Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми е јасно како е можно екипа од врвно ниво вака ужасно да брани прекини.
Било каков прекин нас ни представува проблем.

Во моментов кога го примивме голот ние имавме 5 штопери на терен заедно со Делап па ете и Сантос е висок и снажен имавме повеќе од потребна висина и снага да го контролираме воздушниот простор.
Што е бизарно во целава ситуација примарните мети од кои доаѓаше најголема опасност беа лошо маркирани и дојдоа до чист простор да шутираат покрај голот имаа уште една шанса за победа.

И порано сме имале црвени картони па сме контролирале простор и не сме примиле гол без разлика дали било дома или гости.
Сега од како ќе добијат црвен картон се случува тотален колапс на играта.
 
Тоа што Санчез имаше неколку одлични одбрани ни ја заматува претставата за него. Точно е дека е подобрен во некои сегменти, ама командата над одбраната е катастрофална.

Се губат на моменти кога има некоја промена. Го снема Фофана (заради негова глупост) и одма се распаднаа позади.

Затоа вестите за Мурило и општо за стопери ми се одлични.

Одбраната е полна со лузери, единствен стабилен стопер ни е ... никој.

Немаме стабилност во одбраната, очекуваме секој момент дека некој од одбраната дека ќе направи глупост, ќе се исклучи на момент, лошо ќе изреагира или ќе е повреден 80% од натпреварите.

Страшно.

Фофана и Колвил се стопери од втор ранг, не треба да се стопери што се прв состав во Челзи. Не дека стопер ќе среди се, ама стабилен стопер би ја подигнал играта позади на повисоко ниво, па и ако се погоди подобар голман со авторитет...

Исто гледам Ендрик се спомнува. Би сакал да го видам во Челзи, со Естевао, Палмер, Жоао како ќе бушат напред.

Исто мора да се спомне Палмер, 4 бодови можеше да ни донесе без проблем, не е дека заради него ги изгубивме, ама со Лидс имаше страшен љуф во 90+ и сега со Барнли заеба неколку шанси со тоа што изгледаше многу ноншалантно.
 
Додека Сити прави трансфери од калибар на Донарума, Гуехи и Семењо ние го крпиме составот со Сар.
Во ерата на Абрамович тие играчи ќе беа наши.

Но пак статистички ова ни е 8 или 9 црвен картон сезонава, 17 бодови загубени после водство збори многу за тоа колку сме лоши карактерно како екипа.
 
Додека Сити прави трансфери од калибар на Донарума, Гуехи и Семењо ние го крпиме составот со Сар.
Во ерата на Абрамович тие играчи ќе беа наши.

Но пак статистички ова ни е 8 или 9 црвен картон сезонава, 17 бодови загубени после водство збори многу за тоа колку сме лоши карактерно како екипа.
Мики ван дер Вен го имам спомнато едно 50 пати. Ако можат да го земат ќе биде големо засилување во одбраната.

На 442 има статија дека со Ромеро се незадоволни и сакаат да си одат на крај на сезона.

Остај што сега платата му е 90к, кај нас еден Тосин братскиот зема 120к.

Одма би му дал понуда 120к-150к. Ама мислам дека многу клубови ќе се вртат околу него и Бергвал па не верувам дека Челзи со оваа политика би имале шанса.
 
Сар и Хато во 4ката позади. Не сум оптимист за утакмицава.
 
Мислам дека може да се поздравиме со 5то место. Крш ќе биде финансиски наредна сезона.
Очекувам да заминат некои битни играчи.
 
Секако, гол примен од корнер.
Автоматски споено мислење:

Рајс му прави зафат на Хато и со рака ја исфрли. Како ова не е пенал???
 
Последно уредено:
najslabiot golman vo istorijata na premier ligata e sanchez polos nemam videno
 
Многу глуп потег на Педро Нето ако знае дека има жолт.
 
Па црвен

Што се дешава во клубов
Автоматски споено мислење:

Глуп непотребен фаул

Пак за 5 мин губиме натпревари, глупи грешки, пад на концентрацијата не чинат многу поени сезонава.
 
Мислам дека може да се поздравиме со 5то место. Крш ќе биде финансиски наредна сезона.
Очекувам да заминат некои битни играчи.

Ми излезе некоја статија пред некој ден, Челси дебело смета на приходите од ЛШ, и доколку не ја фатат, ке бидат дебело афектирани. За утакмицава, до пред вториот гол на Арсенал, сметав дека ке извадите нешто, зашто бевте во налет.
 
Санчез беше изгубен во простор цела утакмица, мораше подобро да реагира кај корнерите.
Џабе он што ќе одбрани некој линиски зицер кога самото негово присуство никако не придонесува со самодоверба кај играчите.

Огромна недисциплина владее во тимот, еден куп голови примивме од прекини, глупи непотребни фаули кои придонесуваат со искључување и тоа се повторува од утакмица во утакмица.

Искрени да бидеме не заслуживме сезонава да бидеме во првите 5 места, ниту пак заслуживме лани да бидеме во лига на шампиони.

Во прилог лани ни беше што и другите тимови беа тапа, сега е поинаку.

Само се надевам дека нашиве ќе се свестат на време дека политика на Брајтон никогаш нема да ни донесе успех во тимов, додека се уште има време и не е прекасно.
 
Ми излезе некоја статија пред некој ден, Челси дебело смета на приходите од ЛШ, и доколку не ја фатат, ке бидат дебело афектирани. За утакмицава, до пред вториот гол на Арсенал, сметав дека ке извадите нешто, зашто бевте во налет.
Ќе допрат дно. Мислам дека доста непрофитабилен проект ќе им биде клубов и ќе го шитнат на крај. Незнам ни зошто го купија. На фудбалски план нула разбирање. Ако знаат што е офсајд овие ја стапов ќе го исечам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom