Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување

Не во контекст на ова што починал обвинетиот, мислам дека судската постапка оди во ќорсокак....
 

Не во контекст на ова што починал обвинетиот, мислам дека судската постапка оди во ќорсокак....

Дотичниот, се чини, „отишол„ од мака...можеби „некој„ го местел за да биде „дежурниот кривец„ за пожарот.
 

Полицајците не помагаа кога изби пожарот во дискотеката, рекоа сведоци на судењето за „Пулс“​

08.07.2026 16:43

Присутните полицајци не помагале откако избил пожарот „Пулс“, сведочеа посетители на кочанската дискотека кобната вечер. Вкупно 13 полициски службеници се гонат за тешки дела против општата сигурност. Еден од сведоците беше 24 годишната Сара која откако со другарките се упатиле накај излезот од дискотеката од преголемата гужва најпрвин се тркалала по скалите па потоа врз неа почнале да се трупаат и тела на други луѓе. Откако некој ја спасил и добила свест побарала помош од полицајците кои биле пред „Пулс“ бидејќи не можела да се движи, но не ја добила.

„Видов еден полицаец. Му реков многу ми е лошо, но тој не сакаше да ми помогне. Ми рече како јас можам да ти помогнам. Што да ти направам и се тргна настарна“, сведочеше Сара.

Таа не ги помни полицајците по лик, но никој од нив не давал насоки каде да се движат луѓето. Еден од сведоците беше и 19 годишниот Теодор кој тогаш бил малолетен. Келнерот им јавил дека ќе има рација, а при напуштање на дискотеката кај влезот ги запрел полициски службеник. Излегле надвор да им земат податоци и тоа ги спасило. Сведокот препозна еден од обвинетите дека тој бил полицаецот кој го запрел. Кога избил пожарот му помагал на другар да го најде неговиот брат, а полициските службеници воопшто не пружале помош. Третиот сведок пак видел полицајка која само стоела пред дисоктеката, не знаел дали помагала и притоа ја препозна во една од обвинетите.

Родителите на жртвите порачаа дека полицајците не може да се бранат дека обврска таа вечер им била да бараат опојни дроги, а го одминале најголемиот дилер кој го знае цело Кочани. Влегле во дискотеката, а не реагирале ни на пиротехничката средства.
„Дали спречувањето на такви опасности е дел од вашите службени обврски? Ако е, тогаш зошто не постапивте? Законот не познава изговор „не ми беше смената за тоа“ кога се работи за заштита на човечки животи. А потоа ги гледаме телефонските комуникации што обвинителството ги презентира во судница. Тие ќе бидат предмет на судска оценка, но отвораат сериозни прашања за односите меѓу дел од обвинетите вработени во МВР и сосптвеникот на „Пулс“. И затоа денес прашуваме: дали униформата служела за заштита на граѓаните илиз а удобност на привилигираните?“, рече Александар Наунов, родител на една од жртвите

Обвинителството тврди дека полициските службеници кои биле во „Пулс“ не презеле мерки за спречување на употребата на пиротехничките средства. Сите 13 обвинети тврдат дека се невини. Во пожарот на 16 март, минатата година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Колку сум заслужил, толку испрати – пораки меѓу советник во Министерството за економија и газдата на Пулс откриваат како дискотеката добивала лиценци​

06.07.2026 16:08
Мобилниот телефон на советникот во Министерството за економија Џевахир Камбери ја откри уплатницата за која обвинителството тврди дека е еден од доказите дека е дадено мито за лиценцата со која работела дискотеката Пулс во Кочани. Газдата дејан Јованов – Деко му уплатил на советникот 226 илјади денари во декември 22 година и му испратил фотографгија од уплатницата што беше денеска презентрана како доказ во судница. Во телефонот на Деко, камбери е мемориран како Вили Економија, а обвинителството ги објави и телефонските пораки меѓу нив, во кои меѓу другото Камбери пишува.

Телефонски пораки меѓу Дејан Јовановски и Џевахир Камбери

Колку мислиш дека сум заслужил толку испрати.

Утре ќе бидат испратени.

Во телефонот на синот на сопственикот на дискотеката, Михајло Јованв пак биле пронајдени пораките со инспектори од УЈП за кои во моментов обвинителството води истрага. Доказите за разговорите со Драган Паунов – Дацо обвинителството ги презентираше со образложение дека се поврзани со набавка на часовник како подарок, со казни, со дојави за инспекции но и со заблагодарување за завршена работа. Исто така во разговорите меѓу таткото и синот се открива дека тие имале низа дојави од инспектори, полицајци и началници со најави за рации и контроли за малолетници. Меѓу дел од дојавувачите се наоѓаа имиња на веќе обвинети полициски службеници во три одделни процеси кои се водат во судот но имаше и такви кои не се опфатени па родителите на жртвите реагираа.

„Овие комуникации отвораат сомнежи дали постоела институционална заштита и влијание врз контролите и постапките. Воедно комуникацијата меѓу таткото и синот Деко и Михаил отвораат прашање за улогата на Михаил во работењето и одлучувањето. Дополнително, јавноста за прв пат виде и имиња на лица кои имале бројни и сериозни контакти со сопственици на „Пулс“ и „Класик“, а не се опфатени во обвинителниот акт на ОЈОГОК“, рече Александар Наунов – родител.

