Македонска ракометна репрезентација - (жени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Кадеткиве на Европсково губат и од Словачка со 10-15 разлика. Словачка пред 7-8 год заедно со Швајцарија, Фарски и Португалија ја немаше на ракометна мапа.
на крајот од првенството Словачка станаа и шампионки
не дека ќе е ова мерило во сениорскиот ракомет, ама сепак се гледа работата со младите, за разлика од кај нас.
 
Деновиве беше одржан Трофеј Македонија. Македонија убаво почна со Тунис и го победија 34-27, ама кој контраст на наредниот меч со Египет и пораз од 18-19!?? :cenzura::eek: Утакмицата денес со Грција не се одигра, наводно гостинките имале вирус и не можеле да состават тим... ахммм, даа сигурно. Тунис му ремизираше на Египет и со тоа Македонија го освои турнирот со две одиграни утакмици (и една службена). Многу слаба втората утакмица поготово дома да загубиш од Египет. Не ми делува дека со ваков пристап може Словенија да се победи во квалификациите дома. :toe:
 
34-18 денес пораз од Германија. Девојките ако сакаат да пробаат да го избегнат последниот шешир при евентуален пласман ќе треба да ја победат Словенија дома за неколку дена. Ако загубат дома, убаво би било Грчевски да си даде оставка и да најдат некој асален тренер за женскава екипа.
 
Прво и основно Грчевски со таа фризура не смее да припари до спортот, а не да биде селектор на некоја репрезентација.
Вчера за 17 минути во прво полувреме постигнаа само два гола и тоа од пенал, после тоа се разлабави Германија, па ајде некако држевме некој резултат, на крајот кога се стегнаа германките не видовме гол.
Прашањето е дали ќе ја добиеме Белгија на два пати и со евентуална гол разлика да сме во топ четири третопласирани репрезентации.
За квалитетот на женскиот ракомет во глобала не само кај нас не ми се зборува толку е опаднат, да беше времето на ања андерсон, кастратовиќ и слични на нив ќе изгубевме со 30 разлика.
Пола не ни личат на ракометарки, душа нема во нив.
 
Словенија, која ја тресевме редовно во Скопје пред едно 20-30 години, денес со 8 разлика не тресна. Напредок од ЕП нема, туку едно назадување. Ни треба дански/норвешки селектор и една кардинална промена во целиот женски ракомет. Фарските Острови кои ги победивме дома-гости пред едно 7-8 години, завршија пред нас на ЕП и стигнаа до СП. Еве ги сега се втори во група, го победија Исланд на гости.
 
Не знам како играле и со кој состав противниците на турнирот во Анкара ама позитивен резултат сме оствариле што е за пофалба, победа над Турција и Словачка и реми со Словенија и освојување на прво место.

Ќе видиме во март следна година против Белгија дома и гости дали е реален овој резултат од турнирот.
 
Малку off topic тема, женскиов клупски ракомет КАТАСТРОФА

клуб по клуб згаснуваат
 
Не знам некој дали виде, ама пионеркиве на медитеранскиве игри загубија од Хрватска 27-8. А да биде ова полошо е што последниот гол го примивме од нивен терен, а ние имавме голманка на голот. :вонзем:
 
Малку off topic тема, женскиов клупски ракомет КАТАСТРОФА

клуб по клуб згаснуваат
Кој е овој портал Спортска димензија?? Сите ги прават дијаманти, од толку дијаманти ракометов ни е каша попара. Не знаат ништо друго да напишат освен дијаманти. Од Талевски и Неловски, па натака се дијаманти некои, а уствари се просечни трупови. Малце спуштање на земја со епитетиве.
 
Wow! Ќе има ли отказ после утакмицава со факинг Белгија!?? :eek: Ова дно од резултат е како оној кога изгубивме од Азербејџан за оние претквалификации за СП 2003! Пораз од Белгија која со години немаше репрезентација и немаа ни екипа пријавено!?? :sick:Овој под итно треба да се избрка и да се донесе некој саглам селектор, макар и странец.
 
Тешко ќе го дочекаме тоа да си даде оставка овој црепов со психопатска фризура ала Роберт Де Ниро во филмот Таксист. Со него се повеќе и повеќе тонеме, а што е најинтересно го упропасти и Тиквеш. Не знам дали има некој спортски тренер во светски рамки што води истовремено и машка и женска екипа :tapp: :facepalm:
 
Белгија лани изгубиле од Косово во квалификации за СП :cenzura:
 
Ne znam na koja fora likov seuste dobiva rabotni mesta, ama vo sekoj slucaj katastrofa. Odamna trebase da bide izbrkan od zenska reprezentacija, a posto ne sum go pratel Tikves ne bev svesen deka e trener i tamu. Tragedija.
 
Белгија лани изгубиле од Косово во квалификации за СП :cenzura:
Овие немаа ни репрезентација женска со години. Мажите нивни, иако имаа слаба екипа, барем имаа репрезентација, имаа присуство (колку пати сме ги шлакале, еднаш и со 44-17). Женските не играа ниту претквалификации порано. Ова им се први квалификации и прва победа. :facepalm:

Тешко ќе го дочекаме тоа да си даде оставка овој црепов со психопатска фризура ала Роберт Де Ниро во филмот Таксист. Со него се повеќе и повеќе тонеме, а што е најинтересно го упропасти и Тиквеш. Не знам дали има некој спортски тренер во светски рамки што води истовремено и машка и женска екипа :tapp: :facepalm:
Треба да има доблест и да си даде оставка! Поразов од Белгија е дури и полош од оној од Азербејџан пред 20-тина години и оној дома од Италија негде пред 10-тина години. Нема оправдување. Овие ги немаше на мапа никаде!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom