Полека, полека сред лето стигнавме ни нова управа, ни тренер, ни играчи... На крај ќе стигниме да го убедват Благојче Главевски да се активира пак за по ливадите во втора лига да игра како шо тргнале, оти играчи слободни во август а притоа да ги бива - тешко.
Новаци кладоја тренер нов, светлосни години се поорганизирани од овие нашите...
Не ми се јасни очекувањата на луѓето шо пишат овде... Овој да бидел претседател, неискварен, чесен е, ваков е, таков е. Се нека е така, нека не земи ни едно стило од клубот, мислите ќе има слобода да ги набрка сите тие силни директори околу него? Прво и основно кој го поставува него како претседател? Општината. Односно два тројца луѓе кои пред баражот дојдоја да им кажат на играчите дека тие се тие дечките шо им даваа плата и дека голем срам ќе е ако испадниме. Е сега тие истите луѓе ко ќе одат во партијата на состанок шо ќе му кажат таму? Нема поќе да седите во клубот на платен список, сега ќе биди работата ко шо треба вие за ништо не ве бива освен за уништување, подалеку од клубот? Ни во лудило.
Мора да се нашлепаат еден куп луѓе и да бидат задоволни за на наредните избори да гласаат.
Кои се ингеренциите на претседателот на клубот воопшто? Тој ги бира тие околу него? Тој поставува нови? Ќе можи да расчисти со сите матни ликови во клубот? Ќе спроведи ревизија на работењето? Истата песна е пак бе другари, само луѓето се различни. Жал ќе ми биди ако некој добар човек го изгорат да го седнат на столчето да се срами пред народот дури тие калапат зад него.
Се дури клубот не е комплетно во рацете на приватник кој нема никакви побарувања од власта, се дури власта (која и да е) не се приближи до стадионот и до салата поблиску од 500 метри, ситуацијата ќе е ваква купи ден помини, само шо за жал се трошат една вреќа пари и очигледно никој не се секира за то. Не мислам за луѓето, туку за институциите, како е законски да училиштата кои се исто под капата на општината плаќаат вработени наставници и професори за смешни пари да ги едуцираат децата, и од друга страна општината во клубот да фрла месечно илјадници евра на третокласни срби?
Нека поддржува општината спорт, нека се грижи за објектите, нека финансира младински школи, нека им обезбеди услови... Ене детското одморалиште нека го реновира, нека напрај сала таму, денар да не треба дете од градот да плати шо ќе оди таму на припреми летни/зимски. Тумбе кафе едно време ќе беше спортски центар ако се сеќавате, сала нова ракометна ќе се праеше во касарната, се избираше проект, па чинел, не чинел... На крај во последните 16 години една трибина, рефлектори, столчиња, малку мрсна боја и церади шо добивме, друго ништо за жал.
Ама нема ќар од то, ќар има под рака ако се договорат играчи, ако се формираат фамозни бордој на директори, сите партиски подобни било од едната или од другата страна.
Беше пишано тука пред неколку страни дека младите играчи наместо во прв тим, во wolt одат да возат... А шо мислите ќе прат? Чланарина се плаќа во клубот да тренираш, во време кога од бебиња им нудат договори и се инвестира во играчите од најмали нозе, ние уште чланарина наплаќаме и при тоа имаме ужасни услови, се туркаат деца на овој - оној, другите собират топки само. И на крај и тие шо ќе стигнат до прв тим да припарат некако, таму ги чека нов ѕид, идеални за комбинација се некои дрва од Србија или од светот, никој од нив ни приближно во сериозен клуб шо нема заиграно претходно... Нема толку зборој на форумот шо се испишани колку шо клубот низ годините се има огрешено спрема играчи од школата кои на овој или на оној начин биле заебани.