Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Незнам на која дрога се директорите во Јунајтед но би сакал бројче од дилерот ,.

Во денешно време ако сакаш да бидеш конкурентен било за кој трофеј ти требат играчи квалитетни што нормално коштат и имат висока плата, што по дифолт не би требало да биде проблем за Јунајтед но е проблем ,незнам од каде тоа им текна тоа баш сега да штедат. Со срека нека ни е , ептен лошо му се пишува на Карик.
 
Незнам на која дрога се директорите во Јунајтед но би сакал бројче од дилерот ,.

Во денешно време ако сакаш да бидеш конкурентен било за кој трофеј ти требат играчи квалитетни што нормално коштат и имат висока плата, што по дифолт не би требало да биде проблем за Јунајтед но е проблем ,незнам од каде тоа им текна тоа баш сега да штедат. Со срека нека ни е , ептен лошо му се пишува на Карик.
Брате немој да бидеш како данте, ќе има трансфери кажаа веќе, и црно на нив ќе им се пише ако не земат некој докажан и квалитетен, притисокот од фановите е голем и лош ПР не пали веќе, така да трпение треба и барем 3-4 фудбалери дур да почне пред сезоната
 
Баш така "немојте да бидете како данте", имајте малку верба во она што го прави клубот. Очигледно дека секој и сешто се поврзува со нас, и гледаат да кренат цена на тие играчи преку линкање со клубот ... веќе видена работа. Уживајте во светското и во летото, работите ќе си дојдат на свое место.
 
Дај боже да е така како што викате , летото е пред нас ке видиме после светското како ке се одвиват работите . До сега лошо за понатаму има време ке видиме.
 
Не, сериозно, ако Тотенхем им ги собери Фернандеш и Тонали, единствено ќе ги испери доколку имаат некакви индиции и го донесат Чуамени.

Инаку, Куња on fire е на Светското. :uzi:
 
Проблемот е што веќе се тргнавме од првата цел, Андерсон. Разбирам дека 130 милиони фунти се лудост, и до некаде го разбирам потегот. Трошевме на епски глупости, како 86 милиони фунти на Ентони, па сега не сме во позиција да покажеме мускули на финансиски план. Не го разбирам моментот со ставање на Андерсон како примарна цел се до летово, кога Форест на Сити уште во Јануари им ја кажа цената. Ова е како ја да идам во Порше Македонија, да гледам да купам GT3 RS, со пари во џеб за Шкода Камик.

Вториот играч на листата е Фернадеш, кој кога ке ги споредиш со Андерсон на исти години, има подобри бројки. Тука сметам дека уште во Април требале да искомуницираат и со Вест Хем, и со Мендеш, и да прашаат колку ке бараат од Вест Хем ако испаднат, и колку ако останат во ПЛ, и дали воопшто ке го продаваат. Сега нашиве делуваат дури навредено, како тоа им бараат 80-85 милиони фунти. Некои тука пишуваа дека и Фернандеш ке бил играчот во тој 40 милиони фунти ранг. Вест Хем го купија 40 милиони, Саутемптон има 15% од наредна продажба. Никогаш не ни мислев дека трансферот ке биде под 70 милиони фунти, ја, апсолутен фудбалски лаик, без никакво познавање на трансфери. Клубот го цени на 60 милиони фунти.

Но, има еден друг момент. Ако се тргнеме сега од Фернадеш, наредниот на листата е Алекс Скот. За него имаше муабети дека ке биде околу 45 милиони фунти на почетокот на летото. Најновата вест е дека Бормут го цени на 60 милиони фунти. Играч со 1 добра сезона зад себе, и уште 2 години договор. Ја може да се кладам во било што дека во првата недела кога Јунајтед јавно ке каже дека се откажува од Фернандес, дека цената на Скот ке скокне од 60, на минимум 70 милиони фунти, и пак си почетна позиција.

Не знам како не разбираат во управата дека имаат премногу поставени услови за да дојде играч во Јунајтед:
  • Да биде докажан во ПЛ
  • Да сака да игра само во Јунајтед
  • Да чини колку тие процениле дека треба да чини
  • Да прифати плата која е во склад со останатите во клубот
Нешто ке мора да подаде од оваа листа. Не сакаат да преплаќаат, ама не знам како не разбираат дека немаат од Бога дадено право да им продаваат играчи пошто зашто.
 
Мене ме залажа претходното лето каде одработија доста добро и паметно, ама очигледно нема да се повтори тоа, а и очигледно не им држи газот финансиски, сакаат да се курчат да го држат клубот со трошки. Како што направи Видук паралела со колите, ова ти е исто како да се иссилиш да имаш Порше Карера, а после да немаш пари да го сервисираш и да купиш нови гуми.
 
Имам две теории, или си го имаат Балеба за таргет па водат ПР политика, да нема толку незадоволство кај фановите, или чекаат да се ослободат од платите на Каземиро и Санчо па ќе почнат да прават сериозни трансфери од 1 јули.
 
Нова позајмица за Онана, мислев ќе искешираат и на него летото, ама изгледа ќе го влечкаме по позајмици до крај на договор.
 
Никоја будала нема да му даде таква плата, и да плати трансфер износ. По игрите што ги покажуваше, и ова е премија.
 
Back
На врв Bottom