Маржите на трговците вивнуваат до небо, има ли пилот во авионот ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Imtechiquemk
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 јуни 2022
Мислења
2.803
Поени од реакции
7.167
Изреволтиран од неколку случки во последниов период ја отварам темава. Имено ми се дешаваат неколку очигледни примери на крајно неразумни маржи од страна на трговците кои ме оставаат без зборови, буквално лупање и на 2-3 поголеми маржи од нормалните реални цени притоа се чини никој ништо не превзема од властите во држава да го спречи тоа. Разбирам јас капитализам слободен пазар ама ова е буквално пљачкање и осиромашување на сопствениот народ, џабе се сите покачувања на просечна плата на пензии по 100 евра ако давачките и маржите на трговците останат како сега.

Ќе набројам само неколку примери кои ми се случуваат последниот период

1) Прво со храната. Бидејки во фамилија имам човек што работи во земјоделскиот сектор, буквално производот го продаваат за 60 денари а истиов само производствени трошоци се 50тина денари значи ќарот на производителот максимум некои 10 денари по килограм. Од друга страна трговциве донесено до нивни склад маркет и истиот производ го продаваат x2 односно 120 денари !? Ова важи за еден куп производи, од основни намирници за прехрана до алкохол (вино пиво) каде што суровината домашна е крајно ефтина платите на работниците што го произведуваат истото просечни а крајниот продукт се продава дури поскапо и од увозните.

2) Втор случај имав проблем со одредена алатка за одржување на градината и се јавувам во Синпекс Битола да ги прашам која цена е делов како од топ ми викаат 6000 денари. Сета среќа комшија беше кај мене во двор и ми вика абе бегај од тие лопови работат со огромни маржи, јас го имав истиот проблем и го купив за 3500 денари делот. По кратко пребарување на фирми на златна книга и неколку јавувања на крај дури успеав да го најдам за 3000 денари значи овие првиве Синпекс одат и со над 100% маржа

3) Лековите се пак друга категорија која ги засега сите но највеќе пензионерите, буквално во Србија на приватно лековите се 2-3 пати поефтини од нашиве тука ?

3) Трет најсвеж пример бидејки земав кола пред одредено време. Викам ај да купам резервен бандаж оригинал нека биде да не се замарам со сомнителни копии, се јавувам во овластениов сервис ми даваат понуда која е дури 3.5 пати поголема од онаа што ја добив од исто овластен сервис само во соседна држава. Буквално со разликава од пари можам еден одмор плус успат да истерам

Искрено бев голем оптимист дека може да биде подобро во државата, но кога гледам како се работи (лакомост, кражба) ми иде уште утре да почнам постапка за иселување. Дали мислите дека властите може да направат нешто да ги скротат намалат ненормалните маржи на производите или едноставно нема простор за такво нешто во слободен пазар ака капитализам :cautious:
 
Trgovcite se pogolema mafija i od politicarite.

Буквално. Пријател е ептен мераклија за вино отвори и мала винарија пред 4-5 години и кога почна да нуди по кафани ресторани (за многу поефтини цени а одличен квалитет) одговорот им е дека не смеат да стават во менито други вина оти Тиквеш и Скопска пивара веќе немало да им даваат нивна роба. Успат им давале некакви ситни работи од типот покривки за маси, по некоја чаша и сл

А за цените ич да не коментираме 400 плус денари темјаника класик 0.75мл вино во маркет :facepalm:
Абе во Германија на неколкукратно повисоки влезни трошоци (суровина, плати) пак имаа пристојни вина за 5-6-7 евра
 
Trgovcite se pogolema mafija i od politicarite.
Врзани садови...
Не за џабе у државава купи-продај ти е "најдобар" бизнис модел последниве 20 години!
Автоматски споено мислење:

Буквално. Пријател е ептен мераклија за вино отвори и мала винарија пред 4-5 години и кога почна да нуди по кафани ресторани (за многу поефтини цени а одличен квалитет) одговорот им е дека не смеат да стават во менито други вина оти Тиквеш и Скопска пивара веќе немало да им даваат нивна роба. Успат им давале некакви ситни работи од типот покривки за маси, по некоја чаша и сл
Скопска пивара, па и прилепска, ептен се нешто у филм влезени!
50ден за мочка од пиво! Вода и јачмен!
На Запад за 30-40центи имаш класа пива, плус избор!

Мислам дека ние (генерално) имаме најскапо пиво!
 
Stariot 20 godini ima sitno grozje nesto dekari,moldavija sorta od 20 denari ne se kacila... mu ja nosis 20 na trgovecot ja prodava 45 taka bese poveketo godini, mu velis daj 22 23..... Aaaa nie trgovcite rekovme 20 ne odi nagore, u godini po red a nakraj ja prodava i po 60 denari posto on imal ladnaca... Znam deka si moken na otepaniot narod ama ne se kurci na site.... na krajot eden mu ja rokase zenata vo restoran vo wc pa se zaglavija pri cin, dojde cela brza pomos i gi zamotija vo carsafi, jas bev vo restoranot, site dobivme paricen nadomest da ne sirime glasini, grejniot povtorno e so zenata.
 
Врзани садови...
Не за џабе у државава купи-продај ти е "најдобар" бизнис модел последниве 20 години!

Скопска пивара, па и прилепска, ептен се нешто у филм влезени!
50ден за мочка од пиво! Вода и јачмен!
На Запад за 30-40центи имаш класа пива, плус избор!

Мислам дека ние (генерално) имаме најскапо пиво!

Скроз си прав на темава за пиво затоа и го спомнав во воведниот пост
Еве и денес баш ми излезе ова од сопственик на кафич кој добро ги познава цените на пивото кај нас и во Германија

Тале Шојлев на фб
Во ова наше Државиче во обид нема маж.
Неможе Бекс пиво светски познато кое се продава на цела земјина топка да биде 620ден.една гајба од 20 пива по 0,5л.каде едно пиво излегува 31ден.
Оетингер да биде 6,99евра или 420ден.каде едно пиво е 21ден.
Корона е 15,49евра или околу 950ден.едно пиво е помалку од 50ден.во сите наши маркети Корона е 75ден.
Скопска пивара со Прилепска пивара имаат дуал монопол каде ја диктираат цената на големо го продаваат стакло од 0,5л.по цена од 48ден.а во маркет околу 58 до 60ден.
Со други зборови овој напатен,мирен народ со вроден ген на потчинетост и послушност до смрт се пљачка немилосрдно.
Скопско и Прилепско се пива тотални анонимуси прво во околните Држави а за подалеку не ни спомнувам.
Како може Бекс пивото од Бремен да биде 31ден.од 0,5л.
како е тоа возможно??
Пиво кое е светски бренд.
Корона пивото од каде го увезува Германија а од каде ние го увезуваме?
Германците сигурно го увезуваат од Мексико а ние или од Сатурн или од Јупитер.
Пљачка невидена,без никаква контрола,елдорадо за еден куп хоштаплери.
П.С.
Е сега хипотетички да претпоставиме да имаше маж во Државичево кој се грижи за граѓаните и за малопродажните цени ќе ги викнеше главните од Скопска и Прилепска пивара и ќе им речеше,пошто вашето пиво е тотално непознато и анонимно ќе го продавате по цена од максимум 20ден.шише од 0,5л.
А до колку тоа у моментов не го спроведете,ја укинавам акцизата за алкохолни пијалоци која ве штити од бико каква конкуренција и од утре пуштам слободен увоз на сто врсти на Германски пива.
Па тогаш борете се со таа силна конкуренција на бренд пива.
Тоа е исто како што на земјоделците им увезувате шлепери со патлиџани од Албанија со сто пати поголема количина на пестициди и еден куп други земјоделски култури,поради кој земјоделците неможат глава да дигнат.
Значи за вие две пивари е дозволен дуал или договорен монопол а за земјоделците само убави зборови.
А оти? Оти овие две се моќни со пари а земјоделците се борат за гол живот.
П.П.С.
Воа нашево Државиче во обид се управува максимум за еден месец а може и помалку.
И ова само еден небитен сегмент од нашево општество,ако земам да редам да споредувам,треба тука да ви пишувам есеи,море цели дипломски да пишувам да споредувам нелогични работи.
Туку кој сум јас да кажувам,имаме ние амбасадор во Германија,економски аташеа и еден куп изгубени у време и во простор што со извинение кур ги боли за Македонија.
 
