Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Suspicious Monkey GIF by MOODMAN
Остај го бе аман,5 профили има не може од сегде да постигне :icon_lol:
 
ako mislis deka distanciranje 500m e reguliranje na kockarskata industrija i idealno resenie pri desetici drugi resenija, togas podobro da ti se odzeme pravoto na glas, zatoa sto si podlozhen na politicki manipulacii i simbolicna politika.

Првин се сложувам дека далечината треба да биде најмалку еден километар, али само да дадам претстава што значи да нема на 500 метри коцкарница на пример за општина како Аеродром:

1778934742695.png

А овдека не се обележани уште некој 6-8 градинки и школи со што покриеноста е 95% ( не ми даваше на мапава да обележам повеќе од 10 локации без да платам). На територија на цела општина Аеродром единственото населено место каде што ќе може да има коцкарница ќе биде на улица Тодор Чангов. Центар, Карпош, Автокоманда, Кисела Вода делови се тоа комплетно ќе биде исчистено од коцкарници.

А тоа дека коцкарството немало да се намали, на жими мајка. Најголемите клиенти им се пензионериве и копиљаците пред зграда што седат и немаат што да прават па влегуваат да утепаат време на апарати или некој тикет да пишат. Стави им ја првата спротска или коцкарница во јурумлери па ќе видиме кој ќе се потегне баш до таа да оди.
 
Прегледај го приврзокот 477824

Ќе оди и во Јурумлери, како што клиентела оди по казина кои се лоцирани блиску до граничните премини, а не до нивните влезни врати.

Кога коцкањето ќе прејде од “евтина забава„ во „тешка болест на зависност„, оддалеченоста од местото на кое може да се „задоволи„ болеста е помалку битна.
 
Пишав баш сакам да ги видам пензионериве да се качат во кола да одат да искоцкаат 100-300 денари што ги коцкаат секој ден. Мнозинството од прометот им е баш од тие, што немаат што да прават со себеси. Порано седеа по клупи низ маала и дискутираа политика, играа шах, карти. Денеска седат по кладилници и казина. 100 денари ливче, едно кафе и 5 саати ќе утепа гледајќи резултати.

Шансите тие да се повлечат да патуваат до негде се скоро нула.
 
Последно уредено:

Пензионерите не се до толку неподвижни.

Оние кои се доволно совесни и не се коцкаат, го арчат времето во движење по Водно, во одредени занимации, во екскурзии низ Македонија или по соседните земји, како организирани патувања, преку нивните здруженија.

Острастените по коцкањето, ништо не може да си пречи во „занимацијата„ со таа нивна болест...освен тешка болест или крајот од животот.
 
Колку само во право беше Драган Богдановски за Љубчо и таквите како него, само бугари и срби гледаат, не треба само конгресите на тодор и ванчо да се избришат туку и тие на љубчо.
 
Георгиевски 1990 година е избран за претседател на вмро-дпмне..... на 24 години...
Уште еден доказ дека со деца не се прави држава.

Друг пример лицето Б.Ц. не многу постар од погорниот .... најдобриот кафе кувар што некогаш Семос го имал.
 
Хмммм...денес и двајцата се „просечно богати бизнисмени„, небитно што критички ќе речеш за нив...

Да се биде политичар е исплатлива работа, особено во држави во кои беззаконието е исто што и правниот поредок.
 
Мафнување на рекламите од видикот на децата треба да е целта. Постарите се веќе прежалени.

Јас помнам дека едно време коцкарниците не само што немаа рекламни знаци, туку и беа сместени или по подруми или на повисоки катови во трговски или деловни објекти, повторно без никакви рекламни знаци.

Требаше човек да влезе во коцкарница за да дознае што има внатре.

Да се биде политичар е исплатлива работа, особено во држави во кои беззаконието е исто што и правниот поредок.

И во кои населението има помнење на златна рипка, иако ова би било навреда за златните рипки бидејќи докажано е дека можат да помнат на долг рок.

Исто така треба да се додаде дека станува збор за народ кој никогаш не поминал низ демократска еволуција од типот на укинување на гласачка сегрегација во која едни имаат право на глас, а други немаат, или од типот на забрана за одредена политичка партија како што до денешен ден им е забрането на Македонците во балкански татарстан да формираат сопствени организации.

Луѓето вообичаено ги земаат здраво за готово работите кои не ги чинат ништо или ги чинат речиси ништо, како што се правото на глас, слободата на говорот и правото на слободно и самостојно изразување.

Единствено кога пристапот до некои од тие работи ќе им биде условен или укинат или во најлош случај забранет, прават проценка дали воопшто им треба тоа нешто кое што досега им било бесплатно и загарантирано или речиси бесплатно и речиси загарантирано, а од сега им е условено/укинато/забрането или можат да си продолжат со животите и без тоа нешто. Единствено кога ќе стигне ножот до коска бараат начин како да избегаат од ножот или ако не можат да избегаат одат на се` или ништо.

Но политичарите воопшто не посегнуваат со ножот по рајата бидејќи воопшто нема потреба да го вадат ножот, рајата и онака е претежно игнорантна, апатична и лесно заборава - под претпоставка дека воопшто нешто запомнила во меѓувреме.
 
Последно уредено:
Јас помнам дека едно време коцкарниците не само што немаа рекламни знаци, туку и беа сместени или по подруми или на повисоки катови во трговски или деловни објекти, повторно без никакви рекламни знаци.

Требаше човек да влезе во коцкарница за да дознае што има внатре.

Не беше тоа ради закон некаков туку чиста бизнис одлука, затоа што уште се имаше срам некаков кај народот и коцкарите беа гледани како клошари.

Иначе, немам некакви очекувања поучен од настанот пред некоја година кога претседателот на Австрија дојде кај Стево лично да притиска за тогашниот закон за ова да не се усвои.
 
Најголемите клиенти им се пензионериве и копиљаците пред зграда што седат и немаат што да прават па влегуваат да утепаат време на апарати или некој тикет да пишат.
У 3пм овие пензионериве испаднаа најголем проблем во државата!
Земаат пензии како од устата на децата да им земаат ич не ги загрижува тоа, секој ден се на лекар живеат во станови кои треба да им ги дадат на децата кои заради нив не можат да си формираат семејство, а за да ги залажат на децата има даваат нешто од пензијата, срамота.
А зошто некој не се јави до оние горе да пуштат уште еден круг на корона да се раатиисаме од нив, ако не е доволен еден круг нека пуштат колку треба, па да видиме до кога ќе прават проблеми. Пензиски фонд може да се укине, заштеда невидена!
 
Никој не ги криви пензионерите туку тоа им се целните групи на коцкарнициве. Затоа ги има на секој ќош, целта им е да стане нормално кафе + тикет/апарати. Ако ја тргнеш достапноста огромен дел од коцкањето ќе прекине.
 
Неточно.
Искривено ги интерпретираш работите.
 
Back
На врв Bottom