Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Bese dosta nadezen porano ovaj ama izgleda ima padnato dosta...Nemozam da najdam dali imal povredi poslednite 3-4 godini
Najjako vo postot pokraj mali gazda sho se dokazva po komentari so likoj sho nema sho da prat i ne pratele 2 meseci unazad e to sho nigde ne e navedeno deka od 2 liga Francija idi ne od prva za da ne plukat odma hejterite :pos:
 
Bese dosta nadezen porano ovaj ama izgleda ima padnato dosta...Nemozam da najdam dali imal povredi poslednite 3-4 godini
Najjako vo postot pokraj mali gazda sho se dokazva po komentari so likoj sho nema sho da prat i ne pratele 2 meseci unazad e to sho nigde ne e navedeno deka od 2 liga Francija idi ne od prva za da ne plukat odma hejterite :pos:
2023та имаше повреда барем по тоа шо гледам пад на изиграни утакмици.
 
Циле в гроб се превртва, на толку пари остаени, едно звучно име во поседлните години кај нас не е донесено! Ама ај како што милувате да велите да не шириме хејт, да оставиме сезоната да си покажи што и како ќе биди! Спортски поздрав
 
Јас пак се тешам....Овие трансфери не ќе да се "наше масло (на Шунда и комп.)"...
Некако како да се скаутирани или на луѓе на Червар или сам (дури си пишеше книга а знаеше дека еден ден ќе се врати па следеше шо се дешава на балканот пошто сите се од овие краишта, деца со потенцијал), а се знај кој бара и зема такви, само Червар....

Ако не беше така пак ќе земавме од "блискиот исток" луѓе,треторазредни играчи на стара слава или повредени па да ги враќаме во европа како шо досега праевме...

Така да вреди да се надеваме конечно "да сврти"...

Со старите тактики се виде....Белким ќе тргни, ако не....Пак јово на ново со ветераните и спор ракомет очо бол...
 
Последно уредено:
Мое кратко резиме за составот.

Имаме два голмани кој бранат периодично и на еднио и др ако не им тргне утакмицата и во серија не фатат некоја топка губат концетрација и набиваат нервоза. Последните 2 години кај Никучо тоа мн се осеќа, Саид стандард арабски менталитет со доза на недисциплина но ако е во шема ој дај му гол. Брестовац ах тие 5-10 сантими шо му фалат.

Леви крила сме солидно покриени (Петар и Цветан ќе бидат посебно малтретирани ова сезона)

Десни крила Хакбарт се надевам дека ќе биде постабилен во него има доста ракомет кој го немаме искористено, голем тетет ќе има и како ке се сноси ќе видиме. Белииииии уффф моето омилено крило во овие 4-5 години. Дрзок, брз без респект кон никого, агресивен и не се плаши да шутира (слаб зглоб ќе влезе во тортурата со Петар и Цветко на посебен режим на тренинг).
Џелетович, брато ако незнај бурек да тегни џабе дојде, малио не го знам а и покрај Фахрудин во Извиџач ретко кој може топка да фати. Џеко Фреш, Лоландија или Мечо му се бонус места за свој талент да искаже

Пикерите милина само да продолжи Самоил да држи темпо ко Мај месец и да се врати Граховац здрав. Пешевски по 10 мин (последните) во напад по полувреме ќе е сосема солидно. На старт ќе нема ефект голем.

Леви бекови сме немале толку од златните денови.
Шутерски солидно солидно покриени со Татар и Фитиљ. Брзина и свежина ќе мора да се користат Павле и Хаџич.
Мехмедович е др приказна кој можеме да го користиме во комбинација со брзи бекови Хаџич/Павле/Видомски/Серафимов да дојде до израз неговиот шут, во комбинација со Фитиљ ќе се гуши на терен.

Средни Мирче малио ако не поработи на физикус жално е неговата интелегенција да не биде искористена. Подобро да го пратат во Прилеп или Тиквеш а и Богданци (пооо тркало тренер имат таму) за да врати самодоверба и биде на повисоко ниво. Тоа е најдобра опција (Прилеп).
Котар, мислам дека ќе остане неискористен, не сум фан на брзи средни без шут кој влегува ко игла низ одбрана и јадат шашмари за такви прооди. Има ракомет но мислам дека ќе биде лимитиран ради останатите играчи околу него.
Алекса Колакович е од овој играч очекувајте дека ќе биде полн погодок само да го заобиколат повреди. Србите ретко вадат средни но овој силум прилике не е во репрезентацијата оти има јака конкуренција на среден.

Десни бекови вондеркид или комшија дај да го носам за Битола малио, шо велиш? Дека има потенцијал да има и ќе се проба да се направе гол машина од него (4г договор). Но главна алка на оваа позиција се Серафимов и Видомски (првата сезонаш доста солидно ја изигра иако запали доста касно).

Аирлија нека е, нека има ракомет.

П.С Татар исто ќе биде експлозија но подоцна затоа бирајте какви пцовки ќе давате.
Dobro napisano
 
Многу се хејта и негативна енергија се прај непотребно, дали по коментари, дали овде, рајата пак на најјако пуштена, а 5 правила не знат по ракомет, ама битно да се пиши, ова само во Битола го има и нигде на друго место, уште не дојден играчот му ја скроја капата, за шо бил за кај бил :facepalm:
Нека си ја брка работата управата, сигурно знат шо прат, кое звучно име го барате ? Сигурно Гидсел и Мем не можиме да ги донесиме, плус стариот си носи дел од играчите, барем во овај дел е лисица и знај шо да побара....
Најпозитивна вест за мене е останвањето на Кузмановски :cuc: Ова е голем плус за нас, одлично шо се договориле, нас ни треба ЛИДЕР во тимот, а лидер е тој, ја знај екипата, битолчанец, тежината на дресот, капитениште ! То е то шо ни треба, Пелистер не можи да има друг лидер освен тој во моментот, ќе требаше некој друг нов, да се уходва тука, дури се прилагоди летна сезоната. Тој е кој треба да решава и кога не оди и кога е најтешко, тоа шо го имаат другите екипи кај нас како браќата во МЗТ, како Ибраими во Шкенди, тие се лидери...
После него највероватно останва и Манасков, па сезонава тимот ќе има спој меѓу искуството и младоста.
Инаку видеото со неговиот нов договор е топ! Светски претставено....

Вака ок делуваме, барем сме сегде покриени со по 3 играчи минимум, иако дел од играчите за нас се анонимци можи, ама да не прам споредби, со некои шо биле непознати донесени па оставиле траг.
Пак ќе речам за во овој дел сум мирен, оти знам дека знај шо прај Лино, друго е Лино да те бара во тимот, друго е Бранко или Звонко....
Од моја гледна точка, добро е пред се сега шо имаме тренер, не ќе можи тука да му брчат сите, да се куропецат, да го бојкотират тренеро како претходно, овде кој е против него ќе го исфрли од тимот сигурно, заради то куроболије и мангуплук ние ја изгубивме сезонава титулата, а дефинитивно имавме најјак тим од сите и најголем ростер ! Ама егото и еве кој сум јас, не остаја чаљо сезонава.....со тие нивни кланој....
Малце во тој дел ќе бидиме средени, организациски, кланојте во заборав ќе му одат, авторитет има старио има сус да му седат :sakasuste:
Тие моментално ни се поважни работи нас, да личиме на клуб организациски, оти лани бевме банда без команда втерен, се надевам малку ќе ја среди и управата, ќе има удел некој негов збор.
За игра, можи нема да имаме некоја си игра, ако знајме каков ракомет форсираше порано, секако не прајме ние игра за да победиме со Магдебург или Барса, пак ќе биди борбата со Вардар сезонава и со Охрид дури се врти некоја пара таму, после како кула од карти ќе се распаднат епархијците.
И не е лошо ако не освојме пак титула, можи титула нема да земиме ни следните 4 години според мене, уште појако ќе мани ве-ме-ро во рк министерството за спорт. Битно ни е моментално структурно да личиме на тим и да се напрај организација на подолг рок, после то резултатите сами ќе си дојдат, никој не бара одма титула, побитна е долгорочната стратегија, од то шо се знај барем и таков е договорото на Еурофарм дека се потпиша не неопределено, да не се тресиме од сезона на сезона.
 
Многу добар, да не речам одличен трансфер период. Само да се склопат коцките И Се ќе биди во ред.
А со Лино Червар на клупата не се ни сомневам дека нема да се склопат.
Само напред. Зедовме играчи кои допрва ќе бидат имиња во ракометот, а тие висини ќе ги достигнат од кај нас и ќе си бидиме горди како што сме горди со Мараш и Табоада.
 
