Навивачки групи на подрачјето на бивша СФРЈ

  • Креатор на темата Креатор на темата RedStarFan
  • Време на започнување Време на започнување
taka ziveat oni gledas i se bodat se ubivaat ne se normalni realno divjaci se ama za toa se i strav i trepet niz svetov i imaat golema pocit
Предлогот ти е дека за оваа сцена да оди скалило погоре, треба да се боде и убива во Македонија? Малку закаснет пубертет ми е муабетов.

Таа желба некој да сака да е перцепиран како заебан постои сегде, некоја средношколска фантазија за восхит во маало (крими-џими култура). Мислам дека испод сето тоа е страв од понижување и желба за уважување, али на промашен начин. Дека луѓе неможат да спијат ради Делије/Гробари, тоа се филмови. Реално, повеќе се фаќа сеир и посматра, али најголем број на луѓе не се замараат. Жално е што доста дечки во Србија го плаќаат цехот (убиени или осакатени ради докажувања, затвори лежење, пропаднати генерации). Зборот ми е дека има боље начини за израз на машкост и за муда покажување.

Има такви момци и кај нас, на улица ги тапшаат по рамо ликови као еј ама си заебан, ама си луд, али после сами си ги лежат проблемите и тие што се сскачи околу нив кога ќе паднат ги снемува. Има што да се учи од тифо сцената во Србија и Хрватска (конзистентност, бројност, оргиналност, другарство) али има и многу примери за како не треба. Не викам дека треба утре сите монаси да станат, али да се иде во здрава насока на ривалство и полни стадиони. Ние сме ја имале таа среќа да солиден дел од постарите тифо момци околу нас биле солидни, имале здрав живот надвор од трибина, и оставиле добар пример за како треба на нас што сме биле помлади. Не биле сите во Ал Капоне филмови, и реално тоа е здраво за друштво.

не дај боже некоја група да доживее 100 луѓе да се затворени, тоа би било крај, не само што ќе нема човек кој да застане на трибина, освен некои преостанати деца, туку и како родител после би го пуштил детето на трибина каде што 100 луѓе направиле сериозна беља и се зад решетки? Почнува добропозната медиумска хајка и медиумски прогон. Секој родител со 2 грама памет, па дури и поранешен навивач да е, ќе крене рачна тука.
Од лично искуство, +1 на ова. :D
 
Предлогот ти е дека за оваа сцена да оди скалило погоре, треба да се боде и убива во Македонија? Малку закаснет пубертет ми е муабетов.

Таа желба некој да сака да е перцепиран како заебан постои сегде, некоја средношколска фантазија за восхит во маало (крими-џими култура). Мислам дека испод сето тоа е страв од понижување и желба за уважување, али на промашен начин. Дека луѓе неможат да спијат ради Делије/Гробари, тоа се филмови. Реално, повеќе се фаќа сеир и посматра, али најголем број на луѓе не се замараат. Жално е што доста дечки во Србија го плаќаат цехот (убиени или осакатени ради докажувања, затвори лежење, пропаднати генерации). Зборот ми е дека има боље начини за израз на машкост и за муда покажување.

Има такви момци и кај нас, на улица ги тапшаат по рамо ликови као еј ама си заебан, ама си луд, али после сами си ги лежат проблемите и тие што се сскачи околу нив кога ќе паднат ги снемува. Има што да се учи од тифо сцената во Србија и Хрватска (конзистентност, бројност, оргиналност, другарство) али има и многу примери за како не треба. Не викам дека треба утре сите монаси да станат, али да се иде во здрава насока на ривалство и полни стадиони. Ние сме ја имале таа среќа да солиден дел од постарите тифо момци околу нас биле солидни, имале здрав живот надвор од трибина, и оставиле добар пример за како треба на нас што сме биле помлади. Не биле сите во Ал Капоне филмови, и реално тоа е здраво за друштво.

Од лично искуство, +1 на ова. :D
Jas ne znam kaj kazav deka e ok toa ama ti si znaes i zaprasaj se dali jas zakasnet pubertet ili ti imanje problem da go sfatis pishanoto moe. I ova se sto kaza ok e profesore, samo daj nekoj primer kako na primer koe zdravo rivalstvo? Odbojka zheni Slovenija Fuzhinar protiv Krka?
 
Последно уредено:

Моја грешка ако лошо сум те разбрал. :pivo2:За здраво ривалство имаш кај повеќето во регионот. И кај Делије, Гробари, и во наши групи има тифо глави што не живеат за ривалите, него за својот клуб и групата. Дури и кај хули-екипи, има дечки што може да се сретнат на улица, па да пијат пиво после тоа.

Ако сакаш да видиш каде важен дел од луѓе кај тие први постави на Делије и Гробари одат од тифо во некоја квази-крими/квази-државна гранка, можеш да прочиташ за Ултра Коп (нова градежна компанија водена од луѓе од Делије што добива милионски тендери од влада во Србија) или врска меѓу Јаничари и МВР во Србија по тоа што е објавено од Крик на пример. Ми нема сенс како некој со 30+ или 40+ кривични е на слобода освен ако не е под капа на власт (а такви примери има и кај двете групи). Тоа на пример овде го нема, без разлика колку и да е мала оваа сцена по бројност.
 
