Али правење тензии како Алегри ќе си отишол, па опасност од тоа, плачење, паника.
Неколку месеци не се замарам, не гледам ни како ќе бидат подобри следна сезона.
Ликот е скроз изгубен, дури на почетокот и имаше за што да се фати човек, да се залаже, ова е очајно. Несоодветен за тим каде што нема да му донесат само готови, зрели фудбалери. И затоа Горецка, Серлот, Грималдо и што ти знам, но со вакви кои што Милан може да ги приушти, не може ништо да се направи.
Нема еден фудбалер кој сега е подобар, сите се во пад, некои и катастрофален.
Па уште и тој бил гаранција и што ти знам.
Овој клуб има само еден начин да гради нешто, три-четири сезони не се обидува да го направи тоа и пробува со полурешенија и глупи жабарски приказни.
Мора да има фудбалери што ќе се развиваат и тренер кој знае како тоа да го направи и така да расне тимот. Со еден-двајца искусни за соблекувална.
Место да истуркаат храбро тоа што го најавуваа, што го правеше и Газидис, тие ги прифатија заостанатите италијански приказни и следна сезона ќе видиме неколку поквалитетни тимови, поставени на подобри, помодерни основи, кои бегаат од тие приказни, а ние се закачивме на нив иако меѓу први тргнавме да ги напуштаме.
Но, не функционирал така фудбалот, знаат правите калчо фанови, новинари, прателе тие пред сто години фудбал.
Не е само минутажа, туку и да знае да ги искористи.
Вака да ти изгледа тим во првите 10 минути во 35 коло, додека се бориш за ЛШ? Нема никаква структура, интензитет, идеи, меѓусебно разбирање... катастрофа.
Додека можеа да ме носат на грб Модриќ, Рабио и Пулишиќ, вадевме резултати, како паѓаа еден по еден, се отиде во пропаст.
Не памтам кога е последен пристоен натпревар, а не добар.
Алегри едноставно не знае како да го постави тимот да игра фудбал.
Милан со Пиоли барем ги пердашеа ваквите тимови како Сасуоло а денес немаа ниту удар кон голот.
Во 2014-та после поразот од Сасуоло над Милан со 4-3 Алегри беше отпуштен, се надевам дека повторно ќе се случи истото.
#AllegriOut
Okej eve i da se plasirame Liga Sampioni,sto potoa ?!
Site pari sto ke gi dobijat AKO eventualno se plasiraat vo Liga Sampioni gi imaat veke zagubeno so devalorizacijata na vrednosta na igracite na transfer marketot!
Znaci nemam stav ni pro ni kontra Alegri, ali fudbalov evoluira,ova veke ne proaga narocito ne na dolgorocen plan!
Алегри е печен за селектор, нека си бира искусни италијанци и нека си игра прагматизам и катанаџо колку сака таму.
Нема иднина Милан со него, демек ќе биде многу подобро следната сезона со него ако имаме ростер за следната сезона со Рабиот-Модрич-Горецка со средина со просек од 35 години, Грималдо 30 години и Андреа Камбиасо како вингбекови и напред Леао и Сорлот.
Џабе Тео и Рајндерс имаат желба да се вратат во Милан кога не одговараат за системот на гаргамел и нема да знае да ги искористи.
#AllegriOut
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.