Пораки беа презентирани и од телефоните на обезбедувањето . Во комуникацијата која ја имале меѓу себе, утрото после трагичниот пожар, се договараат што ќе кажат во однос на присуството на малолетници во клубот. Исто така дека ако задната врата била отворена, би се спасиле повеќе животи, но и дека пола час им требало да ја отворат со помош на маса. Во судскиот процес се обвинети 35 мина и три фирми, а во моментов постапката е во фаза за која обвинителството тврди дека ќе ја докаже врската на преставниците на институцуиите и сопственикот на дискотеката но и нивното непостапување и придонес кој довел до трагичниот епилог. Во пожарот кој се случи на 16 март лани при настап на групата ДНК загинаа 63 луѓе и повеќќе од 200 беа повредени.

Рушветократија :tapp:
 
„Видов еден полицаец. Му реков многу ми е лошо, но тој не сакаше да ми помогне. Ми рече како јас можам да ти помогнам. Што да ти направам и се тргна настарна“, сведочеше Сара.
Така е кога се примаат курсисти и клошари. Не дека е лошо да се обичните полицајци со курс, но тој да трае барем 2 години и да се обучат за укажување на прва помош. Некои ќе трчаат по дожд од куршуми за да извлекуваат цивили и ќе одат со рани или трауми цел живот, а овие гледаат дека гори и се заебавале. Да се разбериме помош значи и наведување на повредениот до болничари или носење до медицинска установа и не мора да значи преврска, вештачко дишење итн.
 
Подоле во коментарите има видео од надвор, како еден полицаец си стои (со раце у џеб што се вика) и само еден тип со плава маица ги вади надвор луѓето и им укажува на сериозноста. Типот има сигурно доста животи спасено со само тоа што пробуваше да ги извади надвор луѓето побрзо.
Ќе се самоцитирам од пред година дена, истово на видеа го има со не помагањето , а за видеото кое беше објавено се гледаше и ликот.
Само не знам како може да живеат со таква мисла дека можеле барем нешто да направат а ништо не направиле. Исто како и другите што гледаа, ама овие се на службена должност и трезни.
 
Ќе се самоцитирам од пред година дена, истово на видеа го има со не помагањето , а за видеото кое беше објавено се гледаше и ликот.
Само не знам како може да живеат со таква мисла дека можеле барем нешто да направат а ништо не направиле. Исто како и другите што гледаа, ама овие се на службена должност и трезни.

Хммммм....мислиш дека дотичниве нешто мислеле додека гледале што се случува пред нивни очи?....

Е ми кој зема плата „на први„ за да мисли?...o_O
 
Топ си живеат, си чекаат бенефициран стаж и пензија на 50 години, си викаат убаво направивме што не влеговме, еден куп што влегоа да спасуваат починаа/ден денес имаат последици. Тоа е нашиот мајндсет и одговорноста кон униформата.
 
Топ си живеат, си чекаат бенефициран стаж и пензија на 50 години, си викаат убаво направивме што не влеговме, еден куп што влегоа да спасуваат починаа/ден денес имаат последици. Тоа е нашиот мајндсет и одговорноста кон униформата.
Не се обвинети зошто не влегле во дискотеката туку затоа што на веќе излезните не ги упатиле и не им помогнале кон медицинска помош и не спречиле пиротехника.
Инаку правилно е што не влегле.
 
Не се обвинети зошто не влегле во дискотеката туку затоа што на веќе излезните не ги упатиле и не им помогнале кон медицинска помош и не спречиле пиротехника.
Инаку правилно е што не влегле.
Можеби, ама не е човечно.
 
Можеби, ама не е човечно.
Звучи контра интуитивно, ама размисли, колку повеќе луѓе без обука како да се справат со пожар се пикаат во пожар, толку повеќе се загрозуваат и себеси и околината и прават повеќе работа за пожарникарите.
 
Звучи контра интуитивно, ама размисли, колку повеќе луѓе без обука како да се справат со пожар се пикаат во пожар, толку повеќе се загрозуваат и себеси и околината и прават повеќе работа за пожарникарите.
Абе не морале внатре, можеле да ги вадат на врата тие што попаѓале, како што обезбедувањево правело. Не дека немало што да праат екстра раце, ама они одбрале да седат на страна.
 
Абе не морале внатре, можеле да ги вадат на врата тие што попаѓале, како што обезбедувањево правело. Не дека немало што да праат екстра раце, ама они одбрале да седат на страна.
Па така, за тоа и одговараат...
 
21 лице спасило детево. 20 пати влегол во пожарот, а имал само основна обука за прва помош (која патем не вклучува влегување во вакви објекти и извлекување жртви од пожар)

Можеле барем оние кои не биле на должност да го следат примерот на момчето и неколкумина други цивили. Имаат повеќе формална обука за вакви ситуации од него со обичен курс за прва помош (кој не вклучува извлекување од пожар) дури и за ситуација во паника, стампедо, менаџирање на излез и што се не. Можеле (како пожарникарите што сториле) да ја отворат вратата што била блокирана. Можеле тие што биле веќе внатре да ја стопираат таа забава и да реагираат на приотехниката. Полиција веќе имало внатре, свесна за нелегалноста и конструкцијата на објектот вон секакви стандарди. Многу нешо можеле ама парите се послатки.
Па и бенефициран стаж уште.
 
Back
На врв Bottom