Фан клуб - РК Вардар

Мене единствено ми е проблематично што и арапот и Митрович се доста млади, за битни утакмици може да им фалат години и искутство, иако арапот особено би требало да има веќе искуство, француско, бундес.. Ама како и да е, на страна засилувањата во Вардар убаво е да се гледа дека лигата се засилува, има бар 4 екипи каде секој секого може да победи.
 
Следи и среден бек наскоро.
Автоматски споено мислење:

Потпишан е.
Баш ме занима кој ќе биде во тандем со Малус? А за Кулеш знаеш нешто повеќе или е само шпекулација?
 
Сега за сега со Кулеш е шпекулација, беше пред потпис со Раул и Партизан, ќе видиме дали се премислил нешто или не, ама лично мислам дека не ни треба таков тип на играч во моментов, доста склон на повреди е и плус не игра во два правци, одбрана е слаб некако ...
 
Сигурно преговараат и со други леви бекови , мора да се формира добар тандем со Љевар.
 
Уште да ископаат некое младо Македонче и топ сме :D
Браќата Митеви во пакет ни требаат. И да се ризикува некое време да добиваат поголема шанса. И уште еден лев бек би додале, погабаритен што би играл и одбрана.
 
Митеви треба да ни се топ таргет за наредно лето, двајцата во пакет баш така. Годинава тешко дека Алкалоид ќе дозволи да си отиде некој од нив во ситуација кога веќе го пуштија Серафимов, да дозволат да си отиде уште еден топ-домашен играч не верувам, а и со оглед на тоа што изгледа ги договориле Сухолежник и Цехте на пикер и десно, не ми изгледа дека ќе се засилуваат и лево и на среден, што значи дека годинава некој од нив двајца да си оди е многу тешко...
 
Да ама евентуално и двајцата ќе сакаат да си одат бидејќи не играат европа со алкалоид
 
И Игор Ѓорѓиев сакаше да си оди ама има едно нешто таму наречено КЛ селектор на репрезентација, што е поголем фактор и од Европа :cool: Стравот е заебана работа...
 
Ако на Кире навистина му е на прво место напредокот на македонскиот ракомет, треба да биде господин и да ги пушти браќата и Стојковиќ во Вардар, а на нивно место да даде шанса на некои нови млади деца, на пример Немања Џигероски и Јулијан Матески од Мулти Есенс.

Најдобро за сите ќе биде така, како што сега стојат работите наредните години Алкалоид ќе бидат четврта екипа во Македонија, ќе играат само домашно првенство и некое европско натпреварување како што игра Охрид оваа сезона, тоа се натпревари кои браќата(посебно Марко) ги надраснаа, сега е време за некој нов поголем предизвик.

Подобра средина од Вардар за понатамошно развивање нема сигурно да најдат, деца се од Скопје, ќе им одговара целата атмосфера во и околу клубот, ќе бидат практично дома и ќе имаат јаки натревари од Лига на шампиони каде ќе можат постепено да напредуваат.
Едноставно природно припаѓаат кај нас, ќе бидат како Фитиљот што е во Битола или Талески што беше во Вардар, а ако отидат во странство, се плашам дека ќе бидат како што беа Фитиљот и Талески во странство.

Може на некој ќе му звучи глупо, ама според мене ова се одлуки кои можат да бидат од клучно значење за правецот во кој ќе се движи македонскиот ракомет во иднина, да не повторуваме некои исти грешки како во минатото, се надевам сите страни ја имаат веќе научено лекцијата.
 
Плус Чупиќ покажа дека е тренер кој доста ротира со ракометарите па Митев би имал добра минутажа на сите натпревари. Одличен тандем би биле со Малус на централен бек. Штета што Кире е таква мазга, не гледа пошироко. До кога имаат Митеви договор со Алкалоид?
 
Back
На врв Bottom