- Член од
- 6 декември 2025
- Мислења
- 1
- Поени од реакции
- 0
Здраво дечки,
Кое е вашето мислење за идејата дел од балканските држави како Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија во евентуален пакет со Украина (можеби и Молдавија) да влезат во политичкиот и економски систем на ЕУ без право на глас?
Во документите на ЕУ не постои статус на членство без право на глас, или асоцијативно членство или земја-набљудувач. Во исчекување на новиот нон-пејпер на еврокомесарката за проширување Марта Кос најавен оваа пролет, Брисел за брза интеграција на Украина во унијата, може во 2027 година да дозволи прием на Украина, Црна Гора, Македонија и Албанија без да имаат право на глас.
Македонија сè уште официјално не ги почнала преговорите поради барањето за уставни измени, што најверојатно и во овој нов документ ќе останат како услов за придвижување напред кон ЕУ. Тогаш се поставува прашањето зошто за иста цена би прифатиле послаба награда.
Од 2022-ра, ЕУ постепено ги приклучува земјите-кандидатки за време на пристапниот процес за што го создаде и Планот за раст за поддршка на реформите.
извор: МРТ