Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Валидно, ама ако градинарот го направеше ова немаше да запреш со неговото глазирање.

Градинарот го прави тоа приватно ( кои му се причините е сосема друга дискусија). Кога градинарот ќе има 1000 вработени под Град Скопје. Кога ќе има 10 општински градоначалници, совети, администрации + градски градоначалник,совет, администрација + државни служби. И ќе се фали дека средил патека со 30 луѓе во некое школо. Е тогаш и со него ќе може да се исмеваме.

Блаже Коневски школото ДОГРАДБА отвараат 3 пати заедно со државен врв. И гарантирам дека ќе ја отворат минимум уште еднаш зошто уште не е целосно завршена работата.


И ќе заборавев на сите тие админситрации, претпријатија и останато, иако не знам СЕ КЛАДАМ ДЕКА ОВИЕ ШТО ЧИСТАТ СЕ ПРИВАТНА ФИРМА за која е распишано тендер.
 
Валидно, ама ако градинарот го направеше ова немаше да запреш со неговото глазирање.
Се разбира, градинарот чисти јавен простор на своја рака, на никој не му се одбива од плата присилно за он да чисти. На народот не му се одземени пари присилно од даноци кои одат кај градинарот, не им се ускратува семеен буџет за да се добие јавна услуга, каде ако некој не плати му се блокира сметка. Сам работи, веројатно заработува од реклами (што е доста паметно), али на крај на ден прави 0 терет по домашниот буџет на луѓето во Скопје. Понекогаш организира ентузијасти на волонтерска основа да исчистат јавна површина. Чисти и организира луѓе без да е платен со јавни средства, комплетно негов избор е каде ќе чисти, не му е законска должност, ниту е по договор со градот. Секоја му чест.

Во нормален свет, градинарот не треба да постои пошто оние што се платени го средуваат јавниот простор. Кај нас тие луѓе не си ја завршуваат работата (железничка е еден пример). Железничка не е месец или година него е 30 години наназад несредена. Така да фрустрацијата кај мене е дека не само што се нема одговорност за оваа некомпетентност, пошто јавни пари се трошени на овие луѓе што сакаат да имаат титула директор а ги заболе за јавна служба, пари се давани на премиум службени коли, советници, секретари, и нешто што е буквално сегде е рутина, овде е претставено како цивилизациски скок. Не е ова проблем само на ВМРО туку е политичка култура кај нас (и СДСМ, ДУИ, остали го прават истото) и треба да се движи кон одговорност - не си компетентен, сменет си. Корисен си и даваш резултати, седиш. Парите кои се даваат на овие луѓе се присилно земени (преку даноци) за остварување јавен интерес и по мене, имаат многу поголема тежина.
Автоматски споено мислење:

Јас не знам ова вмро освен чистење,реставрирање продолжување на комуњарски/југословенски/бруталистички проекти и објекти,знае ли нешто друго да направи?
Доволно е само да не го пљачкаат буџетот и да си ги заслужат парите (да работат тоа што се платени), друго не им треба. Нека олабават на фасади и нека се фокусираат на суштина: независно и професионално судство, борба со корупција, намалување и професионализирање на јавна администрација и инвестирање во образование. Основни работи не треба да се дискусија (чистење ѓубре и фарбање ѕидови не треба да се ударна вест).
 
Последно уредено:
Постои ли некоја институција шо прави ревизија или да има последици за лажни вести? Ова што го прави Инфомакс е на ниво на тие pop-up рекламите со фејк вести.

На снимката глуп човек ќе познае дека ова не е во Македонија, чист британски акцент се зборува.

Прегледај го приврзокот 478550
Класика северофирмци на интернет желни за сензација и лајкови. Исти и тие што споделуваат и тие што коментираат што им веруваат. Колку само сме неписмена раја што треба да се полага за да се има пристап до интернет. Ем во видеото енглезите велат дека не ги пуштиле кај нас и им рекле да одат на друг граничен , ем си пишува на знаците каде се движат дека е Стрезимировце што е премин меѓу Србија и Бугарија арно ама северофирмските инфлуенсери пишале во Македонија само дека првите 5 секунди се на наша граница и дека пишува мито дале. Џабе не сме последни во медиумска писменост. Обачињата им бараат мито, тој дел е најутепан и во Србија и во Бугарија.
 
Може за Инфомакс да се префрли темата или па за клетите комуњари или па евентуално за тоа кој го уби Гоце. А и еве најново за градинарот да дискутираме може. За било што освен за тоа дека Скопје тоне во ѓубре или дека пропадна тендерот за автобуси, кои требаа да стигнат уште во март.
 
