барелот рипа до стотка секој втор ден или објавува тарифи на цел свет им отвара можност на овие хоштаплери да манипулираат со цените како им одговара.
Затоа нормалните земји имаат плафон на маржа на нелуксузни стоки, а ако пак дојде нож до грло, ќе се откажат од ддв/акциза итн. На пример во лидл во италија имаш доста нелукс стоки на кои самиот маркет го апсорбира ддв-то. Кај нас си видел некој да го направи, или дојде Трамп и им забрани? Земи предвид дека барелот денес расте и они дигаат цена, утре паѓа они не спуштаат, задутре пак рипа (до претходното високо ниво) и они пак дигаат. Тоа не е дигање на база на економска логика, туку тоа е на логика ако пројде пројде, а у вукојебинава проаѓа затоа што толку ни е капацитетот да регулираме се друго па и тоа. Кримоси политичари и пола народ купен, а пола индиферентен, тоа е резултатот.
 
Gi sobrav moite vcera od grcka i kolata ja napolnija so kesi i pazaruvanje od Lidl, bukvalno krcashe i ne mi beshe jasno zosto. Majka mi reche deka skoro se e poevtino od MK vo Lidl, posebno zelenchuk i ovosje, leb, jogurti, feti. Bash ke probam da ja najdam smetkata ako ja cuvaat i ke ja slikam da sporedite ceni.
Porano nosevme vo Grcka koga nemavme i od tamu izleze patlidzan turizam, sea nosime od Grcka navamu, neverojatno i situacijava nema znak nikakov deka nesto ke se stavi vo red.
 
Gi sobrav moite vcera od grcka i kolata ja napolnija so kesi i pazaruvanje od Lidl, bukvalno krcashe i ne mi beshe jasno zosto. Majka mi reche deka skoro se e poevtino od MK vo Lidl, posebno zelenchuk i ovosje, leb, jogurti, feti. Bash ke probam da ja najdam smetkata ako ja cuvaat i ke ja slikam da sporedite ceni.
Porano nosevme vo Grcka koga nemavme i od tamu izleze patlidzan turizam, sea nosime od Grcka navamu, neverojatno i situacijava nema znak nikakov deka nesto ke se stavi vo red.
Bi bilo super ako ja sliknes smetkata.
 
Најважно е Азески и нашите индустриски барони да се одоброволени, не сфаќате вие како функционира пазарната невидлива рака.
 
Кога го купивме имотот, пред 15-20 години, го купивме со овошки, кои беа при крајот на својот продуктивен животен век, стари дрвца, меѓутоа имаа уште некоја година плодоносен живот.

Имотот беше максимално запустен, па технички започнавме од нула со преработка на земјата (пред се ѓубриво). Овоштарникот беше релативно голем, не можеше да се искористи целокупниот плод за лична конзумација, иако стававме сок, слатко, џем и мармалад. Предоминантно беа кајсии и праски, иако имаше и други дрвца. Логиката беше дел од производите да се однесат на пазарот, ем ќе се покријат дел од трошоците, ем нешто ќе се земе. Секако, тие средства не ни беа потребни, ама немаше што да им правиме на производите. При откуп, од старт се одбива еден килограм за гајбата, а откупната цена се движеше од 5 до 20 денари, во зависност од сорта и сезона. Дел од тие производи, во маркетите, беа и по 80 денари по килограм.

Во ред, маркетите прават препродажба, на таа цена се плаќа 18% ДДВ, режиски трошоци, плати, кирии, пресметана загуба (дел од производите ќе скапаат, ќе загубат на грамажа, нема да се продадат)...ама може и да се пресече ланецот, каде и земјоделецот ќе биде посреќен, а притоа и самиот маркет ќе прави поголем обрт со нешто помала маржа.

Земјоделецот може директно да ги продава своите производи, но треба да биде регистриран, да издава фактури, да има соодветни декларации. Од друга страна, ако не се исполнуваат овие услови, се загрозуваат правата на потрошувачот и се креира нелојална конкуренција. Мислам измешан капитализам каде се креира ланец, на товар за производителот на храна и на конзумарот односно на крајниот потрошувач. Така на малите земјоделци им е полесно одма да го продаваат производот, на препродавачи, затоа што знаат дека ќе имаат сигурен пласман, а и нема да го загубат производот кој има краток животен век, дополнително на тоа што и најчесто немаат соодветни услови да ги чуваат овие производи (пр. зелената салата која ќе свене за неколку дена).

Пазарчето е другата алтернатива, ама и тука има голема конкуренција, а притоа треба да се бара крајниот потрошувач. Ако имаш поголемо производство, не ти е идеална опција. И што направивме ние во случај кога ни беше понудена откупна цена од 5 денари по килограм (во гајба има околу 20 килограми, односно 100 ден гајба)? Ги однесовме во Скопје, на улица, 200 денари гајба, се продадоа за неполн час. Цело маало дојде и разграба се што можеше да се разграба (во маркет ќе купеа 3,5 килограми за тие пари!).

Ова е од аспект на лаичкото земјоделство, некој кој никогаш не се бавел со земјоделство, а притоа има алтернативни приходи (старите имаат солидни пензии), решава да поработи на земјата која ја посеува. Лошо е кога земјоделството ти е основната дејност за преживување, многу ризик, мал доход. Затоа има се повеќе и повеќе државно земјоделско земјиште кое не се обработува, се помалку и помалку земјоделци и се повеќе и повеќе увоз. Во одредени култури станавме и увозно зависна земја, а во други има конкурентно на надворешните производи, за што треба да има дампинг мерки (како тетовскиот грав). А нема. И секако, тука е одложеното плаќање, каде се касни и со години за откуп, а притоа самите пари ја губат својата вредност за тој временски период. Се касни и со исплата на субвенциите.

Сфаќам дека е капитализам, сфаќам дека не треба да има голем државен интервенционизам, цената да се формира врз база на понудата и побарувачката, меѓутоа треба да има креирање на политики кои ќе го прекинат ланецот, и најважните алки, производителот и потрошувачот, во таа низа ќе ги искористат најголемите бенефити.
 
Ептен ефтино :kafence: свинско мелено 500 грама 350 денари, а овде бут чист имам кило за 400.
 
Последно уредено:
Прегледај го приврзокот 483595

Imam i druga ama nemozam da ja najdam ama bujrum, prevedi si, igraj se.
Апсолутно.

Сега се враќам од таму и ова сакав да го пишам.
Јас дури и не купував во Лидл, туку во Дискаунт Маркт. Краставици, лубеница и ред други работи - поефтино од кај нас. Дефинитивно и гарантирано. И тоа не поефтино од Веро, него поефтино од Кам.
Баш ќе видам дали ми остана некоја сметка. Ако најдам ќе постирам и јас.
 
Back
На врв Bottom