Потполно си во право за се напишано.

Нерационално е да се фрлат пари во наддавање со оние шанкурињата од ТВРДИНАТА, шо се расфрлат со општински пари, и то за шо?
За натпреварување ко КУП?
Шо ќар имаш од титулата во купот? Демек еден пехар плус шо сме го немале освоено 20 години,

голем, 5 имаме во витрини.
Не знам за другите, јас дури и би се откажал предвреме од такви титули ко Куп, Суперкуп и би одел ALL IN на првенството, секогаш.
Ние се заебававме со Алкалоид на 2 пати, со Охрид изгледаме ко распашана банда и сега ќе сме фрлале пари за купот.

Не знам шо се запнаја со тој купот, па ќе наддавале, батали таму, нека се радват Славета и Бабачот тушнико со то натпреварување, нека фрлат се на една карта на првенството, па шо ќе биди нека биди.
И во Охрид да се игра купот ништо страшно, пак ќе имаме појќе од салам поддршка, исто ко дома да играме и ќе ги амортизираме тие моменти шо ќе играме надвор од БТ.
Ако си појак, ќе тепаш и во Охрид, ќе тепаш било каде.
Вака, џабе ќе се фрлат пари, за шо?
Еве и да се земи купот во БТ, кој гарантира дека нема да ти пуштат некои левутки од судии да не сакатат дома?
Во ситуација ко кукат цела сезона дека нема доволно пари, дека фалат уште спонзори, сега излегва дека се прајме офарди со парите и се расфрламе.
Влегваме во лицитација со Славета и фрлање на пари шо реално ќе ни бидат далеку попотребни за наредна сезона.
Со тие да речиме 100 К шо ќе се фрлат за купот, ќе се обнови некој договор, ете да речиме со договорите на Фитило, Митревски, Манасков, Богдан, Хенигман итн, на сите им завршват договорите на лето, тие неколку илјади евра плус во плата шо би можеле да ги понудиме ќе ја напрат та разлика дали ќе ги задржиме клучните играчи или не.
Јас разбирам да влезиш да се наддаваш со друг клуб за некој играч за на лето, ама да фрлиш еве да речиме 100 К да земиш некоја ревијална титула нема никаква логика.
Ова ми е нешто слично ко Тутунски во 2001/2, ко фрлија еден куп пари за да се игра купо во Прилеп, напраја се да земат титула, со колење, со бесење со судии не тепаја, и после наредни сезони ги снема од мапата во Европа.
Па со тие пари шо ќе му ги дајме на тацна на РФМ ќе се задржи втората екипа шо се думат дали да ја растурат за наредна сезона, ќе истуркат една цела сезона децата со тие пари, ќе види ќар клубот, ќе видат ќар сите тие млади деца шо можи да станат нешто во спортот.