Фан клуб - РК Вардар

Браво за дечките од дијаспората, верувам има по некој и од Скопје што отишле, сосема солидна и коректна поддршка, а и бројка. :bravobe:

Никој како Вардар од Скопје!!!
 
Убаво функциониравме денес и во моментите со втора постава. Радува што Да Силва почнува да гази, односно секој ги искористува своите минути на терен. Денес практично и одморија Хориха и Малус (одиграа по пола полувреме), што е супер за предизвиците кои следуваат. Ми се свиѓа што од натпревар во натпревар се повеќе гриземе во одбрана , се тоа сакам да го гледам на секој натпревар. Па и да изгубиме никад нема да им замериме. Митро по традиција мора да го спомнам :icon_lol:.Човеков како лесно се увалуе у чекори , не е реално:D. За сега топ е ситуацијава. Веќе сме чекор понапред од минатата година , четвртфиналето во ЛЕ е осигурано , а продолжуваме со борбата на домашен терен.
 
Се согласувам.
Сите беа добри денес, дури и Марчињак, во право време се наштимаа
 
Одлична игра, посебно радува што сите ја искористија дадената шанса. Сепак, мора брзо да се вратиме на главниот „course of action“ сезонава. Со сите сили викендов кај шурите за да направиме клучен исчекор кон титулата. Дома со шурите играме помеѓу двете 1/4 финални во ЛЕ, така што значајно е до тогаш да имаме поголема предност.
 
Кој сака пак да ја гледа ја пуштија пред малку на Арена премиум 4
 
Како клуб од втор најракометен град редно време е да ги треснеме во недела. Доста време овие што играат ракомет од времето на диносаурусите не бламираат по Европа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom