Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Наша вина е затоа што ние преговараме :) никој со сила не те тера никаде да влезеш.
Наша вина е што постоиме како Македонци и сега веќе Севетџистан каква таква држава на Македонците, така да во прво си кога не би постоеле не би имале проблем, ама се работи на тоа да се реши и тој проблем нешто со бугарски пасоши нешто со автошовинизмот и же биде.

Ова со сила е сигурно твое мислење, вистината е сосема поинаква, се вршат невидени притисоци, поткупи, закани и што уште, како тоа сите ги гледат само ти не можеш да ги видиш!
Еве почни со лисабонската декларација, што е за тебе таа или сакаш со бугарските декларации дека не постојат Македонци и Македонски јазик како ги гледаш тие работи што е тоа?
Автоматски споено мислење:

@Таксист​

и

@FORZA ACM​

не знам што губите време објаснувајки се со некој кој појма нема од работите и кој само сака да се праи паметен
Не е за него туку за останатите кои читаат, да некој што прв пат чита на форумов не помисли дека кај Македонците преовладува такво мислење!
 
Се кладам дека изјавата на Мицко дека не мрда милиметар е договорено сценарио, каде што ќе одглуми херој за да влезе во процесот каде еу ќе биде прикажана како да попуштила а он ќе се прави победник и кога ќе ги пише бугарите. Но во реалност еу не се менува, останува блудница вавилонска, а ние ебаните.
 
кај е тој јајчарот од левица да го прочита чланаков. Иако ние произведуваме стотици милиони јајца, нашите идат за извоз. А српски јадеме овде. На србинот му се исплаќа да ги носи овде за ефтино, но на нашите не. После ќе ми зборат домашно производство. Па дечки да не е увозот, парите нема ни за леб да ви стигнат ако се потпираме на нашите само. Ете и за лебот слушам, здружено се борат да го праат 40 денари, а кило пченица не им даваат ни 10 денари на земјоделците.

 

Некој повеќе информации за ова?
 

Некој повеќе информации за ова?

Бугарин фатен во педофилска порнографија, ништо ново. Сум зборел поодамна за нивната мрежа овде. Од прв до последен, дегенерик до дегенерик.
 
И кога некој се радува на "најефтиното гориво" во нашата земјата, нека си припомни за овие податоци
Напишани од економист, поранешен премиер од редовите на сегашната партија на власт (не е од Левица, не се секирајте). Индексот на производство од 2015 паѓа за 22%. Во Србија расте за 23, во Полска за 45%. Учеството на земјоделството во БДП од историско 10-12%, сега е 6-7%.

кај е тој јајчарот од левица да го прочита чланаков. Иако ние произведуваме стотици милиони јајца, нашите идат за извоз. А српски јадеме овде. На србинот му се исплаќа да ги носи овде за ефтино, но на нашите не. После ќе ми зборат домашно производство. Па дечки да не е увозот, парите нема ни за леб да ви стигнат ако се потпираме на нашите само. Ете и за лебот слушам, здружено се борат да го праат 40 денари, а кило пченица не им даваат ни 10 денари на земјоделците.

Домашното производство е изгор од повеќе причини и затоа гледаат да ги извезат по повисока цена. Има мањак јајца на светските пазари.
Како и за сеидбата, србите имаат фабрики за ѓубриво, за семепроизводство, за машини, пестициди.
Ние иаме топки благодарение на лошата економска структура. Ова сме го кажале, ти си го заборајл.

Еве и за струјата која две години по ред се качува и која се качи уште толку со блоковите. Најскапи во регионот.

Втори месец, 2025

ЦЕНИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ДОМАЌИНСТВА-ЕВРОСТАТ:


Држава Цена во €/kWh Цена во МКД/kWh
Македонија €0,0943 5,8 МКД
Албанија €0,0929 5,71 МКД
Косово €0,0650 4 МКД
Србија €0,0783 4,81 МКД
Црна Гора €0,0894 5,49 МКД
Босна и Херцеговина €0,0724 4,45 МКД
Унгарија €0,0861 5,29 МКД

ЗГОЛЕМУВАЊЕ ПО БЛОКОВИ:
Прв блок: +0,68%
Втор блок: +0,9%
Трет блок: +1,93%
Четврт блок: +2,24%
Евтина тарифа: +0,9%

Плаќаме најскап киловат во цел регион. А кокошките нејќат темница.