Зошто да ја блокирам, најпатриотска телевизија.
сонце беше најпатриотска ама патриотите у наводници ја патриотизираа.
далеку од патриотска тв е, освен везилка, српски глупости и политиката на влас ја патриотизираат у наводници разбира се.
 
Интересен е досегашниот мандат на Орце:
- Се собра сметот во првите 72 часа од мандатот при акцијата "темелно чистење на Скопје", за услуга која ја плаќа секое домаќинство;
- Три пати копна во Вардар со багерот при акцијата "темелно чистење на коритото на реката Вардар";
- Забрани да се фрла смет после 22 часот;
- Сметот се собира еднаш неделно, а на периоди и еднаш на две недели;
- Се залови куче по кое мораше да се вади преку Зоолошка дека е волк;
- Два пати го пролонгираше доаѓањето на новите автобуси за на крај тендерот да пропадне -(претходно 4 години блокираа купување на нови автобуси);
- Нареди сите вработени во ЈСП, одреден период, да работат сѐ во рамките на нивните квалификации и способности, надвор од обврските предвидени во договорот за вработување;
- Продолжи тендер империјата на негови блиски соработници и партиски донатори;
- Неговиот партиски залижан другар, лапна неколку јавни претпријатија;
-Го крие(ше) договорот со Маратон ко да е деловна тајна, а не аспект кој влегува во сегментот информација од јавен карактер.

Повеќе контроверзни моменти, скандали и афери отколку проекти, иако е политички најписмен во однос на неговите претходници.

Нешто што му е плус е чистењето на Камениот мост, што се прави за ден-два. Последен пат кога поминав не смрдеше на гомна, а период наликуваше ко да е фекална канализација проследена со тон ѓубре.

Рака на срце, за дел од креираниот јавен смет не е крив, крив е народот кој е навикнат да фрла на земја или да го крши и уништува јавното добро, како кантите за смет и автобуските постојки. Треба да ја вратат општокорисната работа на голема врата, и наместо да платиш 20-50 евра, ќе чистиш цел ден. Па кој те ебе, пак фрлај, па пак ќе чистиш.
 
Може за Инфомакс да се префрли темата или па за клетите комуњари или па евентуално за тоа кој го уби Гоце. А и еве најново за градинарот да дискутираме може. За било што освен за тоа дека Скопје тоне во ѓубре или дека пропадна тендерот за автобуси, кои требаа да стигнат уште во март.

Може на краток рок али на долг рок тоа не функционира. И СДС со Заев пробуваа слична тактика, каде што Заев излегуваше на телевизија и збореше глупости за вниманието да се сврти лично на него, наместо да се збори дека ништо не функционира. Ама незадоволството се наталожува, посебно кога за да дојдеш на власт си продавал мантра дека "си способен", "дека знаеш да работиш" и слично.

Овие се комплетно неорганизирани и ниту имаат кохезија, ниту имаат план а за крај ниту пак имаат каква било координација на делување. Сите си буткаат вода на своја воденица и си тераат своја агенда. Скоро идентични се со комуњарите кога дојдоа на власт во 2016. И на ист начин ќе завршат.

Тоа што е најважно сега е СДС вечно да биде пратена на гробишта и да не им се даде надеж дека некогаш ќе се вратат на власт. Апсолутниот максимум на таа партија треба да биде да се новото ЛДП.
 
А кој е градинарот?...
Или „градинарот„?...:unsure:
Градинарот.мк (на инстаграм) е млад дечко што чисти/уредува јавни површини или прави мини акции за чистење на запуштени зеленила низ Скопје.
 
Интересен е досегашниот мандат на Орце:
- Се собра сметот во првите 72 часа од мандатот при акцијата "темелно чистење на Скопје", за услуга која ја плаќа секое домаќинство;
- Три пати копна во Вардар со багерот при акцијата "темелно чистење на коритото на реката Вардар";
- Забрани да се фрла смет после 22 часот;
- Сметот се собира еднаш неделно, а на периоди и еднаш на две недели;
- Се залови куче по кое мораше да се вади преку Зоолошка дека е волк;
- Два пати го пролонгираше доаѓањето на новите автобуси за на крај тендерот да пропадне -(претходно 4 години блокираа купување на нови автобуси);
- Нареди сите вработени во ЈСП, одреден период, да работат сѐ во рамките на нивните квалификации и способности, надвор од обврските предвидени во договорот за вработување;
- Продолжи тендер империјата на негови блиски соработници и партиски донатори;
- Неговиот партиски залижан другар, лапна неколку јавни претпријатија;
-Го крие(ше) договорот со Маратон ко да е деловна тајна, а не аспект кој влегува во сегментот информација од јавен карактер.