Attachments

  • 1.jpg
    1.jpg
    208,2 KB · Прегледи: 9
  • 2.jpg
    2.jpg
    163,2 KB · Прегледи: 10
  • 3.jpg
    3.jpg
    176,4 KB · Прегледи: 8
  • 4.jpg
    4.jpg
    179,4 KB · Прегледи: 9
Изреволтиран од неколку случки во последниов период ја отварам темава. Имено ми се дешаваат неколку очигледни примери на крајно неразумни маржи од страна на трговците кои ме оставаат без зборови, буквално лупање и на 2-3 поголеми маржи од нормалните реални цени притоа се чини никој ништо не превзема од властите во држава да го спречи тоа. Разбирам јас капитализам слободен пазар ама ова е буквално пљачкање и осиромашување на сопствениот народ, џабе се сите покачувања на просечна плата на пензии по 100 евра ако давачките и маржите на трговците останат како сега.

Ќе набројам само неколку примери кои ми се случуваат последниот период

1) Прво со храната. Бидејки во фамилија имам човек што работи во земјоделскиот сектор, буквално производот го продаваат за 60 денари а истиов само производствени трошоци се 50тина денари значи ќарот на производителот максимум некои 10 денари по килограм. Од друга страна трговциве донесено до нивни склад маркет и истиот производ го продаваат x2 односно 120 денари !? Ова важи за еден куп производи, од основни намирници за прехрана до алкохол (вино пиво) каде што суровината домашна е крајно ефтина платите на работниците што го произведуваат истото просечни а крајниот продукт се продава дури поскапо и од увозните.

2) Втор случај имав проблем со одредена алатка за одржување на градината и се јавувам во Синпекс Битола да ги прашам која цена е делов како од топ ми викаат 6000 денари. Сета среќа комшија беше кај мене во двор и ми вика абе бегај од тие лопови работат со огромни маржи, јас го имав истиот проблем и го купив за 3500 денари делот. По кратко пребарување на фирми на златна книга и неколку јавувања на крај дури успеав да го најдам за 3000 денари значи овие првиве Синпекс одат и со над 100% маржа

3) Лековите се пак друга категорија која ги засега сите но највеќе пензионерите, буквално во Србија на приватно лековите се 2-3 пати поефтини од нашиве тука ?

3) Трет најсвеж пример бидејки земав кола пред одредено време. Викам ај да купам резервен бандаж оригинал нека биде да не се замарам со сомнителни копии, се јавувам во овластениов сервис ми даваат понуда која е дури 3.5 пати поголема од онаа што ја добив од исто овластен сервис само во соседна држава. Буквално со разликава од пари можам еден одмор плус успат да истерам

Искрено бев голем оптимист дека може да биде подобро во државата, но кога гледам како се работи (лакомост, кражба) ми иде уште утре да почнам постапка за иселување. Дали мислите дека властите може да направат нешто да ги скротат намалат ненормалните маржи на производите или едноставно нема простор за такво нешто во слободен пазар ака капитализам :cautious:
Револт на место. Моментално градам систем каде што производи би се доставувале директно до крајни корисници ако си заинтересиран пиши по ПП. Чисто информативно ќе треба доста време да се изведе оваа идеја и најверојатно би се почнало со мали бизниси пред да се премине на крајни корисници.
 
Тоа заблагодарете им се на Трамп и остала екипица кои напорно работат народот секаде во светот да е се посиромашен. Од ковидот буквално бел ден не видовме и трговците секаде во светот само го користат тоа за дигање цени и инфлација праење.
 
Чудно како во соседна Србија нема толкаво влијание Трамп врз практикиве на трговциве да бричат на суво а кај нас ршум прават. И самата влада конкретно Мицковски кажа дека неоправдано се зголемувале маржите ама до сега ништо конкретно не превземаа мерки
 
И ти плачеш безвеза. Ти го прочитав првото мислење и за две точки си бил у официјален дилершип. И си се разочарал од цените. Па така ти е друже во секој дилершип кога купуваш. Искачаш од гаранција и те дерат. Без разлика дали си во МК, Србија, Америка. Дали е тоа за земјоделски машини или возила. Мицко прави што може верувам у него. Да не беше он дупло ќе брше хранава.
 
Значи официјален дилершип во Србија и Бугарија ми нудат многу поефтини реални цени, само кај нас цената е набиена со огромна маржа. Тоа е така оти под 1) немаме функционална државата и/ли 2) политичарите се корумпирани па намерно замижуваат пред ова.

И не е гледаш со примерите само кај делови, така е и со храната и со лековите и со скоро се!
 
