Не викам дека е сјајно, ама со годините стана далеку подобро на ова поле. Разговарано е милион пати, како група не навиваме на ракомет, освен на решавачки утакмици каде треба поддршка. Без наша најава, ретко кој знае дека има утакмица. Буквално вчера (ило завчера) објавија од клубот дека ќе се игра денес во Јане Сандански, претходно стоеше дека ќе има прослава во Расадник и отворање на салата за дуелот со Бутел.
Небитни се овие дуели, никој нема да се затера цел град да го врти за ревијален меч, саат време паркинг да не може да најде, само затоа што ќе се дава титула. Јак стап

Како што кажав, нашето со ракометарите веќе го прославивме. И против Монпеље и со вас и со Мечка и Гоце на ФК.
Вие сте најракометен град, никој не ви ја одзема таа титула, али отековте со тоа како само вие да следите ракомет на планетава. Немаше темава за РК Вардар да опстојува 20 години на форумов и да има највеќе коментари да не не интересираше клубот и овој спорт.