Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
I jas sakam da se sadat poveke drva I Vodno da e priroda, ama ovie temepraturni razliki se nadvor od kontrola na zemjava, bilo koja zemja sto dosega nemala vakvi situacii ne moze da e spremna za vakvo nesto, ta I tie drva sto gi imame ne se spremni za vakvi vetrovi pa golem del od niv ispopagaa.
Se raboti za globalni temperaturni promeni so koi doprva ke se soocuva kontinentov.

Дека има затоплување има, ама според некои споредби и не е толку екстремна разлика во однос на порано како што некои сакаат да го престават. Дека со повеќе зеленило, трева и дрвја се ублажува температурата тоа е факт. Земи прошетај дури и во најжешкиот дел во денот на пример во големиот парк во Велес или Скопје од Сити Мол покрај дрворедот накај центар правец и ќе ти стане јасно.

Стари суви потенцијално опасни дрва лесно се детектираат и ако ги остраниш, садиш нови и продолжуваш понатаму

Ние сакаме се што е зелено дрвја да уништиме, да ставиме асфалт бекатон некој објект и после кукаме жешко било. А баш обратно со затоплувањево треба се повеќе да имаме зелени зони прелази, каде што луѓето ќе може да гравитираат по нив кога е потопло
 
Тоа е точно.. ама му ја испушти поентата..
Зошто државата/општината да покрива штети кога 90/км/ч во проектна документација и градежни норми треба без проблем да издржат крововите!
Убаво си објасни човекот!

Зошто да платат штета за колите кои настрадале од тарапана изведени кровови!

За дрвата, ако било старо/труло, тужи ги паркови и зеленило! Ако не било, виша сила, што не си се осигурал каско :toe:

Малку преку к*р и од народов што се научил само со раширени раце да бара од државата све и свашта!
Државата ако не ја сака опцијата да плати да се поправат покривите. Треба уште денеска да излезат на терен и инспектори и за секој покрив кој не е направен по стандарди треба да почнат да пишуваат казни и фирмите да си ги поправат покривите бесплатно. Па најголем дел од покривите кои летнаа беа на нови градби.

Од аспект на квалитетот на градбата, тука е директно крив Миле Јанакиевски кој во периодот 2008-2011 ги има тргнато сите стандарди и сите регулации само за да се "врти пара". На новите згради државата повеќе воопшто не прави технички прием. Инвеститорот само си потпишува дека се е ок. Истото е и со управителите, кои живеат од неслогата на зградите и не понесуваат одговорност за апсолутно ништо.

Другиот проблем е што еве вие како зграда сте платиле да се стави нов кров. Кровот е уништен за време на невремето. Ќе ти требаат години за ти на суд да докажеш дека кровот не е направен по стандарди. А ако е некој ептен политички поврзана градежна фирма, никогаш нема да докажеш. Претходно постираше некој, каде што зградата тужела дека кровот не е направен по стандарди, зградата го ИЗГУБИЛА случајот. И вчера кровот ветрот го однел.

Знаеш како, не може цело време да се бара народот да плаќа за се, а државата ниту да сноси некаква одговорност за нешто, ниту пак да спроведува некакви правила. Според тоа што се случи последните 5 години од просечниот човек се бара:

  • Кога ќе влага во меѓународен автобус да провери дали има валиден технички преглед автобусот, а и ако има истиот да го провери по институциите зошто можеби не е валиден па истиот автобус ќе излета од пат или ќе се запали.
  • Кога ќе купува стан, треба:
    • Да ја провери фирмата да не се измамници и становите да не ги продаваат на повеќе луѓе. Дека нотарите и државата не прават ништо.
    • За време на градба цело време да оди на градилиште да ги контролира што прават, зошто градежна инспекција нема, а после оди по судови и докажувај се дека надзорот што го најмил инвеститорот не правел соодветен надзор.
    • Кога ќе одиме на доктор да проверуваат дали им даваат вистински лекарства или истите ги препродаваат.
  • Храна треба да проверува да не е затруена.

Граѓанинот треба да плати 38% данок директно + уште некој 20%+ индиректно и плус апсолутно се да си заврши САМ. Епа не може така.
 
Зашто штетата не е од негрижа, туку од долетан објект богзнае од каде и чив, и кој им дозволил да го направат.

Значи виша сила да, несреќа, и државата секогаш давала оштета за вакви работи. Не викам дали е добро тоа или не ама така било до сега.
Океј, мене пред 15-20 години не ми платија ништо за штета од град! (искршени ќерамиди и стакло на колата)...
Каква е оваа пракса де потсети ме?!
За едни мајка за други маќеа?!

