Буџетот е околу 2 милиони, можи малце помалце, ама не појќе, тука негде, односно според Companywall во 2025 година се од 1 Јануари до 31 Декември потрошени се 1,849,375,800 евра. Е сега, читам дел тука, како и самите Стерјеви бараат помош, односно приклучување на нови спонзори и треба и мора, ама, јас ќе се навратам на едно мое мислење тука пред неколку месеци, што добива спонзорот, една реклама годишно? Промоција? Доволни се Х број на вип карти? Треба да можат акци да се купат, ете Пелистерка итн., шо ако Еурофарм му продај 20% од акциите? Пак е мнозински во управен, пак тие главниот збор. Да точно, дека и јас ако давам 500.000 евра ќе сакам да имам увид и да знам кај ми одат парите, можи и знат ама она шо се збора низ град е дека најголемиот проблем е то. Маркетинг можи не е и ова во фудбалот, иако таму резултатите не се баш сјајни за такво опуштање, ама ×3 Шампион на Македонија, х3 учесник во Лига на Шампион + секогаш полна сала, поддршка, публика 60 минути на нозе, да не видиш подкасти, да не видиш забавни емисии, афирмација поголема на клубот, играчите, градот, да му е пријатно на играч шо е тука да биди тука и да му е кеф да кажва каков третман имаат во секоја смисла. Така расти цената и на клубот ама и на играчите, а воедно многу други работи се привлекуваат, меѓу кои и спонзори и помагатели. ДА се сложвам со Бојан дека кај 1961 преку ноќ никнуваат нови спонзори и дека то не е случајно, знаејќи како се функционира во Македонија и дека со еден повик се решава се, ама треба и нашите да кренат телефон, да седнат на маса, ти мене + буџет, јас тебе акции или слично. Магдебург, мислам дека има ако не се лажам над 100 спонзори, секоја втора/трета утакмица менват дресој, сакам да кажам дека има многу начини, меѓу кои и секој играч да го плаќа различен спонзор и различен спонзор да стој на напред на дресот, немора на сите напред да биди Еурофарм, отстапи простор нормално и за појќе пари, веќе ја има компанијата во името, ама тешко тие работи кај нас. И да, покрај прв тренер, да се поработи и на спортски директор, координатор на школата (освен ако не е уште цревото). И повеќе комуникација играчи-тренер-управа ама за то е битен спортскиот директор, исто повеќе комуникација клуб-федерација како и играчи-медицински тим-стручен штаб/управа. Жално шо се ова не профункционира скоро на највисоко ниво во овие 3-4 години и не се искористи моментумот. На крај, ракометот е спортска игра, а во спортот секој сака да победи, не е малце да сме 3 пати со ред шампиони АМА да се играше паметно, ќе бевме уште најмалце 2, 1961 оваа сезона беше најкомплетен тим, можи и имаше помош од судиите нешто што ние го немаме, ама во меѓусебните, бевме згазени, особено на последната во Битола. За поразите од Охрид нејќам да зборам, ми се гади.