Последно уредено:
Добро, скапо е, не купувај од кај нив.
Нема од каде другде да купиш?
Добро, отвори свој бизнис и уништи ги со пониски цени од нивните.

Или ќе успееш да ги победиш, или ќе сфатиш самиот зошто се толкави цените.
Не знам што ќе се случи. И едната и другата опција е можна.
 
... тоа што ќе го контролираат увозот на млекото во прав ми дава надеж дека се на прав пат, ама некако споро, треба поагресивно да се делува на пазарот,

... посебно ме иритира кога ќе видам гајби со домати од Албанија, лубеници од Грција, што им конкурира на нашите земјоделци, а квалитет никаков ни вкус ни мирис, прашање што содржат при самото провоцирано одгледување и зреење!

...све што се произведува во Македонија, а нема недостаток не треба ни да се увезува, а и извозот да биде умерен да се задоволи домашниот пазар, не знам тука како се контролира увоз / извоз на наши производи, па доминација на увозот што ги диктира цените!
 
Изреволтиран од неколку случки во последниов период ја отварам темава. Имено ми се дешаваат неколку очигледни примери на крајно неразумни маржи од страна на трговците кои ме оставаат без зборови, буквално лупање и на 2-3 поголеми маржи од нормалните реални цени притоа се чини никој ништо не превзема од властите во држава да го спречи тоа. Разбирам јас капитализам слободен пазар ама ова е буквално пљачкање и осиромашување на сопствениот народ, џабе се сите покачувања на просечна плата на пензии по 100 евра ако давачките и маржите на трговците останат како сега.

Ќе набројам само неколку примери кои ми се случуваат последниот период

1) Прво со храната. Бидејки во фамилија имам човек што работи во земјоделскиот сектор, буквално производот го продаваат за 60 денари а истиов само производствени трошоци се 50тина денари значи ќарот на производителот максимум некои 10 денари по килограм. Од друга страна трговциве донесено до нивни склад маркет и истиот производ го продаваат x2 односно 120 денари !? Ова важи за еден куп производи, од основни намирници за прехрана до алкохол (вино пиво) каде што суровината домашна е крајно ефтина платите на работниците што го произведуваат истото просечни а крајниот продукт се продава дури поскапо и од увозните.

2) Втор случај имав проблем со одредена алатка за одржување на градината и се јавувам во Синпекс Битола да ги прашам која цена е делов како од топ ми викаат 6000 денари. Сета среќа комшија беше кај мене во двор и ми вика абе бегај од тие лопови работат со огромни маржи, јас го имав истиот проблем и го купив за 3500 денари делот. По кратко пребарување на фирми на златна книга и неколку јавувања на крај дури успеав да го најдам за 3000 денари значи овие првиве Синпекс одат и со над 100% маржа

3) Лековите се пак друга категорија која ги засега сите но највеќе пензионерите, буквално во Србија на приватно лековите се 2-3 пати поефтини од нашиве тука ?

3) Трет најсвеж пример бидејки земав кола пред одредено време. Викам ај да купам резервен бандаж оригинал нека биде да не се замарам со сомнителни копии, се јавувам во овластениов сервис ми даваат понуда која е дури 3.5 пати поголема од онаа што ја добив од исто овластен сервис само во соседна држава. Буквално со разликава од пари можам еден одмор плус успат да истерам

Искрено бев голем оптимист дека може да биде подобро во државата, но кога гледам како се работи (лакомост, кражба) ми иде уште утре да почнам постапка за иселување. Дали мислите дека властите може да направат нешто да ги скротат намалат ненормалните маржи на производите или едноставно нема простор за такво нешто во слободен пазар ака капитализам :cautious:

Вака треба за се во животот, ако сакаш разумно да ги трошиш парите. Ова врска нема со Македонија. Ти кажувам од искуство, 13 години сум во трговија. Едно исто нешто може да чини 10, 50 и 100 денари. Само твоја одлука е каде ке го купиш.
 
Тоа заблагодарете им се на Трамп и остала екипица кои напорно работат народот секаде во светот да е се посиромашен. Од ковидот буквално бел ден не видовме и трговците секаде во светот само го користат тоа за дигање цени и инфлација праење.
Да бе Трамп е крив шо трговците кај нас се ненаситни. Трамп е крив шо ги опустошија фирмите во таканаречената транзиција,така?
 
Back
На врв Bottom