Малце ретро, неколку нереални гледки:
1. Звездаши, со Хајдуковци и Партизановци на иста трибина.
2. Командо (Гробари) - обезбедување на трибина 10/10
3. Гробари во Осијек (1985/6) - воџа на Гробари (Пампи) со Хајдук Сплит капа и по некој Звездаш на трибина.
4. Вардар - ОФК Београд (1990/1)
5. Динамо - Хајдук - Торцида Загреб и Торцида Сплит (1993)
638768617_1225886653064261_7448707403388869745_n.jpg506607575_24171453942452555_8539133870942718678_n.jpg586509146_842585911813392_873523593728142181_n.jpg
640515030_912242831514366_7976923022467698974_n.jpg
641365086_914791654592817_8217998068760922629_n.jpg
 
Последно уредено:
Со овие слики и снимката од лигавењето на цел Пољуд кога јавуваат за смртта на Тито, комотно може да ја закопаш денешната Торцида со мнозинство членови кои се чукаат во гради дека се големи националисти, величаат усташи и извикуваат нивни поздрави на трибина.
Капак на ова им е грбот на клубот кој 50 години имал петокрака поголема од таа на Ѕвезда и Партизан заедно.

Да не збориме дека и во Далмација за време на Втората светска војна луѓето биле антифашистички настроени, биле формирани 10 далматински бригади и имало масовно приклучување кон партизаните, околу 30.000 до 35.000 партизани од Далмација поминале низ редовите на народно ослободителната војска, се проценува дека отприлика 10.000 од нив загинале за време на војната.

За денес нивните внуци да се срамат од жртвата што ја дале дедовците и да тетовираат кукасти крстови на гради, мислејќи дека тоа е голем патриотизам.
 
Со овие слики и снимката од лигавењето на цел Пољуд кога јавуваат за смртта на Тито, комотно може да ја закопаш денешната Торцида со мнозинство членови кои се чукаат во гради дека се големи националисти, величаат усташи и извикуваат нивни поздрави на трибина.
Интересно време. Од таа перспектива, и кај Гробари има застави од Дража Михајлович, кај Делије има застави Четници Север, а клубовите им се викаат Звезда и Партизан. И БББ што градат ултра-десно имиџ, се со петокрака на гостовање на Маракана 1988:

Во главном до средина на 80ти, на стадионите едвај има полиција, има маса народ, али генерално е лабаво (повеќе се иде ради спорт како хепенинг), наивно време. После средина на 80ти, влегува политика и остатокот го знаеме.
 
Како се менувале времињата и политиката така и навивачките групи само го прателе трендот.
Дел од членовите менувале страни заради помодарство, некои од бизнис причини, лични интереси, влегување во политика и многу други работи, затоа денес имаме случаи каде од најголеми Југословени некои стануваат најголеми четници или усташи.

На пример Владимир Шавија, еден од најпознатите членови на Делије, на првата слика од пред некоја година носи маица четници север, на видеото подолу од 1990 година, истиот тој Шавија е дојден на натпревар на Ѕвезда со знаме на Југославија.
Затоа и на крајот доаѓаме до слики што делуваат смешно, како таа најдоле, каде знамето со Дража е одма до грбот на Ѕвезда со црвена петокрака.

Screenshot_20260226_174424_Chrome.jpg

images (8).jpeg

Не знам колку може и да им се замери на луѓето, во последните 30 години имаат доживеано торнадо од нови информации, политики, идеологии, еден куп лидери кои ги лажеле низ годините, нови држави, симболи, националистички песни, војни, санкции, тешки времиња...
Едноставно да не знае човек во што да верува и која страна да ја поддржи.
 
Последно уредено:
Смешно е да се дебатира за обележја на трибините во 80-тите, тогаш било каша - попара, се идело со што најдеш, било какви спортски... дресови/шалови/знамиња... посебно кај нас кога гледаш постари слики било врхунац.. дресови ѕвезда,селтик, јувентус... и ден денес многу клубови немаат свој фан шоп,а и тие што ги имаат подобро и да не се брукаат. Во 2026-та да нема кај да купиш знаме од својот клуб... па така народ сеушѕе оди со вентилатори на клупски утакмици..
 
Денес Делије извадија една од најдобрите кореографии извадена на овие простори, колку труд и време треба за ова да се направи,браво.
 
Денес Делије извадија една од најдобрите кореографии извадена на овие простори, колку труд и време треба за ова да се направи,браво
Колку труд и време е потрошено за ова да се направи?
 
povise od 2 saata nema.
И тоа е многу. Ја мислам дека за ова не треба ни припрема, влагаш и на лице место сама се подига ваква кореографија сосе белките на очите на светецот...
 
FB_IMG_1772135380943.jpg
Автоматски споено мислење:

И тоа е многу. Ја мислам дека за ова не треба ни припрема, влагаш и на лице место сама се подига ваква кореографија сосе белките на очите на светецот...
Уживај не ти ја сфати поентата, се согласи со тебе и ти лајкна ахахаххаха.......абе не се заебавајте на бројката од трибина што и да понудиш изведбата е најбитна џабе ке обележиш и поставиш нешто ако некој дошол да изиграва лудило и преместува или не постапува по инструкции од тие што испланирале нешто џабе е се паѓа во вода така да не е баш лесно ова, кореографијата е чиста 10ка и точка.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom