Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
to go iskomentirav i jas pogore, site finansii se od orban, sega ke go cicnat malku, prvo vo fudbalo se pojavi sega za brzo i rakometo
imaat srekja so za rakometo e kasno
titulata ke ja zemat, nema sansi da se izgubi
Ако убо примети во медиуми, конкретно за фудбало зборам. Ќутеа, ќутеа и недела и пол пред избори во Маџарска, дали има финансиска криза во фк вардар, со месеци не зеле плати? Па излезе Миленко да дава интервјуа, да се правда мислел дека долг 2 милиони евра испаднале 10 милиони. :D Прочитај го ова цело:
има неколку многу интересни работи. Главен акционер во клубо бил некој Маџар, шо значи пионче на Орбан. Многу интересен ќе биди следниот период после мај. Овај новиот маџарски премиер сите овие струи на сумливи пари ќе ги скини. Ќе видиме конечно дали навистина кираџиите ги крепела дарежливоста на Михајло или пак то биле форинтите на чичко Орбан од сенка, а Михајло само глумел.
 
Слично сценарио ко лани, победивме со Алкалоид и то без Кузмановски, се крена самодовербата во еќипата и го победивме Вардар сред Скопје, само овајпат е Купот пред нас, па нека биди една увертира за рушење на една лоша низа од 21 година без титула во Купот, добро, сериозен сум 21 година ииии:eek:
 

заслужува детево повеќе шанса

 
na koj mu repliciras more sine
vidi mu vo mislenjata NAKA pisi ovaj e se samo skopjanec ne e od nekoe selo izbegan e vo skopje ja prodale na dedo kukata i graCki se napraja ostaj go NAKA praj kef
Дај бе шо се замарате со глупости :) видиш имат опсесија и преокупирани се со Пелистер , баш пред некој ден ми излезе некое видео за гол од Батистута и лице најверојатно со посебни потреби и фејк профил најверојатно Ѓомита коментира за паркетот со Лемго :))))))
 

Attachments

  • IMG_20260414_232244.jpg
    IMG_20260414_232244.jpg
    92,5 KB · Прегледи: 46
Сега како ќе прајме ? Ќе се реди пак се по играчите до 10то колено или сега лавови се ?

Секоја чест за борбеноста, ова е игра шо ја бара публиката, навивачите, градот, вака да играја со жар, со срце до сеа друго ќе се збораше, некогаш тие нерасчистени сметки и двојни аршини на некои ликови на релација играчи-тренер и упрвата треба да си ги решат очи во очи на маса и во тајност, не вака пред цела јавност како пред изминатиот месец, оти Пелистер е бренд и е над сите, клуб со традиција и армија навивачи, не е РК Радовиш....
Каков моментум и психологија на екипата во вторите 30 минути, од -8 и спремање и острење прстите на Епархијата до трт милојко, реално покажавме шампионски дух против Алкалните, вака игра тим од лш, да покажи сила и моќ во одредени моменти, иако тртлавите газиња вмровски пак масакар праеја, кај го исцицаја во Европа, сеа масакар ќе прат во лигата, се испосраја на се шо изградија мешлаците, прво со брчењето против тие од кај шо земат пари, како стигна ќе останат само со подкастите популарни, не ме чуди следно и кај "Брчиме со Дуле" да се појават, мамицата ваша неспособна, пред очи 2-3 престапи, Кузмановски јаде ќотек за сите пари денес, со Епархијата видоја Хосни ќе прај проблеми во мечот, брзо брзо црвен, на Абутовиќ исто, па после некој ќе ми се поздравува со нив во Битола :facepalm:

Околу мечот со на Киро маженцата, се исилија првото, второто му покажавме од кај течи Драгорот, пресвртница со влегувањето на Самоил, ги искина батето :uzi:Павле и тој борбен до максимум, Манасков приказна за себе, заигра инаетот во него, магаре го напрај во второто Галец, до кога мислеше дека се ќе брани ?
За самодоверба за во Петок, топ дојде оваа победа, да знаат дека можат и со его и голема суета си клаваат отров само во оваа зелено-бела хармонија !
 
Нема потреба од кревање во облаци, ист очај беа прво полувреме ко и обично. Среќа се запалија Самоил и Павле покажаја жар во одбрана со инаетот на Манасков и Никучот шо фати неколку топки во краток период, паднаја и дечиштата од Алкалоид во второ се изгубија тоталка, Митев ја доигра повреден и му падна играта за 2 нивоа подолу. Некој го бараше овде Костески назад, зицераш остана дечкото, во клучен момент 2 зицери в голман ги закачи, во толку години редовно си ома по минимум 2-3 промашени зицери.
Сега во купот следи reality check.
 