Преодниот рок и идејата на Лино ме потсеќа на еден легендарен филм со Џин Хекман и Киану Ривс.:tvg:
Се надевам ќе има хепиенд како во блокбастерот.:D
Според многуте "севслеленски експерти, познавачи, аналитичари на форумот и на социјалните мрежи " влегваме од улога на тежок аутсајдер.
До негде е така, ама никогаш не смеј да се потцени некој UNDERDOG СО ЈАКА ЖЕЛБА ЗА УСПЕХ, на крај баш од таква улога излегват најубајте приказни.
Знај старио шо прај, во то сум убеден, ако го реметат експертите шо изникнаја ко печурки последните 10 ина години.
Лани, а и прошлите сезони имавме по имиња најпознат тим, ова сезона имаме многу гладни underdog кучиња шо ја чекат шансата конечно да влезат во шема и да се пробијат, посебно на бек, то најпојќе ме бендисва шо накалапивме многу бекој, то е основата на една екипа.
Лани најпојќе фалеше та ротација на бек и тие шутој од надвор, се фураше со истите играчи, Ник како главна замена за Фитиљо, против јаки и покретни одбрани не одеше никако, Павле деградиран на клупа, на среден никаква замена за Тајник, од ко замина Цехте се испретури десната бековска позиција, дури се ухода Видомски, Хосни пола сезона топло ладно и заврши ко шо заврши.
Сега ќе имаме далеку посолиден бековски арсенал.
Фитиљо, Серафимов, Котар, па и Видомски ( иако по години не е стар), ете го и Алекса ги тргам како поискусни.
Има еден куп бекој шо можи да дат серизен хајп на бек во ротацијата, Павле ( време е дечкото да си го земи местото), Татар, Мехмедовиќ, тој малио Басанесе со доза на резерва, ама кога ќе се види како работат Хрватите со школите мислам дека не е баук детето, ( Хаџиќ, Мирче, некако прекубројни станаа иако засега нема најава дека нема да останат),
Ако остани Деки, освен шо го губиме Богдан и Тајник како големи имиња, останва цел прв тим од лани.
Хакбарт не е на нивото на Богдан, ама има капацитет да се подобри и да не се осети загубата на Чичо.
За Тајник имаме две алтернативи.
За Котар кажав појќе пати, мислам дека ќе му ги затни на многу муцињата, а овај Алекса на прв поглед од тие рилсојте на ИГ не делува лошо, брз прв чекор, јак напад на централна зона, промена на правец.
Без разлика шо не ја завршил ланската сезона во Стар Лига, сепак да имаш стаж од +6 години во екипи ко СТ Рафаел и Шартр, со буџети од над 3 М не е мала работа.
Кажав за Абутовиќ појќе пати, да не се повторвам, исто и за Хосни, иако ќе фали во одбрана овај, од сите 3 десни бека не гледам јас добра 2 ка за одбрана.
Убо е шо се склопи ростерот пред стартот на припремите,да не се дрнкаме традиционално ко досега, до Септември да се бркаме со играчите, идел, не идел.
П.С.
Гледам ждрепката за есенски дел.
Ептен инкерска ждрепка, шо можи директно да влијае на крајниот дел од пласманот пред плеј оф.
Иако можи на гости ќе биди подобро, уште од старт да се пробаме до кај сме, сега кога сме веќе аутсајдери во дуелите со збратимените клубој, ама подобро ќе беше во есенски дел да сме домаќини, па после ако се уиграме на пролет да одевме во гости, ама то е шо е, нема кукање.

viber_image_2026-06-22_18-14-47-469.jpg
 
Последно уредено:
Треба и ние да му направиме пречек на Лино како на Обрадовиќ во Пао, најтрофеен тренер што го водел Пелистер so far...
И после директ со хеликоптер Жан Митрев :pos:
А овие талентиве што ги собра Лино по Балканот, ке биди работата:
If you want your boy high level handball send him 2-3 years in Bitola and forget... :duel:
 
 
На Борко Торко му манаа клоците, сега ами... Кој ќе мести утакмици за доброто на Мак ракометот
 
На Борко Торко му манаа клоците, сега ами... Кој ќе мести утакмици за доброто на Мак ракометот
Тоа е одлична вест за нас ко навивачи на Вардар и општо за спортот, иако вие мислите дека е обратно :D
Лошата вест е што планираат да им го дадат на шиповите :D
 
Back
На врв Bottom