Интересно и доста надежно интервју на Бојан на МРТ со Чупески. ( се снимаше пред 15.03.2026, не беше уште зарипнат Бранче од радвањето по голојте на двократниот, се подмочна од среќа пусти Бране, со која страст коментираше за своите сограѓани

).
Наше е за наредна сезона да им ги расипиме сметките на душманите,а мислам дека ќе биди така со буџетот шо се спрема за в година.
Добра најава за иднината, се надевам дека навистина ги воочија грешките и дека ќе се работи на поправање и санирање на дупките.
Да беа малку похрабри од управата требаше и мораше уште по тие пропусти на клучните играчи на утакмиците со Алкалоид, мечот фајтерите во Епархијата да се поделат по неколку воспитни ( парични казни и откази) меѓу играчите, да се сменат дури можеше некои коцки за пролетниот дел, посебно на бековските позиции, тука се изгуби титулата, не во неделата.
Ама, помина сега то, џабе е после војната сите генерали.
Неколку работи.
Прво, со тренерот.
Ќе мора да му се дај неограничена власт на тренерот над играчите.
Не смеј ни под разно да се дозволва пак оваа ситуација, играч или група на играчи да се над тренер, тактика, да се над публиката.
Без разлика дали тренерот е Онеста, Пасквал, Сиверт или Аљушо, мора неговото да е последно и не смеј играч да му се топори на тренер или да глуми лудило на тајмаут, играчо не смеј ни да го погледни накриво тренерот, камоли нешто друго, искрено се надевам дека то во неделата беше последна таква грда слика од овај клуб.
На тој шо не му се игра, нека си седни на клупа или нека си бара исписница.
Аљушо е појќе од солиден тренер и заслужва да добие шанса на подолг рок, но под услов да има контрола над клупата и да се остај тој да си ја бира екипата.
Ќе треба и тој да се одважи малку, да ги распуца малку шанкурињата шо глумат Гисли Кристијансен и Ларс Кристиансен, не е тој од Марс паднат па да му се прат мангупи некои ликој шо тој кога играше во репка не беа уште родени.
Чоеко беше огромна играчка легенда шо децении жареше и палеше на овие простори, кузнеј дали некогаш на Балканот ќе има подобро лево крило од него, во два правци прајме муабет, не за еднонасочен играч, контри, пенали, доктор беше Аљушо за 5-1 или 3-2-1 одбрана и не заслужва чоеко сеа да му глумат лудило некои замислени звезди, не го бива, не го личи и срамота е.
Ако нејќи Аљушо да продолжи, да се најди некој тренер шо има модерни сфаќања за ракометот, не да се враќаме на ракомет од пред 15 години, со одење, без ротација, без идеја во напад.
Второ, со ростерот.
Се надевам дека ја научија лекцијата и дека играчите ќе ги најдат најдоцна до крај на Мај, ако се чека како прошлите сезони да се тегниме до Август/Септември за играчи ништо не прајме пак.
Да се види шо ќе се прај со екипата шо е на лагер сега, кој останва, шо е уште поважно да се види кој сака да остани,па после да се барат нови играчи,
Многу е добра и позитивна најавата дека конечно ќе се барат играчи од

.
Ако се точни најавите дека со Серафимов е веќе завршена работата, то е многу солидно засилување, ако многумина нема да се сложат со ова мислење, ама дечкото го разбира ракометот, има движење, техника, не е лош со шутот од надвор, солиден пеналџија,му фали некој СМ, слаб во одбрана ко Видомски, ама се анулира сето то со добра ротација и промени.
Требаше него одамна да го земат, не да се тегнат со арбитражи со Танкосен.
Со Видомски ќе бидат добар тандем, брзи на нозе, јаки на техника, луцидни, ако се ископа уште еден висок играч, некој контраст на овие двајца, да речиме ко Кашпарек и слично то ќе биди појќе од солидна пополнетост на десен бек.
Ако се успеј да се донеси уште некој Македонец то ќе биди топ, има доста интересни опции, на пикер, голман. посебно на среден бек,

само ќе треба да се одврзи ќесето оти сите се под договор.

Требаше и мораше да се работи на тој скаутинг на времето, да се донесат уште во 2021,2022, некои домашни играчи овде, ко не беа афирмирани.
Го имам праено појќе пати муабетот, Лазаревски дури беше во Тримо,требаше да се реагира овде и да се препознај неговиот талент и да се донеси дечкото.
Не демолира во неделата, дандало му го зеде на Абутовиќ и на цела одбрана, то е тој момент шо треба да го напрај пикеро, нормално, ако има кој да му дај топка.
Средниот бек е клучот на цел напад, овде мора да се најдат капиталци.
Двајца играчи ќе мора овде, оти видовме колку скапо можи да не чини то коцкање со само еден плеј.
И конечно, АКО МОЖИ, да се донесат бекој шутери, не КВОТЕРБЕКОВИ НА ПРЕТЕК, бекојте ( левиот и десниот) треба да шуткат, не да ја вртат топката ко чупиња пред зграда.
Фалат очајно бекој шутери надвор од 9, калибар на Манасков, без многу мислење и дрнкање во напад, да земи и да ја распуца, да не се заебаваме овде со напади од по 1 минута без да шутниме кон гол, а и ко ќе шутниме то да биди вон оквир на гол ( ко шо беше во неделата со тие "удар(чиња)").
Трето, најважното во овај момент.
Треба да се истурка плејофот, да се стегнат сега максимално, нема појќе изговори и алиби, да се освои по секоја цена то второ место, оти се виде колку е важен тој директен пласман во ЕЛ и игра во бараж, ќе ти падни некој бундеслигаш и оди чешај се после.
Сега се доведовме во ситуација да не зависиме самите од себе.
Ќе мора во 4то коло да се стегнат машки, да му кажат од кај течи реката на тие шанкурињата, да се набилда шо поголема разлика, оти појќе од реално е да се решава та борба во 9 то коло во Епархијата.
Во 5 то коло, ако се тепа во Автокоманда ( со оваа игра ќе биди многу, многу заебано и тешко) да се напрај некој брејк, па да се влези во тој решавачки дел.