На голман сме добро покриени, Бомаштар и Валах прават одлично дуо кое може да даде одлични партии во континуитет. Крила по мое мислење и не сме нешто предобри посебно за настап во ЛШ. На лево крило со Тузо и Кеита сме добро покриени дефанзивно, но во напад е просечно, посебно во ЛШ кога треба да напаѓаме против класа голмани. За македонска лига ќе бидат ок. На десно крило малце ми се поквари сликата со последните партии на Воркапиќ. Дали таа повредата што ја спомнаа на крај имаше влијание за тоа не знам, ама почна многу половично да реализира што го направи ептен просек во мои очи. Очекував многу повеќе од него. Дури некако ми изгледа дека го нема оној менталитет што е потребен за кај нас , некако многу ми е мирен без емоција, или па под притисок играше. Да се надеваме дека следнава година ќе покаже многу повеќе. За Гоцка знаеме што добиваме, искуство и вардарски дух на терен, со тој човек секаде сме у плус. На Поповски исто треба да му даваме минутажа во Македонска лига, мислам дека има што да покаже на крило. Позиција пикер ни е некоја средина за ЛШ, треба нешто за нијанса подоминантно таму да биде во комбо со Мечка , вака за домашна лига супер се и со Јанковски и Кера. На лев бек засега ги имаме Љевар и Да Силва , плус ако донесеме уште еден добар лев бек како што се шпекулира ќе бидеме добро попунети тамо. Централен бек сме на коњ со Јака и Фадуил, е сега доаѓа позицијата што душа ни извади последниве години. Вака на прва ќе треба да се надеваме Абделхак да експлодира, како што беше случајот со Мораеш.Лично се надевам дека ќе биде така , бидејќи има јак шут и е доста подвижен , односно има одлично движење за својата висина. Со централни како Јака и Фадуил ќе има доста простор и ќе користи максимално од десен бек. Исто и Љевар лево. Добро кај Љевар и Абделхак е , што за разлика од Хориха и Митро , во својата игра имаат и добра асистенција до крила па и до пикер. Тука исто ќе бидеме доста појаки , пошо немавме нешто пасови до крила и пикер. Коа ќе собереме се , за македонска лига сме спремни да се фајтаме , за Лига шампиони ќе одиме да изненадиме и ако може да поминеме група. Једино да не изненади Михо со уште нешто па да можеме да кажеме и дека во ЛШ ќе одиме појако.За сега , според мене така стојат работите. Едвај чекам да почне следната сезона!