Не треба воопшто да се замараме со другите, сами си решаваме за се, па и макар да не се освои титула, битно нашите да изгинат на терен и да одиме чекор по чекор. Да се продолжи со платформата, дај боже да влези уште некој плус спонзор и да си ја вратиме титулата следната сезона. Пелистер низ историјата секогаш кога ќе ја изгубел титулата наредната година лесно и ја враќавме. 94/95 сезона Борец не победи дома, потоа 96/97 Јафа Промет ни зеде нерешено во Битола ја зеде титулата, наредна сезона си ја вративме, потоа следува Вардар 98/99 кога првпат беше шампион, победи сред Битола, се сеќавам втерен влеговме, ја преќинавме, летаја камерите на МРТВ

и Олег Маљцев јаде нокаут

, па наредната сезона си ја вративме титулата.
И сега доаѓам до клучната за мене сезона таа е 99/00, една од поубајте за мене, се изнашетавме, имаше редовно автобуси, на полусезона се смена структурата во клубот дојде Спиро Мавровски и почнаја да влегват пари во клубот, навивачите станаја дел од управата и имаше добри гостувања, Неготино, Струга, Кавадарци, Богданци, Спиро ни имаше кажано вие само соберетесе, ќе ве чекат стално минимум 3 автобуси пред паркингот, знам имавме едно добро гостување во Богданци, една од клучните натпревари против Младост, тепавме со голот на Лазаров во последните секунди со двајца помалце играчи, и чешито да биди поголем игравме со една згрешена гарнитура на дресови, црвено бели, уште не беше стигната тогаш новата зелено-бела гарнитура, исто таа година да спомнам дека Пелистер ја смени домашната гарнитура од сино -бели на зелено бели и имавме гостинска гарнитура сино - бели.
Таа сезона ќе се памти и по ќотекот шо го изедоја Начевци во Прилеп, одвак жива глава спасија, Тутунски беше казнет и играја во Кавадарци, имавме јако гостување тогаш, го добивме Тутунски и потоа неколку недели за купот организиран исто во Кавадарци изгубивме од истиот тој Тутунски кој го добивме намајтап во првенствената, сите бевме сигурни дека одиме финале и беа спремни 10 автобуси за финалето, се сеќавам Спиро плачеше на бегање не му се верваше, и за Велигден Велика сабота иди клучната со Вардар, знам тогаш дали беше Марковски или друг беше опоменат од дел од навивачите да нема циркузи ко со Тутунски во купо оти ќе биди големата. Дојде сабота всала имаше над 6000 гледачи 1 сат пред да почни натпреварот, рутинска победа и повторно ја вративме за нас тогаш 5-та титула, славје на плоштад, се пееше "одврзиго Спиро ќесето"

заврши првенството и почна да се склопва тимот за лига шампиони, се врати Шандор Ходик, се постигна пред договор со Мојсо и се случва една работа кој никој не ја очекуваше и го мена текот на многу работи, затоа викам таа 99/00 е клучна. Една недела откако заврши првенството во Кале играт Кометал Ѓорче со Хипо финале, го губи Ѓорче првото финале и на доделувањето на медалите еден од гледачите го нокаутире Гунар Прокоп тогашен висок претставник на Хипо, добивме суспензија од EHF 1 година да не играме европски натпревари, репрезентацијата беше казнета за баражо, двата натпревари со Исланд да ги игра во Рејкевик и наместо да играме лига на шампиони ние буквално се распаднавме како тим, Лазаров во Загреб,Марковски во Меткович, Раде Стојановиќ замина, Зарков во Грција, Аљушо мислам во Вардар дека замина, Ходик се откажа од трансферо, Петар Мисовски замина и тој, остана само Ќире Поповски кој за жал ги скина лигаментите на полусезона и ја имавме една од послабите сезони до тогаш во историјата на клубо, се пласиравме Челинџ. Муабето мие да небеше таа случка во Скопје гарант ќе земевме 3/4 титули, можи и кариерата на Лазаров ќе одеше во друг правец

. Комити треба споменик да му направат на ликот, му ја испрај сезоната наредните 10 години. Околу ова сакам да спомнам дека наводно и зато Трифун поможи сезоната 2005 да биди спонзор на Пелистер како вратка за таа година, ја чуствуваше како своја вина, муабето беше да го врати Пелистер каде шо требаше во лига на шампиони и потоа Спиро сам да најди спонзори. Потоа излезе фамозниот Лук Оил и она позната статија во Дневник Пелистер "ни лук јал ни лук мирисал"

другото е потаму 18 депресивни години.........
Се извинувам за гњавењето, нека седи тука како мое паламудење
Во продолженије слики од 5-тата титула 2000-та