Нема везе, ги читам овие работи од 2005, и сум гледал многу форуми, од 2005 до 2012 некаде. За некои луѓе, едноставно нема чаре, џабе и дутастерид е се. Фоликулите им се преосетливи и само нешто може да успори, дали и тоа. Кај други, само финастерид им ја враќа косата од мртвите. Се е индивидуално. Ама скоро кај никој резултатите не се вечни, си прогесира паѓањето, скоро секогаш, само споро. Затоа имаш луѓе како Роби Вилијамс и Џо Роган, кои и по 2-3 трансплатации, и пиење апчиња, глупости ставање, на крај ги бричат главите. Имаше некое истражување пред некоја година дека наводно 60% од луѓе со трансплатации, на крај ги бричат главите. Нема лек. Се е само крпење до неизбежното ако ти се ептен осетливи фоликулите. Има и луѓе кои природно имаат многу ниски дози на ДХТ, па пак им паѓа косата од други андрогени.
Иако, вреди да се каже дека сум видел и феноменални трансплатации, ама тоа и зависи која природна дебелина на влакно ја имаш, под кои агол ти излегува, дали е виткано нешто или право, која боја, и сл. Сите овие работи се битни да се постигне добар визуелен ефект на густина, зошто со трансплатација, нема да ја имаш ни пола од природната густина што си ја имал како тинејџер на било кое место. Ама за добар визулен ефект, и со толку може добро да изгледа.
Миноксидил, само тоа, на почеток обично дава резултати, аме не се одржливи, и он само го маскира проблемот, го продолжува животниот циклус на влакното, ама хормоналниот проблем не го решава. И на крај тој тебе ќе те реши. Јас сум користел миноксидил во многу високи дози повеќе од 13 години, во ретроспеткива, џабе сум се замарал.