Утакмицата за гледање, најверојатно очај, треба да ја гледам па да кажам. Ако со Шкенди изигравме добро и во транзиција и во напад, денес бевме лоши и во то АМА бод си е бод и Мане кажа, нема да се бира начин, нема луксузи. Јас ваков начин воопшто не оправдувам или поддржувам, ама во ситуација каде на 9 кола до крајот, целта е опстанок со вакви околности (останати екипи, играчи донесени како засилувања...), нема друго чаре... Денес сите на ниво, Мирко, Стефан, Кице, особено Андреј... абе сите ѕверој, и со бод во дерби и со малце мрднување од мртва точка во овие две последни утакмици, живна екипата, мала собиранка, смеа, муабети за екипата, а од утре фокус на Арсими... Иначе ко ќе речат не е се до тренерот, не баш, СЕ Е ДО ТРЕНЕРОТ, начинот на работа, карактерот, принципите, дисциплината, чесноста... Се враќаме од Тетово, само шо тргаме, Мане: музика славење до стража, од таму фокус на Вардар....
Малце за Вардар, очигледно ЗАБЕГАНА екипа се и се појќе одбивна, ама после ние сме биле за Шкендија да е шампион... абе гниди едни, не гледате која лакрдија се случува? На дерби 30-70 судење, за гости СЕ дозволени, за Пелистер ништо....Некое инфо од прва рака вели дека ситуацијата во Вардар е дамбетер полоша од тоа шо се пиши, а то го збораме цело време дека вештачки проект, државен, измислени инвеститори, на силе на сите можни начини, па после оти? За да му пукнат....
Изненаден од атмосферата, малце да мрни фудбалотn, секоја домашна ќе е полно.... Иначе МРТ да ти речи БРАВО за организацијата на натпревар, на кои егото му е в небо, значи вистина е за БРАВО.
Чкембари уште еднаш покажаа зошто ае најдобрата навивачка група, а Комити го потврдија тоа, со тоа што на дерби се појавија помалце од влошка јајца, таков сеир имаше... Ме бендиса шо само еден нивни се охрабри да викни против Миленко за време на утакмицата, дури козарот пушеше пура.
Во наредните две очекувам од 4-6 бода, исто како што очекував од овие две, само мислев нерешено со Шкендија и нерешено во вечното ама и вака е убо.