Драга
Додека е актуелно Водно и точкарите, да искоментирам. Го имам искачено 3-4 пати со велосипед и никогаш во животот (барем она што се имам искачувано по планини со велосипед) не сум ги држел голем дел од времето кочниците. Едноставно пази на пешаци, остри кривини, а од Средно надолу и понекое возило.
Рацете ме болеа, добив дури и грчеви од онакво кочење, а гумичките и обрачот на тркалото верувам дека биле жешки како да биле на Венера. Инаку имам голема желба да се качам со велосипед на 2-3 врва и се надевам ке ми се исполни желбата.