Прегледај го приврзокот 474403
Ова ќе го оставам тука за сите што пљукаа дека Никола не беше визионер.
Кога веќе го спомна пвеводбеничиот пастир и визионер, од декември 2025 па наваму се наѕира нова грдосија покрај Вардар, дури и јас неодамна ја видов бидејќи подолго време не сум поминал од таму.
Крајниот резултат е далеку погрд во споредба со фотографииве од декември 2025, сега ги опфаќа и двете страни на зградата, а не само едната половина како што беше во декември 2025.
МНР „прокиснува“, ќе потроши половина милион евра за настрешница
https://nezavisen.mk/nastreshnicata...opjani-dojde-vreme-da-go-branime-skopje-2014/
„Тенеќе“ МНР им боде очи на скопјани – дојде време да го браниме „Скопје 2014“!
16/12/2025 16:09
Фото: Б. Грданоски
Платформата „Македонска архитектура“, која е посветена на промоција на македонската архитектура пред пошироката јавност, забележува и критикува дека се прави надградба на зградата на Министерството за надворешни работи.
Институцијата е сместена на кејот на Вардар и во еден од објектите од проектот „Скопје 2014“.
Од „Марх“ објавија статија насловена: „Министерството за надворешни работи одлучи да му покаже на светот како тоа ние го правиме“.
Настрешница на МНР (Фото: Б. Грданоски)
Настрешница на МНР беше најавена во февруари годинава, од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој рече дека таа се прави заради протекување на покривот. Но, ова што се гледа над зградата на МНР опфаќа само една страна и воопшто не ја следи линијата на ротондата во средина, како што беше најавено.
https://marh.mk/mnr-odluchi-da-mu-pokaze-na-svetoto-kako-toa-nie-go-pravime/
Министерството за надворешни работи одлучи да му покаже на светот како тоа ние го правиме!
16.12.2025
Автор на статија: Filip Koneski
Министерството за надворешни работи на Македонија е институција сместена на кејот на Вардар во еден од објектите од проектот „Скопје 2014“. Некои од визуелните точки кои го дефинираат објектот е влезниот трем со тимпанон, и централната купола која се извишува над.
Изминатиот месец сме сведоци на интервенција над овој објект – омиленото македонско делување во просторот – НАДГРАДБА!
Од каде да почнеме со сатирата и цинизмот нема да погрешиме, бидејќи од овој менталитет нема бегање. Па така, одлучивме на светот да му покажеме, како тоа се прави во Македонија. Надградба небаре е ова домата твоја ( и тогаш е погрешно, но... ), пропорции никакви мислиш ресторан за свадби се подготвува горе. Веројатно и тоа и е функцијата на оваа надградба, за коктелчиња со поглед, приеми и сл.
Какви времиња дојдоа – и Скопје 2014 да го браниме од тие што го изградија – ПАРАДОКС!
Основните визуелни и идентитетски карактеристики на било кој објект треба да се почитуваат од аспект на една градска слика и култура во просторот. Кога веќе сте одлучиле да правите „неокласична палата“, каде извишува централно една купола, не можете повеќе на тој објект да додавате елементи кои се натпреваруват со неа. Таа е центар, таа е ориентир, таа е оска. Кога веќе сте тргнале по патот, постојат висини кои повторно сте требале да ги испочитувате, како разумен компромис и да се постигне рамнотежа преку двострано делување и симетрија во ниската зона, вовлечено и неприметно од нултата кота на тротоарите.
Ова што можеме да го видиме е напад, агресија, без контекст и иновација. Паднати од небо!
Но што ние знаеме?! Само критикуваме... Они надградба направија со лексан над Порта Македонија, подигнаа цел спрат над Собранието... итн. итн. Не се способни ни тоа што го изградија да го третираат онака како треба.
Поимање на просторот е доказ за една напредна нација, цивилизација и култура. Деградирањето на просторот е спротивното – епа ние се изгубивме во просторот!