Погрешни аграрни политики носат лоши последици и вакви цени.


350 миљони евра, у облаци отидени
 
И кога некој се радува на "најефтиното гориво" во нашата земјата, нека си припомни за овие податоци
Напишани од економист, поранешен премиер од редовите на сегашната партија на власт (не е од Левица, не се секирајте). Индексот на производство од 2015 паѓа за 22%. Во Србија расте за 23, во Полска за 45%. Учеството на земјоделството во БДП од историско 10-12%, сега е 6-7%.


Домашното производство е изгор од повеќе причини и затоа гледаат да ги извезат по повисока цена. Има мањак јајца на светските пазари.
Како и за сеидбата, србите имаат фабрики за ѓубриво, за семепроизводство, за машини, пестициди.
Ние иаме топки благодарение на лошата економска структура. Ова сме го кажале, ти си го заборајл.

Еве и за струјата која две години по ред се качува и која се качи уште толку со блоковите. Најскапи во регионот.

Втори месец, 2025

ЦЕНИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ДОМАЌИНСТВА-ЕВРОСТАТ:


Држава Цена во €/kWh Цена во МКД/kWh
Македонија €0,0943 5,8 МКД
Албанија €0,0929 5,71 МКД
Косово €0,0650 4 МКД
Србија €0,0783 4,81 МКД
Црна Гора €0,0894 5,49 МКД
Босна и Херцеговина €0,0724 4,45 МКД
Унгарија €0,0861 5,29 МКД

ЗГОЛЕМУВАЊЕ ПО БЛОКОВИ:
Прв блок: +0,68%
Втор блок: +0,9%
Трет блок: +1,93%
Четврт блок: +2,24%
Евтина тарифа: +0,9%

Плаќаме најскап киловат во цел регион. А кокошките нејќат темница.

Погрешни аграрни политики носат лоши последици и вакви цени.


350 миљони евра, у облаци отидени

Најголемата потрошувачка се храната/концентратот. Нема доволно житарици ниту за човечка конзумација не па за животинска. Друго се кладам дека тој извоз што мора да го покриеме со српски јајца е примарно од извозот на Везешари за ЕУ, и од произведувачите за КАМ кои носат во продавниците на КАМ во Косово и Бугарија.

А субенциите се една огромна утка, имаат нула ефект на подобрување на земјоделството освен што одредени луѓе се напунија со пари со изнајмување на државно земјиште и правење на лажни насади на лешници.

Првиот и најголем проблем е картелското здружување на трговците. Додека тоа не се реши напред одење нема. Втор најголем проблем се неефикасни методи на земјоделие. Трето е немање никакви услови за рурално живеење. И после на четврто место доаѓаат скапите репроматеријали зошто Македонија нема ништо: немаме ѓубриво, немаме пестициди, немаме расад, немаме механизација, немаме системи за наводнување. Четвртото и би можело да се субвенционира на краток рок за да се подобри конкурентноста, али првото и третото не закопуваат на долг рок.
 
Последно уредено:

Груби има компромитирачки снимки за екс соработници, ќе прозбори и за операцијата за враќање на Груевски?!

Во време кога поранешниот вицепремиер Артан Груби имаше голема политички моќ, во јавноста беа пласирани тврдења дека тоа, меѓу другото, е резултат на аудиоснимките, кои му ги дал поранешниот премиер Зоран Заев.

Сепак, тезата дека Груби поседувал дел од „бомбите“ на Заев, со помош на кои остварувал политички цели и амбиции, никогаш не доби официјална верификација, меѓутоа сознанијата до кои дојде „Фокус“, укажуваат дека Груби можеби во меѓувреме создал свои „бомби“, бидејќи преку неформален канал навестил дека, доколку се врати во земјава под поволни услови, дел од своите компромитирачки искази за поранешни соработници може да ги докаже, оти се документирани.

Покрај тоа, неофицијално дознаваме оти тој посочил дека не планира да настапи само со наводи во функција на одредени истраги и кривично-правни постапки, при што главен таргет би му биле петмина поранешни функционери.

Имено, нашите доброупатени извори велат дека тој ќе реактуализира и една тема со висок политички интензитет – планот за враќање на поранешниот премиер Груевски.

Во исчекување на епилогот дали и какви „бомби“ ќе детонира Груби, премиерот Христијан Мицкоски порача во минатото многупати мерките за обезбедување знаеле да бидат променети, што многумина го протолкуваа како порака до екс вицепремиерот дека куќниот притвор во иднина може да се претвори во затворски притвор, доколку тој не го исполни она што го ветил.

Груби скроил своја „црна листа“: Кои 5 лица се на врвот?

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој неодамна се врати во земјава по 14-месечно бегство, по што замина во куќен притвот за предмет поврзан со Државна лотарија, долго време правел обиди да направи политички договор за камбек во државава, објави неделникот „Фокус“.

Според нашите сознанија, уште по политичките промени, прво лидерот на ДУИ Али Ахмети направил обид по политички пат да му обезбеди на Груби подобар терен за правна битка, но тогаш бил категорично одбиен од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Но, дали нешто се промени во меѓувреме?

Како што велат блиски луѓе на Груби, тој со тешко срце заминал и тешко издржувал далеку од неговиот дом. Затоа, подолго време се обидувал по разни политички, но и семејни канали да направи договор за негово враќање, кои со текот на времето се засилувале поради повеќе причини – сакал да се врати кај семејството, се чувствувал заборавен од Мала Речица, бил мета на закани…

Ако сето тоа го навело Груби да бара и обезбеди враќање под поволни услови (куќен притвор), тогаш што е она што може да го даде за возврат? Како што вели претставник на власта, Груби навестил дека ќе проговори и ќе каже сè што знае за повеќе поранешни сопартијци во партијата и во владата.

Истиот извор вели човекот што се наоѓа на „црна листа“ на САД, составил своја „црна листа“, каде што 5 лица биле во преден план – актуелниот пратеник Блерим Беџети, поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешниот шеф на дипломатијата Бујар Османи, поранешниот генерален секретар на СДСМ Миле Зечевиќ и братот на експремиерот Зоран ЗаевВице Заев.

Случајно или не, токму овие и некои други имиња, поврзани со поранешната влада на СДСМ и ДУИ, деновиве беа споменувани од страна на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои, меѓу другото, тврдеа дека опозицијата стравува од тоа што би го изнел Груби пред обвинителството, што ќе детерминира кој би седнал до него на обвинителната клупа.

(Венко) Филипче,(Зоран) Заев,(Миле) Зечевиќ,(Оливер) Спасовски и останатиот дел поранешни функционери на СДС, се фатени во голема паника и хистерија од можните искази во обвинителството на Груби. Во СДС се свесни што сè може да каже Груби, па затоа и го бранат неговиот криминал. Ако Груби прозбори, голем дел од поранешните функционери на СДС ќе треба да седнат на обвинителна клупа – рече Бране Петрушевски, кој во една друга пригода во истиот контекст го спомена и Вице Заев.

Говорејќи во насока дека не направил никаков „дил“ со Груби, оценувајќи дека тоа нема логика, премиерот Мицкоски, пак, во едно интервју рече дека има чувство оти „многу луѓе се загрижени во овој момент“. Плус, додаде дека има чувство оти „токму од таа загриженост произлегува овој немир што се случува во опозицијата и во кругови во рамки на опозицијата“. Иако вели дека е свесен оти сето тоа ќе направи штета врз него и неговите политики, сепак, порачува дека крајната цел е повисока.

