ВМРО - ДПМНЕ - Политичка Партија

  • Креатор на темата Креатор на темата Флеш
  • Време на започнување Време на започнување

Добра е листата на пратеници?!

  • Да

    Гласови: 43 19,5%
  • Не

    Гласови: 144 65,5%
  • Така-така (Делумно)

    Гласови: 33 15,0%

  • Вкупно гласачи
    220
Не знам дали воопшто ја сфаќаш иронијата во ситуацијава. Партијата што со години најмногу ја користеше Бугарија како политичка закана и собираше поени на антибугарска реторика, денес без никаков проблем отвора фирми и води бизнис токму таму. Не е спорно што отвораат фирми, спорна е лицемерноста
Би ја сфатил иронијата, да постоеше антибугарска реторика, а со тоа и лицемерност. Да си против негаторската политика на Бугарија кон македонскиот идентитет и јазик, како и против постојаното поставување нови услови во евроинтегративниот процес, не е антибугарска реторика, туку сосема легитимен и рационален став за кој би требало да има национален консензус кај нас.

Никој не вели мразете бугари, не одете на одмор таму, не соработувајте со нив, не отворајте фирми таму, туку едноставно ти велат доста беше измеќарски однос и коленичење, не прифаќаме бесконечни дополнителни услови и ултиматуми без јасна предвидливост и конечен исход во евроинтегративниот процес. Направивме премногу отстапки како држава, премногу пати бевме извисени и понижени, доста беше. Немаме проблем ни да ги внесеме бугарите во Уставот, доколку постои веродостојна гаранција дека тоа би бил последниот услов и дека по неговото исполнување процесот за влез во ЕУ ќе продолжи без нови блокади.

Не е антибугарска реторика ако се залагаш за предвидлив, фер и достоинствен процес за влез во ЕУ. Појасен став и реторика од тоа, здравје. Така да, сè додека имаат таков став во надворешната политика, кур ме боли дали некој токмак од седми ешалон имал фирма во Бугарија.
 
Не треба, може да се отвори фирма во Бугарија без бугарско државјанство.

Бујрум:

HKhr8dyW0AA0OfC

С`што :icon_lol:

Дoполна:

HLbBlPhX0AAUWwR

Христијан Мицкоски вадел бугарски пасош!​

Само в Lupa.bg: Христијан Мицкоски е кандидатствал за БГ гражданство в Скопие​

Премиер'т на РСМ е зајавил желанието си да има б'лгарски паспорт пред генералнија консул Венцислав Цветанов​

Патриотическите македонски блгари уф началството не ги искаат братјата европејски блгари. Трудно.

Прво не се работи за обични членови или симпатизери на партија туку функциониери кои се слеани во државната структура, имаш низа недоследности, од ликовите кои се спомнуваат околу конструкцијата со бугарските клубови во Македонија кои добар дел лично, а останатите нивни блиски се вдомени на буџетска цицка од истава структура, до тоа да тераат приватни бизниси со Бугарија и уште полошо да се бугарски државјани а во меѓувреме да се наметнува жестока антибугарска реторика од истите дома. Значи тоа е лицемерие благо речено. Меѓутоа кога ќе земеш во предвид дека таткото на еврскептизцимот во Македонија кон кого сеуште се гаи идолопоклонство сега е државјанин не земја членка на ЕУ и НАТО нема простор за барање резон од таа страна по ниту една основа.
 
Би ја сфатил иронијата, да постоеше антибугарска реторика, а со тоа и лицемерност. Да си против негаторската политика на Бугарија кон македонскиот идентитет и јазик, како и против постојаното поставување нови услови во евроинтегративниот процес, не е антибугарска реторика, туку сосема легитимен и рационален став за кој би требало да има национален консензус кај нас.

Никој не вели мразете бугари, не одете на одмор таму, не соработувајте со нив, не отворајте фирми таму, туку едноставно ти велат доста беше измеќарски однос и коленичење, не прифаќаме бесконечни дополнителни услови и ултиматуми без јасна предвидливост и конечен исход во евроинтегративниот процес. Направивме премногу отстапки како држава, премногу пати бевме извисени и понижени, доста беше. Немаме проблем ни да ги внесеме бугарите во Уставот, доколку постои веродостојна гаранција дека тоа би бил последниот услов и дека по неговото исполнување процесот за влез во ЕУ ќе продолжи без нови блокади.

Не е антибугарска реторика ако се залагаш за предвидлив, фер и достоинствен процес за влез во ЕУ. Појасен став и реторика од тоа, здравје. Така да, сè додека имаат таков став во надворешната политика, кур ме боли дали некој токмак од седми ешалон имал фирма во Бугарија.
Каква врска има целото ова што го напиша со фактот дека секој втор функционер од ДПМНЕ има фирма во Бугарија или бугарски пасош?

Значи со години се собираат политички поени со антибугарска реторика, а кога ќе дојде ред на личен интерес, фирма во Бугарија, бугарски пасош, бизнис во Бугарија. Тоа се вика лицемерие и двојни аршини. Едно се зборува кога треба да се земат гласови, сосема друго се прави кога се работи за личен интерес

Не знам како успеа да ги измешаш сите овие работи, никој не дискутира дали Бугарија има или нема проблематична политика. Прашањето е едноставно, ако со години тврдите дека Бугарија е најголемата закана, зошто токму функционерите од ДПМНЕ таму отвораат фирми, прават бизнис и вадат бугарски пасоши? Тоа е иронијата што упорно ја избегнуваш.

