- Член од
- 13 септември 2020
- Мислења
- 225
- Поени од реакции
- 501
Митро има тренирано 2 години во Висла, 2 години во Тулуз, а истовремено и со репрезентација на РС. Немаат тие 2 институции случајно кренато раце од него. Дефинитивно дека има потенцијал да стане добар играч, ама му фали интелегенција. А интелегенцијата не е психа, или форма, па да ја средиш, тешко се опаметува глуп човек. Таа спортска интелегенција се стекнува уште порано. Митро е српскиот Талевски кој добива повеќе шанси само поради левата рака. Талесен колку е изгубен во просторот, за Митро е Ајнштајн... Во секој случај, можеби ќе созрее за некои, 2-3, можеби 4 сезони. Дефинитивно нема да се претвори во Хансен преку ноќ. Знаејќи ги целите на Вардар, тешко дека е паметен избор да остане.Не можеш Боно и Митро во ист кош са ги ставиш. Од Боно се очекуваше многу повеќе. Ова што го изигра во двомечов беше дно дна, под секое ниво. Веројатно и тој веќе со мислите е во Тулуз и не сакаше да ризикува повреди.
Митро сепак има 21 година и иако греши, има простор за негов напредок. Се занемарува фактот дека е многу млад, само затоа што ни е прв десен бек, а вториот е стоти ранг на играч. Сака да се докажува Митровиќ, за замена ќе биде добар. Игра и напад и одбрана, грамаден е. Мене ме плаши што арапот донесен за прва опција исто така не е докажан играч, ама штом играл во Кил, ваљда нема да излезе послаб од Митро.
Јас пак ќе повторам. Голема грешка направија што не го донесоа Јасухира. Уште поголема што дозволија да отиде во Охрид. Пробивен играч, одличен пеналџија. И ако малку има шанси да го донесеме (а мислам дека Охрид нема да дозволи да го изгуби), МОРА ДА ЗАПНЕМЕ за него.
Вака, со досегашниве засилувања и заминувања, ќе биде пеколно тешко да се одбрани титулата.
Мала споредба помеѓу Абделхак и Митро дур играле во Франција (исти сезони, 23/24 и 24/25):
Абделхак 23/24 - 96 гола // 24/25 - 60 гола
Митро 23/24 - 24 гола // 24/25 - 26 гола
Последно уредено: