Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

Има овде еден куп старудии кои жалат за нивната младост, па се од тоа време им е убаво.
 
Навистина можело за 3 динари да се купи 2 литри млеко тогаш ? Испаѓа си можел 2700 литри млеко да купиш со просечна плата

Денеска со просечна плата во Македонија не можеш да купиш ни 700 литри млеко (4 пати помалку)
 
Споредуваш лубеница со млеко. И у наше време лубеницата беше 5 денари. А млекото не било толку ефтино.
 
Споредуваш лубеница со млеко. И у наше време лубеницата беше 5 денари. А млекото не било толку ефтино.

Споредувам што можело да се купи со тогашната плата и сега ако се точни податоциве погоре, и леб дупло си можел да купиш од сега

Тоа “наше“ време очигледно помина, сега имаме Македонски плати а Европски цени по маркети и пазари и пак земјоделците производителите куќаат и се откажуваат. Очигледно пари во државата има само за трговците кои лупаат ненормални маржи
 
Очигледно пари во државата има само за трговците кои лупаат ненормални маржи
Тоа е новиот "тренд" на економија. Квалитетот не игра улога колку максималното извлекување на парите на клиентите.

Тука спаѓаат шпекулации, планирана застареност, користење дупки во системот за избегување на казни за трговците кои не се држат до договореното, психолошки манипулации и
претплати кои не се потребни освен за фирмата понудувач.

По овој модел квалитетот не е никаков адут за кој ќе може фирмата да направи профит, баш она спротивното.

Потребна е повеќе финансиска дисциплина од потрошувачите за да не наседуваат на овие трендови. Ама очигледно човекот од еволутивна гледна точка воопшто нема мрднато, па затоа како има повеќе и повеќе овци, има и овчари.
 
Споредувам што можело да се купи со тогашната плата и сега ако се точни податоциве погоре, и леб дупло си можел да купиш од сега

Тоа “наше“ време очигледно помина, сега имаме Македонски плати а Европски цени по маркети и пазари и пак земјоделците производителите куќаат и се откажуваат. Очигледно пари во државата има само за трговците кои лупаат ненормални маржи
Остај го Сунѓерот, не е секогаш поврзан со реалноста.
Основните продукти, леб, млеко, шеќер, зејтин, брашно .... беа со социјалистички цени. Значи и со мизерна семејна пензија човек можел да си дозволи се’ основно.
Другите работи беа доста поскапи, ама тоа не е поради политиката, повеќе поради маспродукцијата сега.
Јас Грундинг колор телевизор во 1982 година го платив некои 10-15 просечни плати. Стокецот беше 3500 долари, нов. Исто белата техника беше многу поскапа тогаш, ама батка ако купиш фрижидер осумдесетите, рачунај си го купил за минимум пола век. Правосмукалка Слобода(млазен авион) 15 години тераше.
Сега има се’, ама основните продукти се минимум 3-5 пати поскапи од тогаш.
 
Тоа е новиот "тренд" на економија. Квалитетот не игра улога колку максималното извлекување на парите на клиентите.

Тука спаѓаат шпекулации, планирана застареност, користење дупки во системот за избегување на казни за трговците кои не се држат до договореното, психолошки манипулации и
претплати кои не се потребни освен за фирмата понудувач.

По овој модел квалитетот не е никаков адут за кој ќе може фирмата да направи профит, баш она спротивното.
Точно затоа е тешко да споредуваме 2те времиња. Во тоа време се живеело побавно, помалку стрес имало, помалку пари но и помал видоглед кај да ги трошиш, но поголем квалитет. Е сега живееме побрзо, постресно, но покомотно, благодарение на технологијата. На пример она време кој бил гастарбајтер тоа биле солзи, па писма се бацувале и се плачело врз нив, у денешно време заминал некој денес, утре веќе сте на видео повик. Но за жал, продуктите сега ни се понедостапни и воедно понеквалитетни. Поради последново нашето време е малку позаебано.
 
. Е сега живееме побрзо, постресно, но покомотно, благодарение на технологијата.
Кое покомотно бе дете?
Имаш десет ставки сега кои ти прават стрес, за кои татко ти а посебно дедо ти не ни помислувал дека постојат.
Производи, не се мери, 90% од прехранбените производи беа од локално производство, посебно градинарски, млечни, месо, јајца. Па и зејтинот беше од локално произведен сончоглед. Сега јадеш албански патлиџани, турски лубеници, египетски компири, грав и кромид, кинески лук......и чија семе разбираш.
 
Точно затоа е тешко да споредуваме 2те времиња. Во тоа време се живеело побавно, помалку стрес имало, помалку пари но и помал видоглед кај да ги трошиш, но поголем квалитет. Е сега живееме побрзо, постресно, но покомотно, благодарение на технологијата. На пример она време кој бил гастарбајтер тоа биле солзи, па писма се бацувале и се плачело врз нив, у денешно време заминал некој денес, утре веќе сте на видео повик. Но за жал, продуктите сега ни се понедостапни и воедно понеквалитетни. Поради последново нашето време е малку позаебано.
Имало стрес и тогаш и сега. Тоа е еднакво непроменета работа и нема да се промени во ниедно време. Тоа дека од денешен аспект ги гледаш работите во тоа време и не ги приметуваш работите како стрес дали ќе има утре леб да купиш, дали ќе има гориво по бензинските, кафе, дали нема да налеташ на некој комуњарски апаратчик па да ти го загорчи животот.

За квалитет да не зборување, југото ако го споредиш како квалитет било срање, некој којзнае каков квалитет немало. Имало само ефтин сервис за поправка и достапни делови, што ти прави илузија на квалитет.

Тогаш и да сакаш да трошиш било позаебано, дека немало ни доволно пари, ниту избор.
 
Back
На врв Bottom