П.С. ви ја следам дискусијата на програмерскана тема... за даноците ;)
 
Дека има затоплување има, ама според некои споредби и не е толку екстремна разлика во однос на порано како што некои сакаат да го престават. Дека со повеќе зеленило, трева и дрвја се ублажува температурата тоа е факт. Земи прошетај дури и во најжешкиот дел во денот на пример во големиот парк во Велес или Скопје од Сити Мол покрај дрворедот накај центар правец и ќе ти стане јасно.

Стари суви потенцијално опасни дрва лесно се детектираат и ако ги остраниш, садиш нови и продолжуваш понатаму

Ние сакаме се што е зелено дрвја да уништиме, да ставиме асфалт бекатон некој објект и после кукаме жешко било. А баш обратно со затоплувањево треба се повеќе да имаме зелени зони прелази, каде што луѓето ќе може да гравитираат по нив кога е потопло
Tocno, se soglasuvam drvoredite pravat senka I gi ublazuvaat zestinite za zitelite no toa nema nikakov efekt na toa sto se slucuva nekolku kilometri nad niv, kade topliot vozduh se sudira so ladniot I stvara ciklonski nevreminja kako sto imase.
 
Државата ако не ја сака опцијата да плати да се поправат покривите. Треба уште денеска да излезат на терен и инспектори и за секој покрив кој не е направен по стандарди треба да почнат да пишуваат казни и фирмите да си ги поправат покривите бесплатно. Па најголем дел од покривите кои летнаа беа на нови градби.

Од аспект на квалитетот на градбата, тука е директно крив Миле Јанакиевски кој во периодот 2008-2011 ги има тргнато сите стандарди и сите регулации само за да се "врти пара". На новите згради државата повеќе воопшто не прави технички прием. Инвеститорот само си потпишува дека се е ок. Истото е и со управителите, кои живеат од неслогата на зградите и не понесуваат одговорност за апсолутно ништо.

Другиот проблем е што еве вие како зграда сте платиле да се стави нов кров. Кровот е уништен за време на невремето. Ќе ти требаат години за ти на суд да докажеш дека кровот не е направен по стандарди. А ако е некој ептен политички поврзана градежна фирма, никогаш нема да докажеш. Претходно постираше некој, каде што зградата тужела дека кровот не е направен по стандарди, зградата го ИЗГУБИЛА случајот. И вчера кровот ветрот го однел.

Знаеш како, не може цело време да се бара народот да плаќа за се, а државата ниту да сноси некаква одговорност за нешто, ниту пак да спроведува некакви правила. Според тоа што се случи последните 5 години од просечниот човек се бара:

  • Кога ќе влага во меѓународен автобус да провери дали има валиден технички преглед автобусот, а и ако има истиот да го провери по институциите зошто можеби не е валиден па истиот автобус ќе излета од пат или ќе се запали.
  • Кога ќе купува стан, треба:
    • Да ја провери фирмата да не се измамници и становите да не ги продаваат на повеќе луѓе. Дека нотарите и државата не прават ништо.
    • За време на градба цело време да оди на градилиште да ги контролира што прават, зошто градежна инспекција нема, а после оди по судови и докажувај се дека надзорот што го најмил инвеститорот не правел соодветен надзор.
    • Кога ќе одиме на доктор да проверуваат дали им даваат вистински лекарства или истите ги препродаваат.
  • Храна треба да проверува да не е затруена.

Граѓанинот треба да плати 38% данок директно + уште некој 20%+ индиректно и плус апсолутно се да си заврши САМ. Епа не може така.
Тоа дека не дерат со даноци е точно!
А услуга за возврат нула!
Сепак во нормален свет, невреме и штети покрива осигурање, не држава...
Кривицата е кај сите нас, оти си играме кобајаги држава!
 
Ќе кажам ти си во право ако штетата не е структурна. Значи има невреме, има град ти се кршат прозори, кола, слично тука е прашање на лична одговорност.

Ти купуваш стан, и после 5 години има појак ветер ти го корне кровот. Има поголем дожд и подрумот ти се полни со вода до приземје. Ти се појавува влага на сите ѕидови дека негде направиле пропуст и помеѓу изолацијата влеува вода и се заробува таму. Тука е крива државата.

Имаш два начина како да спречиш вакви појави:

1. Строги контроли при изградба како што било порано.
2. Брз и ефикасен судски систем кој би казнувал строго какви било манипулации од страна на инвеститорите.

Ние сме во ситуација каде што немаме ниту една опција. Еве мое лично искуство, купив стан. Буквално морав секоја недела да одам на градилиште да ги гледам што прават, зошто забушаваат. Доаѓа "прием" и за мене лично е неприфатливо во ера на ласери и гипс картони секој агол да биде нерамен, горната плоча да не биде рамна, пархетот го оставаат со прашина не го чистат за да не се познаваат никакви оштетувања пред да потпишам. Си истурале лепак директно во одводот за туш едниот беше затнат. Едната врата не се затвараше добро од терас, две врати од соби оштетени.

