Катастрофа жива. Многу наивен примен гол. На 2 минути до крај на прво полувреме се уфрла бекојте напред, а се греши. Двете екипи на гол не шутнаа, ама Арсими победи со 1-0, страшно. Е толку фали Мирко. Многу. Кице и Кире се жалеа на повреди после Вардар и двата беа неизвесни до пред натпреварот, Кице зато не почна, а и не влезе. Петровиќ невидлив на теренот за жал, ни да задржи топка, ни фал да изнуди, ни да протури... Ќе се оди за жал НАЈТЕШКИОТ ПАТ, во наредните 3 утакмици ни требаат барем 7 бода. Нејќам да посочувам поединци, ама некои играчи треба да се видат во огледало пред да бараат повисока плата или поголема минутажа и глумат разочарани, сеедно дали домашни или странци, дали помлади или постари оти фудбалот е јавна работа. Кажав погоре дека Арсими е сосем друга екипа од есента, сега играат далеку потврдо и на резултат ама на крај на денот сами сме криви за грешките, а тие скапо ги плаќаме. А овие шо брчат за Мане, наместо да јадат трици, нека кажат решение кој би се нафатил во ваква ситуација клуб да води, без притоа да бара да остани и в година или брда и долини. Едвај чекат да изгуби Пелистер и Мане да му е крив, ама дека Мане зеде бодој против Шкендија и Вардар то се заборај, тогаш не му го отвораше форумот на глувците... ДА!!! Требаше и мораше денес да се победи, односно во најмала рака да не се изгуби, ама фудбал е, најважно е да не се отпадни и ако е можно да се избегне бараж. Иначе, она на Миленко козарот дека во сите клубови се борџи освен во Вардар е ОГРОМНА лага, кај нас пола денар не се борџи, Шкендија исто, а пак за Вардар играчите кажват сами дека е многу повеќе од тоа шо се пиши на интернет, така да јас да сум како другите клубој, барем тие кои плаќаат редовно, ќе излезам со банкарски извештај и ќе го избришам подот со козарот.