Во моментов Бугарија треба јавно да објави список со име, презиме, фирма и функција на сите македонски функционери што имаат фирми или бугарски пасоши, барем да не губиме време со деманти

Ама како да ти кажам, кај сендвич нацијата мозокот е само орган кој зафаќа место, не е за размислување
 
Има врска, ама не си ме сфатил што сакам да кажам. Според мене ДПМНЕ немаат антибугарска реторика, туку само се против негаторската политика на Бугарија во евроинтегративниот процес на Македонија. Објаснив во постот зошто и како. Оттука не гледам ништо спорно во имање фирми во Бугарија. Дај боже македонците да отвораа фирми во Бугарија и да правеа пари, наместо да се резилат со пишување бугари и вадење бугарски пасош.

Со другото се согласувам дека Бугарија треба јавно да објави списоци и докази за македонски функционери со бугарски пасош, со се слика од пасошот. Дотогаш, се друго се обични коперациски муабети и бугарска пропаганда против македонска влада која не ги мава од кур исполнувајќи им желби и услови.
 
Не мора да ја нарекуваш антибугарска реторика, наречи ја како сакаш. Факт е дека со години се собираат политички поени преку реторика насочена кон Бугарија, а приватно истата таа Бугарија не претставува никаков проблем кога станува збор за личен интерес

Нека излезат доказите, апсолутно. Но дотогаш не можеш секоја информација што не и одговара на Владата автоматски да ја прогласуваш и етикетираш како бугарска пропаганда
 
Отворање фирма во Бугарија не бара да имаш бугарски пасош, па да е нешто проблем. Македонија си одржува коректни односи и соработка со Бугарија во сите други области. Единствено надворешната политика кон Македонија им е проблематична, ама затоа па никој од кур не ги мава по тоа прашање.

Дали имал Заев фирма таму, Апасиев или Мицкоски, тоа си се приватни работи и може секој каде сака да шета, отвора фирма или оди на одмор, воопшто не ми менува. Ако нив не им смета, мене ич.

Ако информацијата изглегла од бугарски порталчиња, на сред медиумска војна, без никаков доказ од официјални институции на Бугарија, можам и тоа како да ја земам со резерва и да се посомневам во можна бугарска пропаганда.

Не може ни сè што се појавило на интернет, и тоа од бугарски медиуми, да се зема за апсолутна вистина само затоа што така ни одговара во моментот.
 
Никогаш не реков дека фирма во Бугарија е проблем. Проблем е кога едно се зборува за политички поени, а друго се прави приватно. А споредбата со Заев ти е тотално промашена. Не можеш во ист кош да ги ставаш политичари кои со години ја градат својата политика врз патриотизам, заштита на македонските национални интереси и цврста реторика кон Бугарија, со политичари кои никогаш не ја граделе својата политичка поддршка на таков наратив. Токму затоа и очекувањата за доследност не можат да бидат исти.

Нема проблем, земи ја информацијата со резерва. Само не ја прогласувај однапред за пропаганда пред да ги видиш доказите.
 
После ова со фирмиве сите за сдш ќе гласаат :kafence:
 
Општо мислев, не само за фирма во Бугарија, туку било каде. Ете, и Заев да има фирма во Унгарија или Русија, воопшто нема да ми менува ништо, не гледам ништо спорно во тоа.

Политика градена на патриотизам, заштита на национални интереси и цврста реторика против бугарска негаторска политика кон Македонија (не против Бугарија или бугарскиот народ), нема апсолутно ништо спорно со отворање фирма таму. Нема што тука да се бара доследност, се знае каде се бара доследноста - во надворешната политика и заштита на националните интереси на Македонија.

Да не вртиме повеќе го круг, тој е мојот став од прилика.
 
Супер е ова што објавуваат кој има пасоши, само треба за сите функционери да приложат докази.
Го заболе народот што ќе каже Јотова и какви списоци ќе извадат..
Доказ не е ако Јотова каже дека ги видела, доказ не е ако некој портал извади рандом списоци..

Треба по нос да си добие дпмне за бугарашите кои ги има во свои редови

Сагата за дпмне и пасошите може да биде решена од страна на бугарската држава, не од јојо медиуми
 
Абе ова Клековски за министер е она “нема луѓе за работа сите у Германија се отидени”?

Добар Мицко, одличен. Стави асли комуњара на еден од трите најважни ресори во следните 10 години за државата. Или нема појма што прави или крадат заедно, трето логично објаснување нема и незнам што е полошо.
 
Значи со години се собираат политички поени со антибугарска реторика, а кога ќе дојде ред на личен интерес, фирма во Бугарија, бугарски пасош, бизнис во Бугарија. Тоа се вика лицемерие и двојни аршини. Едно се зборува кога треба да се земат гласови, сосема друго се прави кога се работи за личен интерес
Ако пласираат пробугарска/бугарашка политика дали тоа ќе биде доволно да се чувстуваш подобро?
(да се говори едно, мисли друго а работи сосема нешто трето е стандард! не само во политиката)
 
Не зборуваме за лични чувства, туку за тоа дали е лицемерно со години да градиш политичка кариера на антибугарска реторика, а приватно да користиш бугарски пасош, фирми и бизнис кога ти одговара.
 
Back
На врв Bottom