Граѓаните да бидат спокојни, како што улиците ги исчистивме од криминал, така државата ќе ја исчистиме од политичките криминалци, кои оставиле голема трага во минатото… Разбирам дека СДСМ сака хистерија да предизвика зашто се исплашени, но ги молам медиумите за внимателност, сè ќе излезе на виделина, имам такво чувство. Оставете ги органите на редот да ја завршат работата, зашто имам чувство дека ова се моментите кога ова политичко мочуриште постепено ќе почне да се избиструва – рече тој.

Коментирајќи ја пораката на лидерот на СДСМ, Филипче, кој рече дека секој треба да одговара за она што го сторил, Мицкоски нагласи: „Јас, а и македонската јавност, ќе го држи за збор Филипче. Но, кога ќе дојде до тој момент, имам такво чувство дека ќе дојде, да не биде потоа политички реваншизам или нешто друго. Да не биде потоа како за модуларната јас не сум виновен… Да не биде дека некој ете политичкки му се реваншира. Тоа е суштината, исплашени се од тоа што ќе следи…“.

Освен одлуката да добие куќен наместо затворски притвор, дека нешто се случувало зад сцената околу Груби сугерира и тоа што тој не дојде како обичен граѓанин на граничен премин, туку со насмевка на лицето во раните утрински часови беше специјално пречекан од припадници на македонската полиција, кои му ставија лисици и го однесоа во истражниот затвор. Воедно, на видеоснимките може да се забележи дека носи панцир.

За македонски државјанин, кој се бара со меѓународна или со национална потерница, при негов влез во државата од страна на полициски службеник се известува органот што ја издал потерницата. Секторот за меѓународна полициска соработка нема информации за активности, бидејќи тие не биле информирани дека лицето во точен временски период ќе биде на граничен премин. Граничниот премин на излез од Косово нема евиденција, бидејќи е една контрола (One Stop Spot), влезот го покрива Македонија, а излезот од нашата држава Косово“, ни одговорија од МВР, додавајќи дека ги споделиле со ЈО сите сознанија со кои располагаат за Груби, вклучително и информациите од АНБ.
 
кај е тој јајчарот од левица да го прочита чланаков. Иако ние произведуваме стотици милиони јајца, нашите идат за извоз. А српски јадеме овде. На србинот му се исплаќа да ги носи овде за ефтино, но на нашите не. После ќе ми зборат домашно производство. Па дечки да не е увозот, парите нема ни за леб да ви стигнат ако се потпираме на нашите само. Ете и за лебот слушам, здружено се борат да го праат 40 денари, а кило пченица не им даваат ни 10 денари на земјоделците.


Прав си за ова ама на грешно место бараш кривица, заостанати сме ние во времето и слаба е продуктивноста ама поради тоа што и тие пари што ги имаме наместо да ги инвестираат кај перспективни земјоделци они ги крадат парите вклучително и од ипард фондовите. Ете на пример овие твоиве Мицко и компанија како и предходната комуњара уште ветер во грб даваат на 2-3 монополисти, наместо да им дадат на лозариве кредити со ниски каматни стапки да произведуваат вино готов производ они годинава им дадоа пари на винариите по кг откупено грозје. Затоа и имаме најефтино грозје во Европа, а Европски цени на вино од лидерот на тој монопол Тиквеш
 
Скупјани, ќе го јадете сега и со новиот возен ред на јсп. Оти многу способни селоначалнициве. Уриме

Која ќе биде трагедијата со новиот ред во ЈСП „Шкупими„, оти подобрување не ни очекувам?...

Немаат гориво, немаат автобуси, немаат шофери, ќе кратат број од автобуси по линии, ќе кратат цели линии, нешто што до сега од ЈСП не сме го виделе а ќе бидеме „изненаѓени„?...
 
.
Изолирани сме, не знам како ќе продолжи вака

што ни фали? Северџаниве некако им се стресоа мадињата кога го слушнаа тоа од Мицко. Дај боже да побегнат сите од овде у ЕУ да се спасиме од нив.
 
Back
На врв Bottom