До 2018 та, сектор земјоделие носеше најголем приход во државава од 45 та па навака. Ние сме дефиниција за земјоделска земја.
За претприемништо и дигитална економија имаме уште помало знаење. Боље кажи така: мрзливи сме и немаме желба.
Подобро прашање е: За што ние имаме знаење воопшто? Само немој да ми кажеш IT, пошто сум соработувал и со Срби и со Бугари на големи проекти, и јасно ми е колкави им се капацитетите на нив, а колкави на нас. На некои луѓе ЕУ им е светиња, од друга страна Србија привлекоа развојни центри на гиганти како
Microsoft,
Epic Games,
Nvidia и
Rivian без ЕУ.
Бугарија е веројатно примерот кон кој треба да се стремиме во однос на развој на сопствени продукти. Го имаат Payhawk, стартап вреден над милијарда.
Што имаме ние да понудиме споредено со комшиите? Релативно евтин аутсорсинг само и ништо друго. Постои илузија за силен ит сектор пошто платите во секторов се повисоки од останатите сектори.
Плодното земјиште е топ, комшииве Грција, Албанија, Србија се у топ извозници во свет на разни култури. Холандија, која е трипати помала од нас со активна почва и постојано се бори со поплави и има далеку помалку сонце е втор извозник на храна во свет.
ИТ секторот не живее во вакум. Веројатно може да се дискутира и за тоа што кога ИТ секторот ќе почне да опаѓа? Што е момемнтална ситуација или реалност, која голем дел од луѓево на темава одбиваат да ја прифатат.
Грција има повеќе планини од Македонија и е поридски и покарпест терен, па не гледам дека тоа им смета. Албанија слично ко Македонија е, 25% обработливо земјиште. Или само на рамници се сади? Домашни животни?