Слично сценарио ко лани, победивме со Алкалоид и то без Кузмановски, се крена самодовербата во еќипата и го победивме Вардар сред Скопје, само овајпат е Купот пред нас, па нека биди една увертира за рушење на една лоша низа од 21 година без титула во Купот, добро, сериозен сум 21 година ииии:eek:
Ко сме кај Купот, мало ретро, 2005 година, КО ВЧЕРА ДА БЕШЕ.
Прво полуфинале, во петок, со РК Вардар ПРО, ( така се викаа тогаш):D
Пред сала појќе од 300 Чкембари.
Автобуси доволно нема, тегнење, ау, држ, не дај, телефони фрчат. Спире- Миљачо, кај се автобусите?:vozbud:
Пуштија на крај само 2 автобуси, крнтии од времето на Тито.:pos:
Гарант беа за градски превоз, со рачки за држење беа.:D
Кој да влези побрзо, се праеше на влезојте селекција и влегоа само поредовните шо одевме тогаш.
Па сигурно ако е редовен капацитет во автобус 55 патници, во еден автобус имаше по минимум 80-90 луѓе.
На старт касниме, брзо брзо да се стигни на време.
И најјакото беше на последната наплатна рампа пред Куманово, ПАРИ БАРАТ.
Излегва Вања ( бог да го прости). АБЕ КАКВИ ПАРИ БАРАТЕ, УЛАЈ СТЕ ВИЕ, МРШ ТАМУ, ја крева рампата и дирек накај салата.:pos:
Еуфорија внатре, каква полиција, какви претреси, какви редари, какви бакрачи, со се врата се влегваше тие времиња.
Па кузнеј колку брзо се возеше да се стигни на време.
Како стигнавме до Куманово и ден денес не ми е јасно.
На терен тегнење, држ не дај, на крај на пенали Дивио ја извади.
На враќање ко се вративме БТ, во 100 сабајле, гледам на паркинг пред сала автобусите цели искривени, навалени од тежината и претоварот, чисто чудо е како не се превртивме по Плетвар негде.:motorce:
Недела, финале. тогаш беше ПОЛАБАВО,
Пуштија 3 автобуси, башка со коли имаше.
Се тргна навреме, без тензии, без брзање, шо беше нетипично за нас.:D
Во мојот автобус на кондукторско седиште се вози легендата на спортското новинарство, СЕР СЛАВЧО ОД ОРБИС:cool:, со камерманот, камери, се внатре.
Тогаш, таа сезона имаше напраено трансфер. ОД ОРБИС ВО МЕДИ.
И му пејме СЛАВЧО ОД ОРБИС, ГО САКА ПЕЛИСТЕР, ЈА САКА ЦЕЛА БИТОЛА И ЧКЕМБАРИТЕ.
И се врти Славчо, мафка и цел вцрвенат вика НЕ СУМ ОД ОРБИС, ВО МЕДИ СУМ СЕА.:vozbud:
Абе во кој душа да остани во автобусо, сите на земја.
Па праеше документарци, изјави, интервјуа, со сите нишани.
Фали тој чоек во спортот денес, жива легенда на битолскиот спорт, какви само интервјуа праеше, снимки, изјави и слично. кој цар:vozbud::aplauz:
Која сезона беше та, каков тим имавме, упм,:eek: штета шо не се задржа та екипа за наредна сезона во ЛШ, ќе имаше шо да се кажи, ама то е, кај нас секогаш фалеше малце за да се напрај нешто појќе и да се врзи континуитет.
 
Вчерашниот натпревар беше нешто по друго, тимот изгледаше многу добро, не како што треба но каде каде подобро од минатите 2 натпревари изгледа дека повторно изгрева сонцето во клубот. Фитиљо, Хосни, Деки, Павле, Самоил, Хенигман, Никуч, Нинџа, Граховац, сите на ниво, сите играја со жар и шо е најважно на крајот сите многу се израдуваја, ова победа му значеше многу на екипата. Хосни се разигра од ко дојде Аљушот, не е спорно дека е добар тренер, само не знае да наметне авторитет над играчите, ако успее да го стори тоа ке имаме многу добар тим и купот ке биди наш. Ми западна за око Манасков на крајот, последните 5 секунди кога Митев не погоди сите застанват на терен и се радуваат а Деки трча во контра и чека топката да дојди до него и ако знаеше дека утакмицата е добиена тој сакаше уште еден гол, то покажва колку го сака клубот и градот
 
Еурофарм Пелистер покрај Миха Котар во наредниот период ќе донесе и уште еден играч на оваа позиција, со што играчкиот кадар ќе биде комлетен за големи дострели.

Арен е за ротација, нека му е со среќа

Да се надеваме на некој паметен избор!
 
150 голови по сезона, 5-6 во просек по утакмица изминатите 2 години, го имам гледано 2-3 пати и е многу брз, можи да влези во најмалата дупка. Само незнам колку има мозок за на среден бек, тајник паметно играше
 
Back
На врв Bottom