Денес две различни полувремиња, првото бевме добри, имавме и две мислам полушанси, а Силекс ништо. Кире, Немањ, Швајц и Србијанац назад одлични, Давид скоро перфектен, Томче најверојатно уште го мачи повредата и зато го извади на полувреме, а и мислам дека имаше само 2 тренинзи пред утакмица. Милојевиќ никаков сигнал не ми дава, Лука и Бошко солидни, но му треба поддршка од шпиц, а Петровиќ за жал тоа не го пружа. Не задржува топка, не протурва, а изгледа дека е спремен физички, ама... во чаша од 0,25 литри не бери 0,5 литри. Андреј исто на голот стабилен му ја фати на Минче, и сите излегвања му беа точни. Мирко како шо нема играно беше океј, напраени фалој над него неколку, 2 жолти над него, неколку топки задржа, штета шо незнајме во една ваква ситуација да го искористиме, кога друг и подобар немаме. Кице исто од ко влезе средина добивме сигурност, особено во дефанзива, а и према напред имаше две протерани кон Булатовиќ и Керим, првото помина, второто за жал не... Најмногу кеф ми е за Давид, кој на крајот беше и испратен со аплауз, не е случајно. Иначе да, да не се лажиме, тешко е да се игра утакмици на 3 дена, ни следува Тиквеш каде можиме да се надеваме и на победа, нив и онака не му треба. Иначе најавив еднаш, ќе најавам пак, многу убај работи се прават во позадина, кои мислам дека ќе почнат да функционираат уште оваа сезона, членство, подкасти, фаншоп, НО се е то џабе, ако резултатите не се како што треба, но значи многу за промоција на клубот, играчите, афирмација... Прво ОПСТАНОК, ДИРЕКТЕН, после се отом потом...