Повеќе контроверзни моменти, скандали и афери отколку проекти, иако е политички најписмен во однос на неговите претходници.

Нешто што му е плус е чистењето на Камениот мост, што се прави за ден-два. Последен пат кога поминав не смрдеше на гомна, а период наликуваше ко да е фекална канализација проследена со тон ѓубре.

Рака на срце, за дел од креираниот јавен смет не е крив, крив е народот кој е навикнат да фрла на земја или да го крши и уништува јавното добро, како кантите за смет и автобуските постојки. Треба да ја вратат општокорисната работа на голема врата, и наместо да платиш 20-50 евра, ќе чистиш цел ден. Па кој те ебе, пак фрлај, па пак ќе чистиш.

Градот се распаѓаше 8 години, и сеа Орце да среди све у 3 месеци. 8 години не го избришаа плочникот околу Ацета, а камо ли нешто поголемо.
 
Интересен е досегашниот мандат на Орце:

- Два пати го пролонгираше доаѓањето на новите автобуси за на крај тендерот да пропадне -(претходно 4 години блокираа купување на нови автобуси);

Нема пари, сите буџети се празни од општински до централен. Претходно масивните дефицити во државниот буџет се надополнуваа со Европски грантови и кредити за проекти ( огромен дел и бесцелни). Проблемот е дека Европа нема во моментов нема пари да префрла на неважни држави како нас кои немаат избор. Премногу жаришта имаат и растегнати се до бескрај финансиски.

Кредити нема од кој да се земе, поради истата причина + фактот дека веќе сме задолжени до лимитот кој е дозволен за држава од наш калибар и со тоа кредитите се високо ризични, и каматите се до плафон. Зошто имаме обврска долгот да го држиме под одредено ниво, а нема финансии да се сервисираат сите потреби моментално се трупаат долгови на најниско ниво. Јавни претпријатија, школи, градинки, агенции итн ... не си ги плаќаат сметките. Основни училишта имаат по 10 000 000 денари долгови на свое име.


- Нареди сите вработени во ЈСП, одреден период, да работат сѐ во рамките на нивните квалификации и способности, надвор од обврските предвидени во договорот за вработување;

Имаше неколку лица кои мораше да бидат поставени за директори а ги немаа потребните квалификации и сега затоа се прават егзибиции.

Повеќе контроверзни моменти, скандали и афери отколку проекти, иако е политички најписмен во однос на неговите претходници.

Рака на срце, за дел од креираниот јавен смет не е крив, крив е народот кој е навикнат да фрла на земја или да го крши и уништува јавното добро, како кантите за смет и автобуските постојки. Треба да ја вратат општокорисната работа на голема врата, и наместо да платиш 20-50 евра, ќе чистиш цел ден. Па кој те ебе, пак фрлај, па пак ќе чистиш.

Изгледа како политички писмен зошто ги нема медиумите цело време да ја прикажуваат неговата "способност", поради за мене необјасниви причини. Да добиеше 10% од третманот на Коце, Шилегов или Данела сега ќе плачеше на пругите. Впрочем истото и важи за кога беше градоначалник на Кисела Вода. Човекот цело време се користи со мафијашки методи али поради некоја причина се се игнорира, не знам кој му е грб али е доста моќен.

Денеска не се оштетува урбана опрема ниту 10% од тоа што беше пред 20-25 години. Главниот проблем е неодржувањето , ниту пак имање капацитет нешто да се одржува. Не може општини со по 80 000+ народ да немаат две лица вработени кои можат да поправат клупа, канта или да наредат неколку метри бекатонки. Они немаат луѓе клупа да поправат, секогаш кога нешто ќе се расипе треба да се објави тендер за да се купи ново. Тоа е неодржливо.
 
Последно уредено:
Они немаат луѓе клупа да поправат, секогаш кога нешто ќе се расипе треба да се објави тендер за да се купи ново. Тоа е неодржливо.
Во тоа е „кваката„ и тоа се чини намерно.
На пример, детските игралишта немааат никакво обезбедување од вандализам, самите нивни корисници се обично тешка сељачана која нема осет за чување на јавната сопственост, а на општините тоа им одговара, оти секогаш ќе направат нарачка за оштетена урбана опрема или игралишта, за да можат парите од нарачката да отидат во џебојте од „наш чо‘ек„.
 
Back
На врв Bottom