Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа го велам и јас дека глупите луѓе не свајќат мајтап и пишат глупи изговори да си ги покријат своите бисери, а пола форум му се смее на глупостите шо ги пиши.
 
Одлична ждребка, можеби единствен пех е што втората е на гости. Било која од овие две екипи треба два пати да се победи. Јас мислам дека најверојатно со Словачка би играле. Нијанси ќе решаваат меѓу нив и Украина. Ако играме со Словачка, тие почнуваат да градат некои млади селекции и во машка и во женска конкуренција. Кадетите нивни млади ги размлатија Црногорците и Холанѓаните, ама на сениорско ниво би требало 10 разлика во Борис да ги треснеме минимум. :toe:
Во право бев. Словачка може да биде гадна екипа, иако во моментов не би требало да ни биде проблем. Младите нивни репрезентации полека се градат (онаа генерација јуниорска играше квалификации кадетски против нив и едвај со 2 разлика ги добивме). Кадетите нивни изгледаат јаки. Женската кадетска репрезентација нивна стана европски шампион. Имаат и шпанец тренер. Со оглед на тоа какви сме и знаеме да киксираме чат пат, дури и мислам дека со гол ќе загубиме таму, а дома пред полна сала со 8 до 10 разлика сигурно би тепале. Сакам да не сум во право за првото и дека и таму лесно би победиле, ама ќе видиме. Ме интересира дали Горига ќе игра за нас сега а и во квалификациите за ЕП (не се паднавме со Украина, па може да игра за нас)?

Што се однесува до групата за ЕП, таа е океј. Не би требало да се направи грешка како претходните пати со Грција и Литванија во второто коло на гости и дека сега ќе ги добиеме грците таму (не верувам дека ќе биде убедливо и лесно, ама секако дека сме фаворити во тој дуел). Последно коло со нив во Скопје ќе биде јако. :cool: Луксембург е најслабата опција од последниот шешир ине е лошо да се бркаат високи победи на тие две утакмици. Шведска е тежок противник. Ако требаше да бирам, Норвешка ќе беше подобра опција и секако Унгарија/Словенија/Хрватска. Против шведиве немаме победа, па не е лошо да се проба на домашен терен и да ги изненадиме бар со гол-два разлика да ги победиме. За прво место ќе е тешко, и ќе треба многу коцки да ни се поклопат. Групата е добра секако, можеше да биде подобра, а можеше и многу полоша да биде.
 
Со Шведска јас би ја ставил Битола, каде што може да се направи поголем притисок од трибини и да се проба да се изненади.
 
Кога ја ставија утакмицата со Турција таму беше хаос со билетите (да не зборам катастрофалниот избор за ставање на утакмицата со Грција во Струмица). Второ повеќето репрезентативци сакаат да играат во Борис, и тоа со години е веќе главна база.
Порано обратно беше, жените дека беа појаки и подобри играа стално во Кале, а мажите ги шетаа секаде - Битола, Прилеп, Охрид, дури и Кавадарци имаше една театар утакмица кога изгубија нашите од Швајцарија.
 
Мислење за средниот бек Крстески? Инаку Хрватска играше со генерација 2010-2011...
Добар е, се гледа дека разбира ракомет, интелигентен играч. Ќе видиме физички како ќе се развива, во моментов е малку „мекуш“.
Левиот бек ми остави добар впечаток, силен во дуел игра, зборувам за играчот со број 13.
Другите двајца леви бека добро играа на 3 и 4 во одбрана, имаат габарит и висина. Едниот, 77-ката, играше и во напад, добар шутер има материјал
Голманот исто изгази на првенствово.
Ќе завршам со Бобан, се надевам дека нема да биде лимитиран само на десно крило во сениорски ракомет. Убедливо најталентиран играч во оваа генерација.

1776523841193.png
Добро со шо ги ранат овие?:D
На сликата се Стефан Ѓоргиевски, и десниот бек на Египет.
Автоматски споено мислење:

Сега ја гледав со Египет (кој имаат навистина топ селекција) имавме напад за реми на 30 секунди до крај.
Ја загубивме првата третина, но ги добивме втората и третата, кои носат поени, така функционира новиот формат во кој се игра првенството.
 
Последно уредено:
Добар е, се гледа дека разбира ракомет, интелигентен играч. Ќе видиме физички како ќе се развива, во моментов е малку „мекуш“.
Левиот бек ми остави добар впечаток, силен во дуел игра, зборувам за играчот со број 13.
Другите двајца леви бека добро играа на 3 и 4 во одбрана, имаат габарит и висина. Едниот, 77-ката, играше и во напад, добар шутер има материјал
Голманот исто изгази на првенствово.
Ќе завршам со Бобан, се надевам дека нема да биде лимитиран само на десно крило во сениорски ракомет. Убедливо најталентиран играч во оваа генерација.

Прегледај го приврзокот 475222
Добро со шо ги ранат овие?:D
На сликата се Стефан Ѓоргиевски, и десниот бек на Египет.
77-ка е Горазд Дамчевски, играше и на ЕМОФ , и во квалификациите за ЕП, има висина и одличен шут, добро напредува во Пролет, исто и Крстески (44-ка) е во Пролет, во младинска лига си гази. 13-ката мислам е Гарбески?
 
Мислев на нашиве дечки
најверојатно, тој е составот, евентуално ако има 1-2 измени, се зависи и од здравствениот билтен. Пример Крстески не настапи на ЕМОФ поради повреда, а на првенствово се покажа одлично.
 
Back
На врв Bottom