И одговорот беше, освен одводот ова другово не поправаме. Ако сакаш потпиши ако не ништо барај си друго чаре. 2 години го чекаш станот. 2 месеци по вселување, снемувам струја, тој што ја местел електричната табла ниште не заштрафил, само ги ставил штрафовите и си отишол. Другата зграда до мене имаат процеп помеѓу изолацијата и зградата, зимава цели ѕидови влага, овој им рекол појачајте греење да се исуши.

Еве во Скопје на Хемиско и ПТТ средните школи вчера летнале крововите, и двете школи се со нови кровови.
 
Шта речи а не заплакати..
Значи чарево е атомска бомба само!
 
Супер чим државата ке покрива. Сега и ќоро и сакато ке бара пари.
Ако не им е скршено сами ке ги скршат, секако има куќи и станови со многу стари покриви неодржувани.

Таман имам комшија што дворот му е мини депонија и си фрла парчиња од лимови на покрив како ке му текне.
Секако со невремево све му се разлета и бербат му направи, од герамиди до стакло.

Нека си аплицира нека видат искршени герамиди од дедо ное, несредени. (тоа секако му паѓаат и мало ветре да има)
Он здрав прав 40 години само никад не работи ниту пак оди на работа.
Нека си лапне нешто за да стави на Јувентус Интер спортска пошто кисне таму.

За дрпање пари махери сме ние, затоа мамата и ебавме на државава.
 
Граѓанинот треба да плати 38% данок директно + уште некој 20%+ индиректно и плус апсолутно се да си заврши САМ. Епа не може така.
Граѓанинот треба да е свесен дека постои опција осигурување, која се плаќа на месечно ниво и која покрива вакви штети.
Не може за секој опожарен стан, поплавена куќа, посилно невреме да бараме оштета од државата и да собираме донации. Како Весна бејби што организира цел хуманитарен концерт за да ја поправи штетата од пожар во семејната куќа.

Осигурај се, ќе ти исплати компанијата па после нека си се тужи таа со државата.

Минатото лето во Охрид имаше вест по сите медиуми за некоја станбена заедница што се бунеше зошто Комуналец им доставиле фактура за сеча на бор кој се наоѓал катастарски во рамки на парцелата на зградата.
Комуналец една година им испраќал потсетување дека борот е веќе скапан и треба да се санира, овие игнорирале. Замисли сега да имаше невреме и тој бор паднеше врз некој автомобил, или врз дете, кој ќе поднесеше кривица?

За барање права сме први, ама за обврски некако не ни се слуша.
 
Државата треба да сфати дека има надлежности и одговорност и дека народот плаќа даноци за они да се осигураат дека владеат одредени стандарди, правила и дека има ефикасен и достапен начин како да се дојде до правда. А не само да зборат за обрски колку имаат граѓаните да платат а кога ќе треба да се сработи нешто тогаш да не им се слуша.

Што ја менувате темата и зборите за индивидуални случаи. Е ова беше проблемот вчера:

1784721439412.png

Во Мичурин истото се случи кај релативно нови згради, на ПТТ и Хемиско исто беа реновирани покривите.
 
Кажав дека имаат опција и да протестираат и еве, едвај 20 луѓе се собрале.

Овој народ и со гомна можеш да го раниш, ќе си ги срка со кутлача и уште ќе бара.

Прегледај го приврзокот 483179
Па како очекуваш да има повеќе што протестираат кога над 3000 се отруени ;)
 
Државата треба да сфати дека има надлежности и одговорност и дека народот плаќа даноци за они да се осигураат дека владеат одредени стандарди, правила и дека има ефикасен и достапен начин како да се дојде до правда. А не само да зборат за обрски колку имаат граѓаните да платат а кога ќе треба да се сработи нешто тогаш да не им се слуша.

Што ја менувате темата и зборите за индивидуални случаи. Е ова беше проблемот вчера:

Прегледај го приврзокот 483301

Во Мичурин истото се случи кај релативно нови згради, на ПТТ и Хемиско исто беа реновирани покривите.
Две работи може да се точни истовремено.
И во земји каде што се следат стандарди 100%, не може да се вселиш во стан/куќа без осигурување, како прво банката не ти дава кредит.
Или пробај внеси автомобил во сообраќај без осигурување, невозможно е.

Кога таму може да се следи ваква пракса, зошто да не може и кај нас?
 
Државата ако не ја сака опцијата да плати да се поправат покривите. Треба уште денеска да излезат на терен и инспектори и за секој покрив кој не е направен по стандарди треба да почнат да пишуваат казни и фирмите да си ги поправат покривите бесплатно. Па најголем дел од покривите кои летнаа беа на нови градби.

