Мулти формиран периодичен впечаток
Уапсените пред скоро време таму во Драч, Муса Џавит и Сенафи Нуредини дел од Беланоца Барон екипата, се екстрадирани на добра волја на Албанија кон Македонија доколку избегале во Косово тоа ќе беше фантазија, инаку се гонат за убиства, Муса за убиство во Батинци на Абдил Ибрахими и офецерот Агим Мухареми, а Сенафи за пукањето во Палас и убиството на Камбер Идризи а веројатно и за убиениот блогер Амар Исмани, инаку во Идризово се уште главни се роднините на Беланоца фамилијата Асани така што безбедни се внатре, доколку ги ископаат Грчец Дуќанџик бегалците ќе биде опасно за нив во затвор.
Спектакуларното апсење вклучено и конфискување имот па возила на кочанскиот дилер Цуна е театар за народот демек освета за бегството од станица, паднал зошто згрешил према локалната власт работи, инаку секој помал град има таков лик привремен шериф.
Пораката фатена јавно на Скај разговорот, каде извесен Тони Барселона го фали Шеваљ Муареми во соработката на Сокол Бибај кримос од Албанија со македонски пасош, е муабет што е спомнат тука пред многу време и се потврдува вака повеќе пати, тргнати од Македонија и стасани до високо интернационално ниво се Коле и Петрит на времето и дури после толку време Шеваљ, останативе се многу помали, оние почнати во странство и стигнати до одредено ниво се друга приказна.