- Член од
- 3 јуни 2022
- Мислења
- 2.801
- Поени од реакции
- 7.141
Изреволтиран од неколку случки во последниов период ја отварам темава. Имено ми се дешаваат неколку очигледни примери на крајно неразумни маржи од страна на трговците кои ме оставаат без зборови, буквално лупање и на 2-3 поголеми маржи од нормалните реални цени притоа се чини никој ништо не превзема од властите во држава да го спречи тоа. Разбирам јас капитализам слободен пазар ама ова е буквално пљачкање и осиромашување на сопствениот народ, џабе се сите покачувања на просечна плата на пензии по 100 евра ако давачките и маржите на трговците останат како сега.
Ќе набројам само неколку примери кои ми се случуваат последниот период
1) Прво со храната. Бидејки во фамилија имам човек што работи во земјоделскиот сектор, буквално производот го продаваат за 60 денари а истиов само производствени трошоци се 50тина денари значи ќарот на производителот максимум некои 10 денари по килограм. Од друга страна трговциве донесено до нивни склад маркет и истиот производ го продаваат x2 односно 120 денари !? Ова важи за еден куп производи, од основни намирници за прехрана до алкохол (вино пиво) каде што суровината домашна е крајно ефтина платите на работниците што го произведуваат истото просечни а крајниот продукт се продава дури поскапо и од увозните.
2) Втор случај имав проблем со одредена алатка за одржување на градината и се јавувам во Синпекс Битола да ги прашам која цена е делов како од топ ми викаат 6000 денари. Сета среќа комшија беше кај мене во двор и ми вика абе бегај од тие лопови работат со огромни маржи, јас го имав истиот проблем и го купив за 3500 денари делот. По кратко пребарување на фирми на златна книга и неколку јавувања на крај дури успеав да го најдам за 3000 денари значи овие првиве Синпекс одат и со над 100% маржа
3) Лековите се пак друга категорија која ги засега сите но највеќе пензионерите, буквално во Србија на приватно лековите се 2-3 пати поефтини од нашиве тука ?
3) Трет најсвеж пример бидејки земав кола пред одредено време. Викам ај да купам резервен бандаж оригинал нека биде да не се замарам со сомнителни копии, се јавувам во овластениов сервис ми даваат понуда која е дури 3.5 пати поголема од онаа што ја добив од исто овластен сервис само во соседна држава. Буквално со разликава од пари можам еден одмор плус успат да истерам
Искрено бев голем оптимист дека може да биде подобро во државата, но кога гледам како се работи (лакомост, кражба) ми иде уште утре да почнам постапка за иселување. Дали мислите дека властите може да направат нешто да ги скротат намалат ненормалните маржи на производите или едноставно нема простор за такво нешто во слободен пазар ака капитализам