Од аспект на квалитетот на градбата, тука е директно крив Миле Јанакиевски кој во периодот 2008-2011 ги има тргнато сите стандарди и сите регулации само за да се "врти пара". На новите згради државата повеќе воопшто не прави технички прием. Инвеститорот само си потпишува дека се е ок. Истото е и со управителите, кои живеат од неслогата на зградите и не понесуваат одговорност за апсолутно ништо.

Другиот проблем е што еве вие како зграда сте платиле да се стави нов кров. Кровот е уништен за време на невремето. Ќе ти требаат години за ти на суд да докажеш дека кровот не е направен по стандарди. А ако е некој ептен политички поврзана градежна фирма, никогаш нема да докажеш. Претходно постираше некој, каде што зградата тужела дека кровот не е направен по стандарди, зградата го ИЗГУБИЛА случајот. И вчера кровот ветрот го однел.

Знаеш како, не може цело време да се бара народот да плаќа за се, а државата ниту да сноси некаква одговорност за нешто, ниту пак да спроведува некакви правила. Според тоа што се случи последните 5 години од просечниот човек се бара:

  • Кога ќе влага во меѓународен автобус да провери дали има валиден технички преглед автобусот, а и ако има истиот да го провери по институциите зошто можеби не е валиден па истиот автобус ќе излета од пат или ќе се запали.
  • Кога ќе купува стан, треба:
    • Да ја провери фирмата да не се измамници и становите да не ги продаваат на повеќе луѓе. Дека нотарите и државата не прават ништо.
    • За време на градба цело време да оди на градилиште да ги контролира што прават, зошто градежна инспекција нема, а после оди по судови и докажувај се дека надзорот што го најмил инвеститорот не правел соодветен надзор.
    • Кога ќе одиме на доктор да проверуваат дали им даваат вистински лекарства или истите ги препродаваат.
  • Храна треба да проверува да не е затруена.

Граѓанинот треба да плати 38% данок директно + уште некој 20%+ индиректно и плус апсолутно се да си заврши САМ. Епа не може така.
државата, државата, државата, не си во право!
Што е тоа државата, кој ја чини државата?
Зошто јас/ти или било кој што плајча даноци би плаќал за некој си кој заради криминал не ги вложил потребните елементи во градбата и како ја тераш работата државата треба да ја надомести ште4тата а не одговорното лице/фирма е па така не треба да биде иако е токму така.
Би прифатил ако бараш да има поефикасна администрација да има строго определена одговорност а не секоја шуша да прави криминал и на крајот ти вели тужи ја државата, па мене не ме оштетила државата ами копукот, еве ти пример:
Црпе со оној Тутабулгаринот потпишаа спротивно на сите уставни/законски овластувања договор со Грција Бугарија и сега според тебе јас треба да ја тужам државата или тие црпнатите копуци?

Изнесуваш несоодветни примери.
Државата регулира да има технички служби за контрола на исправноста на автобусот/возилата, како за тебе така и за сите останати ако некој таму во тој технички сервис не си ја завршил работата одговорно е е тоа лице правно и индивидуално а не државата, ако некој покрене приговор за вештачење повторно државата регулирала служби за вештачење и законски прописи.
За да биде појасно;
Некој си суд/судија носи одлука спротивно на доказите и законот оштетениот се жали во Брисељот и се носи одлука државата, повторувам државата Македонија, да плати казна/надомест на оштетениот, не судот/судијата туку сите ние кои го полниме буџетот да платиме за неговиот криминал ... би имал разбирање ако твоето барање е судот/судијата да ги сноси тие трошоци односно ДРЖАВАТА да изврши измени во законската регулатива каде ќе се персонализира одговорноста!

Граѓанинот треба да е свесен дека постои опција осигурување, која се плаќа на месечно ниво и која покрива вакви штети.
Не може за секој опожарен стан, поплавена куќа, посилно невреме да бараме оштета од државата и да собираме донации. Како Весна бејби што организира цел хуманитарен концерт за да ја поправи штетата од пожар во семејната куќа.

Осигурај се, ќе ти исплати компанијата па после нека си се тужи таа со државата.

Минатото лето во Охрид имаше вест по сите медиуми за некоја станбена заедница што се бунеше зошто Комуналец им доставиле фактура за сеча на бор кој се наоѓал катастарски во рамки на парцелата на зградата.
Комуналец една година им испраќал потсетување дека борот е веќе скапан и треба да се санира, овие игнорирале. Замисли сега да имаше невреме и тој бор паднеше врз некој автомобил, или врз дете, кој ќе поднесеше кривица?

За барање права сме први, ама за обврски некако не ни се слуша.
Некој твој близок или ти работиш во осигурителна компанија?
Или не си добро информиран како работат осигурителните компании.
 
Back
На врв Bottom