Hiatus Hernia (кила на желудник)

  • Креатор на темата Креатор на темата bacive
  • Време на започнување Време на започнување
Еве го и кај мене од 2022, маки мачам секој година на инфективно, примам инфузија кога ке тргне нешто наопаку.
Цигари, Кафе, Алкохол и благо многу ми сметаат.
Тешка тврда храна избегнувајте луѓе, килата може да се прошири и да ја претисне дијафрагмата и да предизвика големи проблеми. Промена на животни навики треба одма да се направат.

20220317_110535.jpg
 
Знае некои цени како се движат за посериозни кила операции во приватниве клиники? Фала.
 
Здраво, дали има некој начин на природен начин да се среди кила на желудник? Правено гастроскопија во 2024 и ми кажаа мала кила на желудник од лизгачки тип и хроничен гастритис. Не знсѓ веќе како да си помогнам, некогаш од такт ме вади кога буквално не можам воздух да земам… Лани три пати на дежурно завршував затоа што паника ме фаќа и уште толку мислам дека се влошува. Може ли да дојде до некој поголем проблем? Бев на гастро на приватно ми рекоа дека нема потреба да правам пак гастроскопија, не знам веќе што да правам. Додека пијам Еманера океј сум, а прекинам пак киселини имам..
 
Смени ја исхраната и види што ти смета.

И намали со течности, мене многу ми смета кога пијам доста вода.
 
Па ете се трудам да внимавам колку можам, веќе и одлабнав 6 кила и така бев слаба… Мене ми е многу страв да не се искомплицира нешто, докторот ми вика дека секој втор ја има и дека нема потреба да паничам..
 
Не пиј кокаколи и други газирани ствари.
 
и ми кажаа мала кила на желудник од лизгачки тип и хроничен гастритис.
...а кој ја нема, ни прва ни последна, треба почести и мали оброци, после19ч нема јадење, луто и презачинето никако, редуцирај газирано и кафе без шеќер, а најважно среди го стресот и стравот, пробај да не пиеш еманера или било кој лек од таа група, контролирај ја киселоста сама ако ептен нешто ти иде само пола антацид Рутацид излижи и толку!
докторот ми вика дека секој втор ја има и дека нема потреба да паничам..
...добро ти кажува! (y)
веќе и одлабнав 6 кила и така бев слаба…
...не треба ниту да гладуваш, празен стомак исто не чини, посебно тогаш ако си емотивна во момент ќе ти се излачи киселина желудникот и болката и чувството на киселоста во уста е моментална!
 
Не пиј кокаколи и други газирани ствари.
...а кој ја нема, ни прва ни последна, треба почести и мали оброци, после19ч нема јадење, луто и презачинето никако, редуцирај газирано и кафе без шеќер, а најважно среди го стресот и стравот, пробај да не пиеш еманера или било кој лек од таа група, контролирај ја киселоста сама ако ептен нешто ти иде само пола антацид Рутацид излижи и толку.
Јас многу ја мислам килата и може затоа толку ги осеќам симптомите, посебно кога имам глад за воздух, мислам дека ќе се угушам и постојано подригнувам..Не можам да се опуштам кај и да одам само мислам да не ми се слоши или приклешти, многу на психа ми влијае. Сакав уште една гастроскопија да направам, ама и василевски и петар од гастротоп ми рекоа нема потреба, млада сум и дека нема да има промена и не знам веќе. А знам луѓе што имаат кила и јадат и пијат се. Може ли нештп на природна база да ми кажете за гастритисот да пијам, што ви помогнало?
 
Може ли нешто на природна база да ми кажете за гастритисот да пијам, што ви помогнало?
...на природна база само биди природна и соочи се со животот, не треба да се плашиш од нешто што скоро сите го имаме поради погрешен тајминг на исхрана, прејадување, нервози и стрес, не се учи да внесеш ништо ,,на природна база" зашто све е тоа хемикалија, јади природна храна и види сама што ти пречи, најчесто зелено како марула, брокула, краставици, ама не мора да значи секој е посебна индивидуа за себе!
 
Здраво, дали има некој начин на природен начин да се среди кила на желудник? Правено гастроскопија во 2024 и ми кажаа мала кила на желудник од лизгачки тип и хроничен гастритис. Не знсѓ веќе како да си помогнам, некогаш од такт ме вади кога буквално не можам воздух да земам… Лани три пати на дежурно завршував затоа што паника ме фаќа и уште толку мислам дека се влошува. Може ли да дојде до некој поголем проблем? Бев на гастро на приватно ми рекоа дека нема потреба да правам пак гастроскопија, не знам веќе што да правам. Додека пијам Еманера океј сум, а прекинам пак киселини имам..

Може ако има присуство на h pylori, нејзина ерадикација ќе ги подобри симптомите во огромна мера. Доколку нема присуство, препорачувам vonoprazan 1x20mg + 2x20mg famotidine.

Доколку има инфекција, vonoprazan + Amoxicillin/clavulanate 2 недели се многу ефикасни со скоро 0 несакани ефекти наспроти постарите терапии кои се неретко ужасни во споредба.
 
...на природна база само биди природна и соочи се со животот, не треба да се плашиш од нешто што скоро сите го имаме поради погрешен тајминг на исхрана, прејадување, нервози и стрес, не се учи да внесеш ништо ,,на природна база" зашто све е тоа хемикалија, јади природна храна и види сама што ти пречи, најчесто зелено како марула, брокула, краставици, ама не мора да значи секој е посебна индивидуа за себе!
Во право си :) Дали и ти имаш ист проблем?
Автоматски споено мислење:

Може ако има присуство на h pylori, нејзина ерадикација ќе ги подобри симптомите во огромна мера. Доколку нема присуство, препорачувам vonoprazan 1x20mg + 2x20mg famotidine.

Доколку има инфекција, vonoprazan + Amoxicillin/clavulanate 2 недели се многу ефикасни со скоро 0 несакани ефекти наспроти постарите терапии кои се неретко ужасни во споредба.
Имам проверено многу пати хелико и е негативно. Есокс исто ми помага многу.
 
Back
На врв Bottom